Адидас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Адидас
Adidas
Oснована јули 1924; пред 93 години (1924-07) (како Gebrüder Dassler Schuhfabrik)
18 август 1949; пред 68 години (1949-08-18) (како Adidas)[1]
Седиште Херцогенаурах, Германија
Опслужувано
подрачје
Worldwide
Клучни личности
Дејност Apparel, accessories
Производи спортска облека, спортска опрема
Приходи 19.291 милијарди (2016)[2]
Тековен
приход
€1.5 милијарди (2016)[3]
Нето приход €0.72 милијарди (2015)[4]
Вработени 53,731 (2014)[4]
Подружници
Портал adidas-group.com

Адидасмултинационален германски производител на спортска облека и матична компанија на Адидас Групација (Adidas Group), која се состои од компанијата за спортска облека Рибок (Reebok), голф компанија (вклучувајќи ја и компанијата Ашворт (Ashworth)), и Rockport. Покрај спортски обувки, компанијата произведува и други производи како што се чанти, кошули, часовници, наочари и други добра поврзани со спорт и облека. Компанијата е најголемиот производител на спортска облека во Европа и втор по големина производител на спортска облека во светот, по неговиот американскиот ривал Најк[5].

Адидас е основан во 1948 година од страна на Адолф Даслер, по поделбата на компанијата Gebrüder Dassler Schuhfabrik меѓу него и неговиот постар брат, Рудолф Даслер[1]. Рудолф подоцна ја основал компанијата Пума АГ, која на почетокот му била ривал на Адидас. Регистрирана во 1949 година, Адидас во моментов е со седиште во Херцогенаурах, Германија, заедно со Пума АГ.

Облеката и патиките на компанијата се дизајнирани обично со три паралелни линии, и истиот мотив е вметнат во моменталното официјално лого на Адидас[6][7]. Трите линии биле купени од финската спортска компанија Карху Спортс (Karhu Sports) во 1951 година. Приходите на компанијата за 2016 година биле 19,29 милијарди евра[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Aдолф Даслер започнал да произведува свои спортски патики во кујната за миење на мајка му во Херцогенаурах, Баварија, по неговото враќање од Првата светска војна. Во 1924 година, неговиот брат Рудолф Даслер се приклучил на фирма која станала позната како Gebrüder Dassler Schuhfabrik (во превод: Браќа Даслер, фабрика за чевли). Двајцата започнале со својата авантура во пералната на нивната мајка[8], но во тоа време, снабдувањето со електрична енергија во градот било непостојано, и браќата понекогаш морале да ја употребуваат силата на педалот од стационарен велосипед за да може да функционира нивната опрема[9].

Адидас Самба патики

За време на Летните олимписки игри во 1936 година, Ади Даслер возел од Баварија на еден од првите автопати во светот до Олимпиското село со куфер полн со крампонки и го убедувал американскиот спринтер Џеси Овенс да ги користи, што преставува и прво спонзорство за еден Афроамериканец. Одкако Овенс освоил четири златни медали, неговиот успех ја зацементирал добрата репутација на Даслер патиките меѓу најпознатите спортисти во светот. Писма од целиот свет пристигнувале на браќата, и тренерите на другите национални тимови биле исто така заинтересирани за нивните патики. Бизнисот напредувал со брзо темпо и браќата Даслер продавале по 200.000 пара патики годишно, до пред Втората светска војна[10]. Подоцна во текот на Втората светска војна, фабриката за патики се префрлила на производството на противтенковското оружје Панцершрек.

Поделба на компанијата[уреди | уреди извор]

Двајцата браќа се приклучиле кон Нацистичката партија, но Рудолф бил малку поприврзан кон партијата. За време на војната, се поголемиот јаз помеѓу двајцата браќа достигнал критична точка по бомбашкиот напад на сојузниците во 1943 година кога Ади и неговата сопруга се искачиле во засолништата против бомби во кои веќе биле Рудолф и неговото семејство: „валкани гадови, повторно се вратија“, изјавил Ади, очигледно мислејќи на сојузничките воени авиони, но Рудолф бил убеден дека брат му тоа го мислел за него и неговото семејство[11]. Подоцна Рудолф бил земен од американските војници кои го обвиниле дека е член на дивизијата Вафен СС, и бил убеден дека неговиот брат е оној што го предал[9].

