Светско првенство во фудбал 1998

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Светско првенство во фудбал 1998
Coupe du Monde - France 98
Официјално лого
Податоци за првенството
ЗемјаФранција Франција
Екипи32
Финални резултати
Прво место Gold medal blank.svg Франција (1. титула )
Второ место Silver medal blank.svg Бразил
Трето место Bronze medal blank.svg Хрватска
Четврто место Холандија
Статистики на првенството
Број на натпревари64
Постигнати голови169 (2.64 по натпревар)
Гледачи2.784.687 (43.511 по натпревар)
ГолгетерХрватска Давор Шукер (6 гола)
Најдобар играчБразил Роналдо
Најдобар млад играчАнглија Мајкл Овен
Најдобар голманФранција Фабиен Бартез
Фер плеј награда Англија
 Франција
1994
2002


Светското првенство во фудбал 1998 година било 16-то Светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кои ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година. Земјата-домаќин била избрана од страна на ФИФА по втор пат во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Мароко во процесот на наддавање. Така, Франција добила можност вторпат да го организира првенството (првиот бил во 1938 година), а по деветти пат тој се одржал во Европа. Ова било првото Светско првенство што се одржало под претседателство на Сеп Блатер. Со времетраење од 32 дена, ова бил најдолгиот мундијал во историјата.

Квалификациите започнале во март 1996 и завршиле во ноември 1997. Ова првенство било првото на кое групната фаза била проширена од 24 на 32 екипи, со осум групи од по четири екипи. Вкупниот број натпревари на турнирот биле 64, кои се одиграле на 10 стадиони во 10 градови домаќини, а воведниот и завршниот натпревар биле одиграни на новоизградениот Стад де Франс, во Сен Дени.

Титулата на ова првенство му припаднала на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето го победила Бразил со резултат 3-0. Тоа била прва титула за Франција, со што тие станале седма земја која триумфирала на Светското првенство во фудбал и шесттата нација на која тоа и успеало на домашно тло (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).

Изборот на домаќин[уреди | уреди извор]

Одлуката за организаторот на светското првенство била донесена во јули 1992 година. Кандидати за организација на светското првенство биле: Франција, Мароко и Швајцарија. Во Цирих на 1 јули 1992 година, ФИФА и го доделила организаторството на Франција. Франција во гласањето го победила Мароко со 12 гласа наспроти 7. Швајцарија не ги исполнила потребните барања па поради тоа не била вклучена во гласањето.[1]

Резултати од гласањето[2]
Држава Рунда 1
Франција Франција 12
Мароко Мароко 7

Квалификации[уреди | уреди извор]

Од вкупно 174 репрезентации колку се пријавиле за учество на светското првенство, 172 учествувале во квалификациите за завршниот турнир додека само Франција како организатор на турнирот и Бразил како актуелен шампион имале обезбедено учество на светското првенство. Останатите 30 репрезентации учеството го обезбедиле преку квалификациите.

Четири репрезентации за првпат се квалификувале на Светско првенство во нивната историја: Хрватска, Јамајка, Јапонија и Јужноафриканска Република. Иран и Тунис се квалификувале на СП по првпат после 1978 година, додека Парагвај и Данска првпат се квалификувале по 1986 година. Домаќинот Франција, исто така, се вратил на завршницата на светските првенства по 12 години (ги пропуштиле претходните две првенства). Меѓу поквалитетните репрезентации кој не успеале да се пласираат на првенството биле: Уругвај (кој пропуштиле второ првенство по ред) како и трето пласираната репрезентација на Светското првенство 1994 во САД - репрезентацијата на Шведска. Русија не успеала да се квалификува на првенството за првпат по 1978 година. Највисоко рангираната екипа што не се квалификувала била Чешка (рангирана на 3. место), додека најниско рангираната екипа која се квалификувала била Нигерија (рангирана на 74. место).

