Прејди на содржината

Енди Мари

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Енди Мареј)
Енди Мари
Енди Мари на УС Опен во 2016
ЗемјаОбединето Кралство Велика Британија
Шкотска Шкотска
Место на живеењеЛондон, Англија
Роден на15 мај 1987(1987-05-15)(37 г.)
Роден воАроу Парк, Шкотска
Спорт Тенис
Висина&100000000000001910000001,91 м
Професионалец2005
Игра содесна рака
Заработка$59,557,050[1]
Веб-сајтwww.andymurray.com
Поединечно
Победи-порази662–189 (74%)
Титули45
Највисок пласманNo. 1 (7 ноември 2016)
Сегашен пласманNo. 263 (ноември 2018)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенF (2010, 2011)
Ролан ГаросF (2016)
ВимблдонW (2013, 2016)
УС ОпенW (2012)
Други турнири
Мастерс купW (2016)
Олимписки игриW (2012, 2016)
Во двојки
Победи-порази67-71
Титули2
Највисок пласманNo. 51 (21 окт 2011)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен1R (2006)
Ролан Гарос2R (2006)
Вимблдон1R (2005)
УС Опен2R (2008)
Мастерс купДруги турнири во двојки
2R
Ажурирано на: 5 ноември 2018.

Енди Мари (англ. Andy Murray, 15 мај 1987) е британски тенисер, моментално прв играч на Светската АТП листа во сингл во машка конкуренција. Тој е трикратен победник на Гренд Слем турнирите, двократен Олимписки шампион, победник во Дејвис купот 2015 и на АТП завршниот мастерс во 2016. Досега во кариерата има освоени 44 турнири во сингл (се наоѓа на 14. место во Опен ерата) и 2 во двојки. Меѓу десетте најдобри тенисери во светот за првпат се нашол на 18 јуни 2007 година, кога го зазел осмото место. Следната година, тој стигнал до финалето на Отвореното првенство на САД, каде бил поразен од страна на Роџер Федерер. По неговото освојувањето на мастерсот во Париз, Мареј стана светски број 1 на 7 ноември 2016 година. .[2] Тој е добитник на наградата личност на годината од страна на ББС светски спортист дури трипати.

Во 2012 година на УС Опен, Мареј стана првиот британски тенисер од 1977 година, од 1936 година, да победи на гренд слем тениски турнир, со победата над Новак Ѓоковиќ во финалето. Во јули 2013 година, Мареј победи на Вимблдон , со што стана првиот британец да го освои Вимблдон по Вирџинија Вејд во 1977 година, и првиот британски машки тенисер да победи во машки сингл после Фред Пери, во 1936 година. Во 2016 година, тој ја освои својата втора титула на Вимблдон за да стане првиот британски тенисер да освои повеќе титули на Вимблдон од Пери во 1935 година. .[3]

Мареј во машка конкуренција го освои златниот медал на Летните олимписки игри 2012 и на Летните олимписки игри 2016 - во машки синглови со, што го направи единствениот тенисер, во машка или женска конкуренција, за да се освои две олимписки титули. Исто така тука е вкличена победата во Дејвис купот со репрезентацијата на Велика Британија во 2015 година, со што ја обезбеди првата Дејвис куп титула од 1936 година. .[4]

  1. „Andy Murray: Player Profile“. www.atpworldtour.com. Посетено на 4 July 2010.
  2. James Buddell (5 November 2016). „Andy Murray rises to no. 1“. Association of Tennis Professionals (ATP).
  3. Newbery, Piers. „Andy Murray wins Wimbledon by beating Milos Raonic“. BBC Sport. Посетено на 17 July 2016.
  4. „Murray Goffin Davis Cup Final 2015 Sunday – ATP World Tour – Tennis“. ATP World Tour.