Браќата се разделиле во 1947 година[11], притоа:

  • Руди формирал нова фирма која ја нарекол Руда - од Рудолф и Даслер, подоцна ребрендирана во Пума АГ,
  • Ади формирал компанија официјално регистрирана како „адидас АГ“ (со мали букви ) на 18 август 1949 година. Акронимот „Цел ден сонувам за спорт“ (All Day I Dream About Sport), иако понекогаш се смета за потекло на името Адидас , бил применет ретроактивно, што го прави бекроним. Името всушност е кованица формирана од Ади (прекар за Адолф) и Дас (од Даслер)[1].

Аферата Тапи[уреди | уреди извор]

По проблематичниот период, по смртта на синот на Адолф Даслер, Хорст Даслер во 1987 година, компанијата била купена во 1989 година од страна на францускиот индустријалец Бернард Taпи, за 1,6 милијарди франци (денес 243.918.000 евра), кои Taпи ги позајмил[12]. Taпи бил во тоа време познат специјалист за спасување на компаниите под стечај, експертиза со помош на која го создаде своето богатство. Taпи одлучил да го префрли производството во Азија. Тој, исто така ја најмил Мадона за промоција[13]. Тој испратил преставник за продажба на патики од Нов Зеланд во Германија кој се сретнал со потомците на Адолф Даслер (Амелија Рандал Даслер и Бела Бек Даслер) и бил испратен со неколку предмети за да ја промовира таму компанијата.

Во 1992 година, не можјќи да ја плати каматата за заемот, Taпи ја назначил Лионската банката да го продаде Адидас, а банката потоа го претвори заостанатиот долг во капитал во акции на компанијата, нешто што било невообичаено за тогашната француска банкарска пракса. Очигледно, државна банка се обиделе да го ослободи Taпи од големи финансиски потешкотии како лична корист на Taпи, наводно бидејќи Taпи бил градоначалник во француската влада во тоа време.

Во февруари 1993 година, Лионската банката го продавала Адидас на Роберт Луис Дрејфус, пријател на Бернард Taпи за многу повисока сума на пари од онаа што ја должел Taпи, 4.485 милијарди франци (683.514.000 евра) наместо 2.85 милијарди франци (434.479.000 евра). Taпи подоцна ја тужел банката, бидејќи сметал дека бил ограбен од страна на индиректната продажба.

Роберт Луис Драјфус станал новиот извршен директор на компанијата. Тој исто така бил претседател на ФК Олимпик Марсеј, екипа која Тапи ја поседувал до 1993 година.

Тапи поднел барање за личен банкрот во 1994 година. Тој бил предмет на неколку тужби, особено во врска со местење натпревари во фудбалскиот клуб. Во текот на 1997 година, тој поминал 6 месеци од 18-месечната затворска казна во затворот Ла Санте во Париз. Во 2005 година, француските судови му доделиле надомест на Taпи од 135.000.000 евра (околу 886.000.000 франци).

Пост-Тапи ера[уреди | уреди извор]

Во 1994 година, главен корисник станал Детското село - СОС во комбинација со младинска група на ФИФА.

Во 1997 година, Адидас АГ ја оформила групацијата Саломон Груп (Salomon Group) која била специјализирана за ски опрема, и нејзиното официјално корпорациско име било променето во „Адидас-Саломон АГ“, бидејќи со ова достигнување Адидас исто така се здобил и со голф компанијата Тејлормејд (TaylorMade) и Максфлај(Maxfli) што им дозволило да и бидат конкуренција на компанијата Најк голф.

Во 1998 година, Адидас ја тужел на Националната студентска атлетска асоцијација поради нивните правила кои ги ограничуваат големината и бројот на комерцијални логоа на спортските дресови и облеката. Адидас ја повлечел тужбата, и двете групации формирале насоки за тоа што ќе се смета за корисно во дизајнот со трите линии на трговската марка Адидас.

Во 2003 година, Адидас поднел тужба во Британскиот суд против компанијата Фитнес Врлд (Fitness World) кои што го користеле логото со две линии, мотив сличен на Адидас кој е со три линии. Судот пресудил дека и покрај едноставноста на марката, користењето на компанијата Фитнес Врлд (Fitness World) со логото било кршење на законот затоа што јавноста би можела да воспостави врска меѓу нив и марката Адидас[14].