Квалификувани репрезентации и начин на квалификување[уреди | уреди извор]


Репрезентација Се квалификвале како: Дата на квалификување Конфедерација Број на настапи Последно учество
на СП
Најголем успех
на СП
 Франција Домаќин 1 јули 1992 УЕФА 10 1986 Трето место (1958, 1986)
 Бразил Бранител на титулата 17 јули 1994 КОНМЕБОЛ 16 1994 Победник (1958, 1962, 1970 и 1994)
 Мароко Победник на групата Е во втората рунда на КАФ квалификациите 26 април 1997 КАФ 4 1994 Осминафинале (1986)
 Тунис Победник на групата Б во втората рунда на КАФ квалификациите 8 јуни 1997 КАФ 2 1978 Групна фаза (1978)
 Јужна Африка Победник на групата Ц во втората рунда на КАФ квалификациите 16 август 1997 КАФ 1 - -
 Камерун Победник на групата Д во втората рунда на КАФ квалификациите 17 август 1997 КАФ 4 1994 Четвртфинале (1990)
 Норвешка Победник на групата 3 во УЕФА квалификациите 20 август 1997 УЕФА 3 1994 Осминафинале (1938)
 Романија Победник на групата 8 во УЕФА квалификациите 20 август 1997 УЕФА 8 1994 Четвртфинале (1994)
 Холандија Победник на групата 7 во УЕФА квалификациите 6 септември 1997 УЕФА 7 1994 Финале (1974 и 1978)
 Аргентина Победник на КОНМЕБОЛ квалификациите 10 септември 1997 КОНМЕБОЛ 12 1994 Победник (1978 и 1986)
 Австрија Победник на групата 4 во УЕФА квалификациите 10 септември 1997 УЕФА 7 1990 Трето место (1954)
 Бугарија Победник на групата 5 во УЕФА квалификациите 10 септември 1997 УЕФА 7 1994 Четврто место (1994)
 Шпанија Победник на групата 6 во УЕФА квалификациите 24 септември 1997 УЕФА 10 1994 Четврто место (1950)
 Мексико Победник на 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите 5 октомври 1997 КОНКАКАФ 11 1994 Четвртфинале (1970 и 1986)
 Нигерија Победник на групата А во втората рунда на КАФ квалификациите 8 октомври 1997 КАФ 2 1994 Осминафинале (1994)
 Данска Победник на групата 1 во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 2 1986 Осминафинале (1986)
 Англија Победник на групата 2 во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 10 1990 Победник (1966)
 Германија[б 1] Победник на групата 9 во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 14 1994 Победник (1954, 1974, 1990)
 Шкотска Најдобра второпласирана репрезентација во УЕФА квалификациите 11 октомври 1997 УЕФА 8 1990 Групна фаза (7 пати)
 Парагвај Второпласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 12 октомври 1997 КОНМЕБОЛ 5 1986 Осминафинале (1986)
 Колумбија Третопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 12 октомври 1997 КОНМЕБОЛ 4 1994 Осминафинале (1990)
 Јужна Кореја Победник на групата Б во втората рунда на АФК квалификациите 18 октомври 1997 АФК 5 1994 Групна фаза (1954, 1986, 1990 и 1994)
 САД Второпласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите 9 ноември 1997 КОНКАКАФ 6 1994 Трето место (1930)
 Јамајка Третопласирани во 4. круг на КОНКАКАФ квалификациите 9 ноември 1997 КОНКАКАФ 1 - -
 Саудиска Арабија Победник на групата А во втората рунда на АФК квалификациите 12 ноември 1997 АФК 2 1994 Осминафинале (1994)
 Хрватска Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 1 - -
 Италија Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 14 1994 Победник (1934, 1938, 1982)
 Белгија Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 10 1994 Четврто место (1986)
 СР Југославија Победник во втората рунда на УЕФА квалификациите 15 ноември 1997 УЕФА 1 - -
 Чиле Четвртопласирани во КОНМЕБОЛ квалификациите 16 ноември 1997 КОНМЕБОЛ 7 1982 Трето место (1962)
 Јапонија Победник на плејофот во АФК квалификациите 16 ноември 1997 АФК 1 - -
 Иран Победник на плејофот АФК-ОФК 29 ноември 1997 АФК 2 1978 Групна фаза (1978)
  1. До 1990 година учествувале како Западна Германија.