Во септември 2004 година, една од најдобрите англиски модни креаторки Стела Макартни започнала заедничка соработка со Адидас за креирање на нова линија, создавајки долгорочно партнерство со корпорацијата. Оваа линија е колекција за спортски перформанси за жени наречена „Адидас од Стела Макартни[15], која била прифатена со воодушевување[16].

Исто така во 2005 година на 3 мај, Адидас, изјавил во јавноста дека тие ја продале нивната партнер компанија Саломон Груп за 485 милиони евра на Амер Спортс (Amer Sports) од Финска.

Во август 2005 година, Адидас ја кажал својата намера да го купи британски ривал Рибок (Reebok) за 3.8 милијарди американски долари. Ова преземање било завршено со партнерство во јануари 2006 година[1] и значело дека компанијата ќе има деловни продажби блиски на оние на Најк во Северна Америка. Купувањето на Рибок (Reebok), исто така им овозможило на Адидас да се натпреварува со Најк во светот како број два атлетски чевлар во светот[17].

Корпоративното седиште на Адидас е во Германија, но има и многу други деловни локации низ светот како што се Хонгконг, Торонто, Тајван, Англија, Јапонија, Австралија и Шпанија. Иако главно се продава во САД, Адидас има многу приходи и од овие земји и се шири во повеќе прекуокенаски земји.

Во 2005 година, Адидас го претставил Адидас 1, првите произведени патики со помош на користи микропроцесор. Компанијата ги произвела „првите светски интелигентни патики“, со помош на микропроцесор способен за вршење на 5 милиони калкулации во секунда, кои автоматски го прилагодуваат нивото на патиките за амортизирањата да одговараат на неговата околина. Патиките имаат потреба од мала, заменлива батерија која ќе трае за време од околу 100 часа на трчање. На 25 ноември 2005 година, Адидас објавил нова верзија на Адидас 1 со зголемен број на амортизирања, дозволувајќи им на патиките да станат помеки или поцврсти, и нов мотор со 153% повеќе вртежени моменти[18].

На 11 април 2006 година, Адидас најавил 11-годишен договор со НБА за да стане нивен официјален снабдувач за облека. Тие ќе направат НБА, НБДЛ, и ВНБА дресови и производи, како и обоени верзии на Суперстар (Superstar) патиките за кошарка според боите на тимовите. Овој договор (во вредност од над 400 милиони евра) го зема местото на претходниот 10-годишен договор со Рибок кој бил склучен во 2001 година.

Производи[уреди | уреди извор]

Трчање[уреди | уреди извор]

Адидас во моментов произведува неколку видови на патики за трчање, вклучувајќи ги и адистар контрол 5 (adiStar Controle 5), адистар рајдadiStar Ride) (замена за адистар кушн 6(adiStar Cushion 6)), Супернова серијата (замена за Супернова Контрол 10 (Supernova Controle 10)), и Супернова Кушн 7 (Supernova Cushion 7) (кој наскоро ќе биде заменет од Супернова Глајд (Supernova Glide)), меѓу другите. Покрај тоа, нивната облека многу ја користат тркачите. Адидас исто така користат кожа од кенгур за да ги направат своите патики поскапи.

Облека[уреди | уреди извор]

Адидас продава голем број облеки, различни од машки и женски маици, јакни, дуксери, панталони и хеланки[19].

Првата облека на Адидас била тренерката на Франц Бекенбауер создадена во 1967 година[1]. Адидас АГ е најголемиот производител на спортски градници во Европа и втор најголем производител во светот[20].

Спорт[уреди | уреди извор]

Фудбал[уреди | уреди извор]

Дрес од Фудбалската репрезентација на Шпанија за Европското првенство од 2014 година

Еден од главните фокуси на Адидас е фудбалскиот комплет и друга слична опрема. Адидас исто така, обезбедува облека и опрема за сите тимови во Големите фудбалски лиги. Адидас остана главната компанија која ги снабдуа меѓународните фудбалски тимови со опрема за фудбал.

Адидас, исто така, прави колекции за судиите кои се користат во меѓународната конкуренција од страна на многу земји и лиги во светот. Во САД, судиите носат Адидас колекции во МЛС натпреварите иако основен снабдувач за судиите е Офишал Спорт (Official sport). Фирмата е иноватор во областа на патики за спортот со значајни примери, вклучувајќи го и развојот на копачките дизајнирани за Копа Америка кои се користеле за натпревари на тврди и суви подлоги речиси 40 години. Окованиот еквивалент бил именуван по Светското првенство по повод на одбележувањето на 1978 година, кога турнирот го освоил Аргентина, една од нациите каде што копачките се испорачувале во тоа време. Некои од најпознатите фудбалски екипи во моментов се спонзорирани од Адидас.

Адидас се прочул поради унапредување на Предатор (Predator) копачките, дизајн развиен од страна на екс-играчот на ФК Ливерпул и австралискиот меѓународен играч Грег Џонстон. Овој дизајн е опремен со ребреста гумена структура за горниот дел од кожата на чевелот, кој се користи за да го нагласи движењето на топката, кога се удира. Високо квалификувани играчи тврделе дека биле во можност полесно да го искриват летот на топката кога го носеле овој нов дизајн. Предатор, исто така се карактеризира со ѓонот Трекшн (Traxion) кој го измислил Грег Џонстон.

ФИФА, светското управно тело во фудбалот, нарачала специјално дизајнирани фудбалски топки за употреба во нивните Светски првенства за да добијат поголема напаѓачка игра. Топките кои биле набавени за Светското првенство во 2006, Тимгејст (Teamgeist), биле особено значајни поради нивната способност да патуваат подалеку кога ќе се шутнат за разлика од претходните типови, што доведува до голови од поголма далечина, кои беа наменети за зголемување на бројот на постигнати голови. Се очекувало дека голманите ќе бидат помалку задоволни од овој дизајн, тврдејќи дека топката би се движела значително брзо и непредвидливо во лет.

Адидас, исто така, рекламирал и нов вид на топка за СП 2010. Топката Џабулани (Jabulani) била дизајнирана од Универзитетот Логборуг во соработка со ФК Челзи. Таа добила многу критики од страна на играчите, менаџерите и експертите бидејќи било премногу тешко да се контролира. Полесната и поаеродинамичната топка довела до многу удари кои биле пресилни. Топката Џабулани (Jabulani) била главно обвинувана за малиот број на голови од поголема далечина во раната фаза на турнирот.

Како и гореспоменатите Предатор (Predator) копачки, Адисас исто така ги произведуваат и Ф50 (F50) и адипјур (adiPure) спектарите на фудбалски копачки.

Тенис[уреди | уреди извор]

Адидас спонзорира тенисери и неодамна вовела нова линија на тениски рекети. Додека моделот Федер (Feather) е направен за „обичните играчи“, а моделот Риспонс (Response) за „клубскиот играч“, Адидас цели на „играчите на турнири“ со моделот 10,2 оз Барикејд (12,2 oz Baricade). Адидас ги спонзорира следниве професионални играчи главно со облека и патики: Ана Ивановиќ, Енди Мареј, Марија Кириленко, Каролина Возниаки, Жастин Анен, Жо-Вилфрид Цонга, Динара Сафина, Даниела Хантукова, Алиша Молик, Фернандо Вердаско, Жил Симон, Фернандо Гонзалез, Флавија Пенета, Лора Робсон, Мелани Удин, и Сорана Кирстеа. Адидас тениската облека ја содржи технологијата Климакул (ClimaCool) која се среќава и во другите атлетски дресови и патики.

Во ноември 2009 година светскиот број 4 Енди Мареј бил потврден како највисоко платена ѕвезда од Адидас со петгодишен договор во вредност од 24.5 милиони долари.

Играчите спонзорирани од Адидас можат да ги искористат предностите на Адидас програмата за подобрување на играчите, каде што компанијата им нуди на тренери, фитнес тренери и спортски психолози на играчите со цел да ја продолжи својата кариера. Оваа програма ги вклучува легендарните тренери како што се Дарен Кахил и Свен Гренвелд.

Во Синсинати, на АТП тенискиот турнир во Мејсон, тие исто така ги спонзорираа униформите на момчињата и девојките задолжени за топчињата.

Голф[уреди | уреди извор]

АдидасГолф (adidasGolf) е дел од Адидас, Германскиот произведувач на спортска облека и дел од Адидас Групација, која се состои од спортската компанија Рибок, Адидас голф, ТејлорМејд голф-компанијата и Рокпорт. Групацијата Адидас е еден од глобалните лидери во спортската индустријата кој нуди широк спектар на производи од трите основни сегменти на Адидас, Рибок, и ТејлорМејд-дидас голф. АдидасГолф (adidasGolf) продава и произведува Адидас-брендирана голф облека, патики и додатоци.