Квалификувани репрезентации по конфедерации[уреди | уреди извор]

Следниве 32 репрезентации, се квалификувале за Светското првенство.

АФК (4)
КАФ (5)
ОФК (0)
  • Нема квалификувани

КОНКАКАФ (3)
КОНМЕБОЛ (5)

УЕФА (15)

  Репрезентации кои се квалификувале
  Репрезентации кои не се квалификувале
  Репрезентации кои не учествувале
  Земји кои не се членки на ФИФА

Ждрепка[уреди | уреди извор]

Германија, Италија, Аргентина, Шпанија, Романија и Холандија биле поставени за носители, заедно со бранителот на титулата Бразил и домаќинот Франција.

За првпат во историјата извлекувањето на групите било изведено на фудбалски стадион - тоа бил стадионот Велодром во Марсеј, на 4 декември 1997 година.

Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4

Краток преглед на првенство[уреди | уреди извор]

форматот на натпреварување на првенството бил поинаков од оној на Светското првенство 1994 година бидејќи се натпреварувале 32 репрезентации наместо претходните 24. 32-те репрезентации биле поделени во осум групи од по четири тима. Победниците на групите, како и второпласираните продолжувале понатаму во осминафиналето. За разлика од првенствата кој се одржале во периодот помеѓу 1986 и 1994 година на овој турнир не постоела можност третопласираните тимови да поминат понатаму. Почнувајќи од ова првенство, репрезентациите морале да патуваат на својте натпревари во групната фаза на натпреварувањето, бидејќи различни стадиони во различни градови биле домаќини на групите.

Исто така било уведен и правилото "златен гол" кое се применувало во случај кога регуларниот дел од натпреварот ќе завршел нерешено. Покрај тоа бил уведн и електричниот семафор со кој четвртиот судија го покажувал надополнетото време и замените.

Турнирот бил отворен со натпреварот меѓу Бразил и Шкотска која завршила со победа на бранителот на титулата со 2-1. Норвешка го напрвила најголемото изненадување во групата А со победа над Бразил со 2-1, постигнувајќи два гола во завршницата од натпреварот за пресврт. И двете репрезентации без проблеми поминале понатаму без проблеми. Италија без проблеми го освоила првото место во групата Б, а пак на Чиле му биле доволни и сите три нерешени натпревари за да помине во нокаут-фазата. Откако пред четири години во финалето на претходното првенство, го промашил клучниот пенал сега Роберто Баџо ја спасил Италија од пораз против Чиле за конечни 2-2.

Франција сигурно го освоила првото место во групата Ц, иако Зинедин Зидан во натпреварот против Саудиска Арабија (завршила 4-0 за Фрацузите) заработил црвен картон кој му донел два натпревари суспензија. Од таа група како второпласирана понатаму поминала Данска. Нигерија била изненадувачки победник во групата Д (т.н. група на смртта), додека Шпанија била најголемото разочарување на турнирот неуспевајќи да ја помине групната фаза. Нигерија ги победила со 3-2 во фантастичен натпревар, а понатаму поминала и селекцијата на Парагвај.

Од групата Е понатаму поминале репрезентациите на Холандија и Мексико. Мексико во двата натпревари во кој одиграл нерешено се спасувал од пораз но и тоа било доволно за да помине понатаму. Германија и Југославија многу лесно поминале понатаму во групата Ф.

Благодарение на голот пред крајот на натпреварот, Романија ја победила Англија со резултат 2-1 и на тој начин го осигурала првото место во групата Г, пред Англија. Аргентина со три победи го освоила првото место во групата Х, пред Хрватска која завршила како втора.