Крикет[уреди | уреди извор]

Во 1990-тите, Адидас потпишал договор со познатиот индиски батсмен Сачин Тендулкар и направи чевли за него[21]. Тендулкар продолжува да носи Адидас патики додека игра натпревари. Адидас дури направил и фигури по Сачин Тендулкар.

Во 2008 година, Адидас го направиле својот потег на англискиот крикет пазар преку спонзорирање на англиската ѕвезда Кевин Питерсен по откажувањето на неговиот доживотен договор со Woodworm (Вудворм), кога тие западнале во финансиски потешкотии[22] . Следната година тие потпишале договор со англискиот играч Ијан Бел, пакистанскиот играч Салман Бат и индискиот играч Равиндра Јадеја. Одкако направиле патики за крикет за многу години, компанијата конечно влегла во областа на производство на рекети за крикет во 2008 година и нивните производи сега се достапни во Инкурца (Incurza), Пелара (Pellara) и Либро(Libro) деловите.

Адидас, исто така, произведува униформи кои ги носат и крикет тимот на Англија и Австралискиот крикет тим, исто така тие го спонзорирале и националниот крикет тим од Јужна Кореја.

Во 2008 и 2009 година и во двете сезони на Индиската Премиер Лигата (IPL), го презеле спонзорирањето на тимовите Мумбаи Индијанс (Mumbai Indians) и Деaрдевилс (Daredevils). Во 2009 година, Адидас потпишал договор со Сачин Тендулкар и започнал да го спонзорира со нивните рекети за крикет. Го создадале за него Адидас СТ, новиот рекет за крикет и Адидас Пелара КП за Кевин Питерсен, истата година. Сега и двајцата ги користат нивните персонализирани рекети за крикет.

Кошарка[уреди | уреди извор]

Адидас е долгогодишен производител на кошаркарски патики и е еден од водечките кошаркарски брендови во светот. Тие се најмногу познати по своите исконски Суперстар (Superstar) и Про Модел (Pro Model) патики, уште познати и како 'shelltoes' (предниот дел на патиките изгледа како школка) поради нивната стилизирана тврда гума. Овие биле многу популарни во 1980 на уличната хип хоп сцена заедно со тренерките од полиестер со страничните линии на Адидас.

Адидас е, исто така, моментален снабдувач на опрема за сите 30 тимови во Националната Кошаркарска Асоцијација[23] (наместо брендот Рибок по спојувањето) и спонзорира многу играчи како порано така и сега како Карим Абдул-Џабар и Трејси Мегреди, како и Двајт Хауард, Шонси Билапс, Дерик Роуз, Ерик Гордон, Мајкл Бесли, Џош Смит и Тим Данкан. Адидас го снабдувала и Коби Брајант со опремата KB8 како негови први лични патики, но престанале да го поддржуваат во 2003 година. Компанијата исто така го поддржувала и Кевин Гарнет, се додека тој не го прекинал договрот во 2010 година. Тој моментално е спонзориран од Анта (Anta). Леброн Џејмс исто така носел Адидас во средно училиште. Се до ден денес тој носи Најк. Гилберт Аренас бил промотор на Адидас, се додека не се му случил неславниот инцидент со пиштолот. Тој во моментов е потписник за Андер Армор (Under Armour).

Лакрос[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Адидас го најавил идното производство на лакрос опремата, и тие ќе го финансираат настанот “Adidas National Lacrosse Classic” во јули 2008 година за првите 600 средношколци лакрос играчи во САД[24].

Рагби[уреди | уреди извор]

Адидас произведува рагби топки и друга опрема за рагби. Тие се актуелните снабдувачи за рагби топки и опрема за тимовите: Њу Зиланд Ол Блекс, Ајриш Монстер Рагби, Аргентиниан Пумас, Саут Африкан Стормерс и Вестерн Провинс како и на многу други. Адидас исто така се официјален снабдувачи на топки во натпреварите од купот на Хајнекен.

Гимнастика[уреди | уреди извор]

Од 2000 година, Адидас го снабдува националниот тим на САД со машка и женска гимнастичарска облека. Во 2006 година, во САД биле достапни Адидас трикоата за жени за гимнастика и маиците Адидас за натпреварување во гимнастика, панталоните и шорцевите за гимнастика, како и сезонските трикоа за пролет, лето, есен и зима. Почнувајќи од 2009 година, Адидас облеката за гимнастика е достапна низ целиот свет преку ГК Елит Спортсвеар (GK Elite Sportswear).

Скејтбординг[уреди | уреди извор]

Адидас СБ (Скејтбординг) патиките се направени специјално за скејтбординг. Многу од патиките кои Адидас претходно ги имаше направено беа редизајнирани за скејтбординг[25].

Адидас Скејтбординг исто така, има скејтбординг тим. Тимот се состои од: Марк Гонзалес, Денис Бусентиз, Тим О'Конор, Сила Бакстер-Нил, Пит Елдриџ, Дејв Бекински, Бени Ферфакс, Нестер Џудкинс, Лем Вилмин, Винс дел Вали и Џејк Браун.

Додатоци[уреди | уреди извор]

Fresh Impact“ - шише со ограничено издание

Адидас, исто така, дизајнира и произведува мобилни додатоци[26], сандали, часовници, очила, торби, безбол капи и чорапи. Адидас има и брендиран спектар на машки и женски дезодоранси, парфеми, креми за после бричење и лосиони.

Маркетинг[уреди | уреди извор]

Chuck D во Адидас

Адидас, како и другите спортски брендови, се верува дека поттикнува голема лојалност кај потрошувачот на бренд. Лојалноста кон брендовите од типот на Адидас, Најк, Пума АГ и неколку други спортски брендови, била испитувана во една неодамнешна студија[27]. Студијата покажала дека потрошувачите не покажуваат прекумерно висока лојалност кон таквите брендови.

Во текот на средината па до крајот на 1990-тите, Адидас го поделила брендот во три главни групи секоја со посебен фокус: Адидас Перформанс (Adidas Performance) бил наменет за одржување на нивната посветеност кон спортистите, Адидас Ориџиналс (Adidas Originals) бил со цел да се фокусира на модата и животниот стил; и Стајл Есеншалс (Style Essentials), со главната група во рамките на која е Y-3.

„Невозможно е Ништо“ (Impossible is Nothing) е моменталниот меинстрим маркетинг слоган на Адидас. Оваа кампања била развиена од страна на компанијата 180/ТБВА (180/TBWA) со седиште во Амстердам, но исто така и со значајна работа од страна на компаниите TBWA / Chiat / Day во Сан Франциско[28] особено за кошаркарската кампања "Верувај во пет" (Belive in five). TBWA \ Chiat \ Day ја ангажирала компанијата Zane Peach за создавањето на сликите за меѓународната рекламна кампања од 2007 година[29].

Рекламна Игра[уреди | уреди извор]

Марката е застапена во неколку игри. Daley Thompson's Olympic Challenge Sony Playstation: Adidas power soccer Commodore 64, ZX spectrum, Amstrad CPC: Adidas Championship Football

Спонзорство[уреди | уреди извор]

Лионел Меси, во спортска облека на Адидас

Адидас е еден од главните домашни (во Германија) и меѓународни спонзори на многу спортски настани. Во текот на последните неколку години, групата го зголемила својот маркетинг и спонзорски буџет. Адидас е клучен спонзор и снабдувач на Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА). Компанијата неодамна претстави нов НБА дрес кој треба да го носат сите играчи во НБА натпреварите почнувајќи од сезоната 2010-2011.

Адидас е главниот спонзор и снабдувач на опрема на мошне успешниот национален рагби тим на Нов Зеланд, Ол Блекс (All Blacks). Адидас, исто така,е снабдувач на опрема на тимот Аргентиниан Пумас (Argentinian Pumas), на ирскиот професионални рагби тим, Монстер Рагби(Munster Rugby), на францускиот професионален рагби клуб, Стад Франсез (Stade Français), и на американскиот тим,Иглс (Eagles).

Адидас, исто така,е спонзор и произведува облека за рагби клубот Голд Коуст Титанс (Gold Coast Titans) во Австралиската национална рагби лига (NRL) .

Во крикет, компанијата е главниот спонзор за опрема но и спонзор на успешнио австралиски Крикет тим и на Англискиот крикет тим. Тие исто така се главните спонзори на Индиските крикет играчи Сачин Тендулкар и Вирендер Севаг и на англиските крикет играчи Кевин Питерсен и Иан Бел. Тие се спонзори на тимовите Делхи Деардевилс (Delhi Daredevils) и Мумбаи Индианс (Mumbai Indians) од Индиската Премиер Лига.