Во осминафиналето Италија ја победила Норвешка со резултат 1-0, додека Бразил убедливо го совладал Чиле со 4-1. Лоран Блан станал првиот играч во историјата на светските фудбалски првенства кој постигнал "Златен гол", со кој ја однел Франција во четвртфиналето, откако ја елиминирале селекцијата на Парагвај (1-0 по продолженија) во оваа фаза. Данска неочекувано лесно ја победила Нигерија со 4-1. Понатаму поминала и репрезентацијата на Германија која направила пресврт против Мексико за да победи со 2-1, а со истиот резултат Холандија била подобра од Југославија. Хрватска благодарение на голот од белата точка на Давор Шукер ја победила Романија со 1-0 и така изборила место во четвртфиналето. Најинтересниот натпревар во осминафиналната фаза го одиграле селекциите на Аргентина и Англија. Регуларниот дел од натпреварот завршил нерешено со резултат 2-2 (во првите 10 минути биле досудени два контроверзни пенали за двете репрезентации, а подоцна тогаш осумнаесетгодишниот Мајкл Овен бил стрелец на неверојатен гол за 2-1 за Англија, но пред крајот на првото полувреме Занети израмнил на 2-2). Натпреварот го одбележил инцидентот по кој Дејвид Бекам бил исклучен за удирање на противничкиот играч Диего Симеоне. Меѓутоа, и покрај тоа што имале играч помалку, Англичаните играле многу храбро и биле разочарани кога им бил поништен погодок кој го поостигнал Сол Кембел во продолженијата, за наводн прекршок над аргентинскиот голман. На крајот Аргентина победила по изведувањето на пенали (вкупен резултат 6-5) и станала последниот четвртфиналист.

Четвртфиналето донело дуел меѓу Франција и Италија во кој не бил виден ниту еден гол (0-0 по 120 минути игра), па одлучувале пеналите каде домаќинот на турнирот бил подобар со 4-3. Одлучувачка била 5-тата серија кога ударот на Лујџи Ди Бјаџо завршил во пречката. Во многу возбудлив и интересен натпревар, фаворитот Бразил накрајот сепак успеал да ја победи Данска со резултат 3-2, а Хрватска го направила највероватно најголемото изненадување на ова светско првенство победувајќи ја Германија со високи 3-0. Бидејќи Германија испаднала во четвртфиналето и на претходното првенство, ова било првпат во нивната репрезентативна историја да неуспеат да стигнат до четирите најдобри селекции на две првенства по ред. Натпреварот меѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина бил многу груб и насилен; Холанѓаните играли со играч помалку на теренот откако Артур Нуман бил исклучен во 76-тата минута за опасен старт над Диего Симеоне. Подоцна во натпреварот, и аргентинскиот репрезентативец Ариел Ортега заработил црвен картон за неспортско удирање на холандскиот голман Едвин ван дер Сар. Тоа скапо ја чинело Аргентина, и неколку минути по исклучувањето на Ортега, Денис Бергкамп постигнал одличен погодок и со резултат 2-1 ја однел својата земја во полуфиналето на турнирот.

Во полуфиналето Патрик Клајверт постигнал доцен изедначувачки погодок за Холандија (1-1) па нивниот натпревар против Бразил отишол во продолженија, а бидејќи таму немало голови натпреварот бил одлучен на пенали во кој бранителот на трофејот бил подобар. Во финалето им се придружиле Французите кој благодарение на двата гола на нивниот одбранбен играч Лилијан Тирам стигнале до пресврт од 0-1 до 2-1 и победа во полуфиналето над Хрватска. Интересно е тоа што за Тирам ова биле неговите први голови во неговата репрезентативна кариера, а и останале единствените на неговата сметка кога тој решил да се повлече од националниот дрес во 2008 година. Во натпреварот за третото место Хрвтска ја победила со 2-1 Холандија и на тој начин го комплетирала своето деби од соништата на светските првенства (како самостојна држава).

Првпат во историјатот на Светските првенства во финалето играле бранителот на титулата и домаќинот на првенството. Веќе по крајот на првото полувреме Францција имала убедливо водство по двата гола на Зинедин Зидан постигнати со глава (во 27. минута и во судикото продолжение од првото полувреме). Во вториот дел, Емануел Пети само го докрајчил Бразил со погодок во судиското продолжение од второто полувреме комплетирајќи ја убедливата победа на својата репрезентација над шампионот од претходното првенство. Била тоа прекрасна вечер за домаќинот на првенството. Проценето е дека милион луѓе излегле на улиците во Париз за да ја прослават победата сè до раните утрински часови. Франција со ова станала седма држава на која и пошло од рака да го освои светското фудбалско првенство, придружувајќи им се на Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија и Аргентина.