Адидас е долгогодишен снабдувач на Германската фудбалска репрезентација, спонзорство, кое започна во 1954 година и е договорено да се продолжи барем до 2018 година. Спонзор е и на мексиканскиот, аргентинскиот и шпанскиот национален фудбалски тим и од 2010 година ќе го спонзорира и шкотскиот национален фудбалски тим.

Адидас се многу активни во спонзорирање на врвните фудбалските клубови како што се ЦРС Андерлехт, Рапид Виена, Реал Мадрид, Ливерпул, Милан, Динамо Киев, Металист, Партизан од Белград, Флуминезе, Палмеира, Баерн Минхен, Челзи, Стоук Сити, Лион, Марсеј, AFC Ајакс, Шалке 04, Галатасарај, Бенфика, Риверплејт , Beшикташ, Фенербахче, Панатинаикос, Јужен Мелбурн ФК, ИФК Гетеборг, Ал-АХЛИ, Ал-Хилал, Ахли Џеда, Каракас и многу други.

Адидас е спонзор за облека на фудбалскиот клуб Колингвуд (Collingwood) и Есендон (Essendon) од австралиската фудбалска лига.

Адидас и Главната Фудбалска Лига (Major League Soccer)го објавија 8-годишниот договор за спонзорство во август 2010 година она што ќе продолжи да го прави Адидас официјален спортски спонзор и лиценциран снабдувач за производите во лигата, и за да работат заедно за да се прошири развојот на лигата МЛС се до 2018 година.

Адидас, исто така, е спонзор на настани како на пример Лондонскиот маратон.

Во 1980 година, Адидас бил спонзор на рап-групата Run-DMC, што преставувало една нова идеја.

За Летните олимписки игри во 2008 година во Пекинг, Кина, Адидас потрошил 70.000.000 €, спонзорирајќи го настанот, во услови на критики.

Адидас, исто така, бил дел и од маркетингот во НАСКАР, спонзорирајќи големи возачи, како што Дејл Ернхард Џуниор и Тони Стјуарт.


Chief Financial Officer: Harm Ohlmeyer Global Brands: Eric Liedtke Global Operations: Gil Steyeart Global Sales: Roland Auschel

Корпоративни информации[уреди | уреди извор]

Актуелниот извршен борд на директори[уреди | уреди извор]

  • Главен и извршен директор на Адидас-групацијата: Каспер Рорстед,
  • Финансии на Адидас-групацијата: Харм Охлмаер,
  • Извршен директор на Адидас брендот: Gil Steyeart,
  • Глобални активности на Адидас-групацијата: Roland Auschel

Поранешен менаџмент'[уреди | уреди извор]

  • Главен и извршен директор:
    • Роберт Луис Дрејфус (1993-2002)
    • Херберт Хајнер (2002–2016)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Adidas Group History“. adidas-group.com. http://www.adidas-group.com/en/group/history/. конс. 7 мај 2014 г. 
  2. „Fact Sheet for Fourth Quarter and Full Year 2016“. adidas. http://www.adidas-group.com/media/filer_public/12/a8/12a84bd7-c7ee-4272-a64c-9f4992741e1f/factsheet_q4_2016_final.pdf. конс. 8 март 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 „2016 FULL YEAR RESULTS“. adidas. http://www.adidas-group.com/media/filer_public/b5/e5/b5e592f2-ae28-407b-85e2-df22416f98b3/adidasag_2016fyresults-en.pdf. конс. 8 март 2017 г. 
  4. 4,0 4,1 „Annual Report 2015“. adidas. http://www.adidas-group.com/media/filer_public/18/ce/18ce3230-63a0-4d1f-aa3b-41196783618b/factsheet_q4_2015.pdf. конс. 3 март 2016 г. 
  5. Adidas, Deutsche Telekom, Infineon: German Equity Preview“, Bloomberg L.P., 16 јануари 2008 (конс. 31 мај 2016 г).
  6. Smit, Barbara (2007). Pitch Invasion, Adidas, Puma and the making of modern sport. Penguin. стр. 44. ISBN 0-14-102368-6. 
  7. Chadwick, Simon; Arthur, Dave (2007). International cases in the business of sport. Butterworth-Heinemann. стр. 438. ISBN 0-7506-8543-3. 
  8. Smit, Barbara (2009). Sneaker Wars. New York: Harper Perennial. ISBN 978-0-06-124658-6. 
  9. 9,0 9,1 James, Kyle (3 јули 2006). „The Town that Sibling Rivalry Built, and Divided“. Deutsche Welle. http://www.dw.de/the-town-that-sibling-rivalry-built-and-divided/a-2074427. 
  10. „How Adidas and PUMA were born“. in.rediff.com. 8 ноември 2005. http://in.rediff.com/sports/2005/nov/08adi.htm. конс. 2 април 2014 г. 
  11. 11,0 11,1 Esterl, Mike (21 March 2008). Review of "Sneaker Wars: The Enemy Brothers Who Founded Adidas and PUMA and the Family Feud That Forever Changed the Business of Sport", Barbara Smit, March 2008, ISBN 978-0-06-124657-9. https://www.wsj.com/articles/SB120606066903653643. конс. 26 септември 2010 г. 
  12. „LA TImes 7/16/1990 - French Investor to buy adidas“. http://articles.latimes.com/1990-07-16/business/fi-273_1_adidas-ag. 
  13. Menswear Manufacturers/Wholesalers Essay Sample“, „Bla Bla Writing“, 24 април 2017. (на en-US)
  14. Osborn, Andrew. „Adidas told its three stripes don't constitute a trademark“, „The Guardian“, 10 јули 2003 (конс. 26 декември 2012 г).
  15. „Stella McCartney collection“. Adidas.com. архивирано од оригиналот на 11 ноември 2010. https://web.archive.org/web/20101111060514/http://www.adidas.com/campaigns/women/content/stella/stella.asp?strCountry_Adidascom=com. конс. 26 септември 2010 г. 
  16. „Stella McCartney“. http://www.imdb.com/name/nm0565383/bio. 
  17. „Adidas rachète l'américain Reebok pour tenter de faire jeue egal avec nike“ (на fr). Le Monde. 3 август 2005. http://www.lemonde.fr/economie/article/2005/08/03/adidas-rachete-l-americain-reebok-pour-tenter-de-faire-jeu-egal-avec-nike_677359_3234.html. конс. 17 октомври 2016 г. 
  18. Adidas 1 Is The Most Technically Advanced Running Shoe Popular Mechanics, 7 December 2004
  19. Clothing items in Adidas website
  20. Statistics and facts on Adidas on Statistics portal, retrieved 22 February 2017
  21. „'Brand Tendulkar will never lose value'“. The Indian Express. India. 5 мај 2006. http://www.indianexpress.com/news/brand-tendulkar-will-never-lose-value/3801/. конс. 10 април 2010 г. 
  22. Pringle, Derek. „Kevin Pietersen snaps up lucrative bat deal after the demise of Woodworm“, „The Daily Telegraph“, 16 октомври 2008 (конс. 14 мај 2009 г).
  23. Nike to become uniform, apparel provider for NBA on NBA.com, 10 June 2015
  24. „Level 2 Sports – Home“. Adidasnationallacrosseclassic.com. http://www.adidasnationallacrosseclassic.com. конс. 10 април 2010 г. 
  25. „Adidas Skateboarding | CCS Pro Signature Selects“. CCS. CCS. 26 јуни 2013. http://blog.ccs.com/go/article/view/skate/263069/adidas-skateboarding-ccs-pro-signature-selects. конс. 21 декември 2013 г. 
  26. Fall/Winter 2017 collection: adidas Originals to launch new iPhone accessories - STRAX“, „STRAX“, 3 јули 2017. (на en-US)
  27. Dawes, J. "Brand Loyalty in the UK Sportswear Market." International Journal of Market Research, Vol 51, No. 1 2009.
  28. „'Impossible Is Nothing' Adidas launches New Global Brand Advertising Campaign“. adidas-group.com. http://www.adidas-group.com/en/media/news-archive/press-releases/2004/impossible-nothing-adidas-launches-new-global-brand-advertising-/. конс. 3 јуни 2016 г. 
  29. „On: adidas+Do You Believe in 5IVE“. http://joannapenabickley.typepad.com/on/2007/06/on-adidas-do-yo.html. конс. 3 јуни 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]