За време на првенството Франција примила само два гола - рекорд кој подоцна бил изедначен од Италија (во 2006) и Шпанија (во 2010). Најдобар стрелец на турнирот бил хрватскиот напаѓач Давор Шукер (со 6 гола) кој постигнал гол на секој натпревар за неговата репрезентација (освен во групата против Аргентина кој завршил 0-1 во корист на Аргентинците). За најдобар играч на турнирот бил прогласен бразилскиот напаѓач Роналдо.

Официјална песна на турнирот била "The Cup of Life" во изведба на Рики Мартин, а официјална химна на првенството била "La Cour des Grands" во изведба на Јусу Н'Дур и Аксел Ред.

Стадиони[уреди | уреди извор]

Турнирот се играл на 10 различни стадиони:

Сен Дени Марсеј Париз Лион
Стад де Франс Велодром Паркот на принцовите Жерлан
48°55′28″N 2°21′36″E / 48.92444° N; 2.36000° E / 48.92444; 2.36000 (Stade de France) 43°16′11″N 5°23′45″E / 43.26972° N; 5.39583° E / 43.26972; 5.39583 (Stade Vélodrome) 48°50′29″N 2°15′11″E / 48.84139° N; 2.25306° E / 48.84139; 2.25306 (Parc des Princes) 45°43′26″N 4°49′56″E / 45.72389° N; 4.83222° E / 45.72389; 4.83222 (Stade de Gerland)
Капацитет: 80,000 Капацитет: 60,000 Капацитет: 48,875 Капацитет: 44,000
Finale Coupe de France 2010-2011 (Lille LOSC vs Paris SG PSG).jpg Vue du virage Depé.jpg Paris-Parc-des-Princes.jpg Stade-Gerland-RWC2007.JPG
Ланс
Стад Феликс Боларт
50°25′58.26″N 2°48′53.47″E / 50.4328500° N; 2.8148528° E / 50.4328500; 2.8148528 (Stade Félix-Bollaert)
Капацитет: 41,300
Stade Felix-Bollaert.jpg
Нант
Стад де ла Божоар
47°15′20.27″N 1°31′31.35″W / 47.2556306° N; 1.5253750° W / 47.2556306; -1.5253750 (Stade de la Beaujoire)
Капацитет: 39,500
Stade de la Beaujoire.jpg
Тулуза Сент-Етјен Бордо Монпеље
Стад де Тулуза Стад Жофроа Гишар Парк Лескјур Стад де ла Мосон
43°34′59.93″N 1°26′2.57″E / 43.5833139° N; 1.4340472° E / 43.5833139; 1.4340472 (Stadium de Toulouse) 45°27′38.76″N 4°23′24.42″E / 45.4607667° N; 4.3901167° E / 45.4607667; 4.3901167 (Stade Geoffroy-Guichard) 44°49′45″N 0°35′52″W / 44.82917° N; 0.59778° W / 44.82917; -0.59778 (Parc Lescure) 43°37′19.85″N 3°48′43.28″E / 43.6221806° N; 3.8120222° E / 43.6221806; 3.8120222 (Stade de la Mosson)
Капацитет: 37,000 Капацитет: 36,000 Капацитет: 35,200 Капацитет: 34,000
Stadium TFC LOSC mai2013 2.JPG Stade-GeoffroyGuichard-RWC2007.JPG Stade Chaban-Delmas.jpg Australie-Fidji.4.JPG

Судии[уреди | уреди извор]

КАФ (5)
АФК (4)

УЕФА (15)

КОНКАКАФ (3)
ОФК (1)
КОНМЕБОЛ (6)

Групна фаза[уреди | уреди извор]

Првите два тима од секоја група се пласираат во осминафиналето.

Сите наведени времиња се според локалното време во Франција, односно Средноевропското време (UTC+1).

  Екипи кои ја поминале групната фаза

Група А[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Бразил 6 3 2 0 1 6 3 +3
2.  Норвешка 5 3 1 0 2 5 4 +1
3.  Мароко 4 3 1 1 1 5 5 0
4.  Шкотска 1 3 0 1 2 2 6 -4






Група Б[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Италија 7 3 2 1 0 7 3 +3
2.  Чиле 3 3 0 3 0 4 4 0
3.  Австрија 2 3 0 2 1 3 4 -1
4.  Камерун 2 3 0 2 1 2 5 -3






Група Ц[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Франција 9 3 3 0 0 9 1 +8
2.  Данска 4 3 1 1 1 3 3 0
3.  Јужна Африка 2 3 0 2 1 3 6 -3
4.  Саудиска Арабија 1 3 0 1 2 2 7 -5






Група Д[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Нигерија 6 3 2 0 1 5 5 0
2.  Парагвај 5 3 1 2 0 3 1 +2
3.  Шпанија 4 3 1 1 1 8 4 +4
4.  Бугарија 1 3 0 1 2 1 7 -6






Група Е[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Холандија 5 3 1 2 0 7 2 +5
2.  Мексико 5 3 1 2 0 7 5 +2
3.  Белгија 4 3 0 3 0 3 3 0
4.  Јужна Кореја 1 3 0 1 2 2 9 -7






Група Ф[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Германија 7 3 2 1 0 6 2 +4
2.  СР Југославија 7 3 2 1 0 4 2 +2
3.  Иран 3 3 1 0 2 2 4 -2
4.  САД 0 3 0 0 3 1 5 -4






Група Г[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Романија 7 3 2 1 0 4 2 +2
2.  Англија 6 3 2 0 1 5 2 +3
3.  Колумбија 3 3 1 0 2 1 3 -2
4.  Тунис 1 3 0 1 2 1 4 -3






Група Х[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Аргентина 9 3 3 0 0 7 0 +7
2.  Хрватска 6 3 2 0 1 4 2 +2
3.  Јамајка 3 3 1 0 2 3 9 -6
4.  Јапонија 0 3 0 0 3 1 4 -3






Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

Момент од полуфиналниот натпревар помеѓу Бразил и Холандија.
Осминафинале Четвртфинале Полуфинале Финале
                           
27 јуни – Париз            
  Бразил  4
3 јули – Нант
  Чиле  1  
  Бразил  3
28 јуни – Сен Дени
    Данска  2  
  Нигерија  1
7 јули – Марсеј
  Данска  4  
  Бразил (п)  1 (4)
29 јуни – Тулуза
    Холандија  1 (2)  
  Холандија  2
4 јули – Марсеј
  Југославија  1  
  Холандија  2
30 јуни – Сент-Етјен
    Аргентина  1  
  Аргентина (п)  2 (4)
12 јули – Сен Дени
  Англија  2 (3)  
  Бразил  0
27 јуни – Марсеј
    Франција  3
  Италија  1
3 јули – Сен Дени
  Норвешка  0  
  Италија  0 (3)
28 јуни – Ланс
    Франција (п)  0 (4)  
  Франција (прод.)  1
8 јули – Сен Дени
  Парагвај  0  
  Франција  2
29 јуни – Монпеље
    Хрватска  1   Трето место
  Германија  2
4 јули – Лион 11 јули – Париз
  Мексико  1  
  Германија  0   Холандија  1
30 јуни – Бордо
    Хрватска  3     Хрватска  2
  Романија  0
  Хрватска  1  

Осминафинале[уреди | уреди извор]









Четвртфинале[уреди | уреди извор]




Полуфинале[уреди | уреди извор]


Натпревар за трето место[уреди | уреди извор]

Хрватска ја победила Холандија и така го изборила третото место на турнирот. Давор Шукер го постигнал победничкиот гол во 35-та минута за да си ја обезбеди златната копачка.[3]

Финале[уреди | уреди извор]

Финалето на првенството се одржало на 12 јули 1998 година на Стад де Франс, во Париз. Французите со 3:0 ги поразиле актуелните бранители на насловот Бразил, а два гола на натпреварот постигнал Зинедин Зидан додека третиот гол длабоко во судиското продолжение бил дело на Емануел Пети. Со ова Франција ја освоила прва светска титула, и станала шестиот репрезентација по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина која го освоил на домашен терен. Тие, исто така, му го нанесле најтешкиот пораз на Бразил од 1930.[4]