Дерик Роуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дерик Роуз

Rose-20190120 (cropped).jpg

Лични информации
Роден на 4 октомври 1988 (1988-10-04) (31 г.)
Роден во Чикаго, Илиноис
Националност САД САД
Висина 1,93
Тежина 86
Позиција плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ Мемфис (2007-2008)
Драфт 2008 / Рунда: 1 / Пик: 1
Избран од:
Чикаго Чикаго Булс
Проф. кариера 2008—
Мометален клуб
Клуб Детроит Детроит Пистонс
Број 25
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2008—2016
2016—2017
2017—2018
2018—2019
2019—
Чикаго Чикаго Булс
Њујорк Никс Њујорк Никс
Кливленд Кливленд Кавалирс
Минесота Тимбервулфс Минесота Тимбервулфс
Детроит Детроит Пистонс
Репрезентација
2010—2014 САД САД


Дерик Роуз (англиски: Derrick Martell Rose; роден на 4 октомври 1988, во Чикаго, Илиноис) е американски кошаркар, плејмејкер на Детроит Пистонс.

Роуз играл една година колеџ-кошарка за Мемфис Тајгерс пред да биде избран како прв пик од Чикаго Булс на НБА драфтот во 2008 година.[1] Откако бил избран за Руки на годината, потоа тој на возраст од 22 години, станал најмладиот играч кој ја добил наградата за Најкорисен играч во НБА во 2011.

Роуз се борел со значителен број на повреди на коленото во текот на неговата кариера, почнувајќи од сезоната 2010–2011 во која бил избран за најкорисен играч. Во првото коло од НБА плејофот 2012 против Филаделфија Севентисиксерс, Роуз ги скинал ACL лигаментите на левото колено, по што бил опериран и последователно ја пропуштил целата сезона 2012–2013.[2] Тој се вратил во акција во сезоната 2013-2014, играјќи 10 натпревари во регуларниот дел од сезоната. Сепак, на 22 ноември 2013 година, за време на натпреварот против Портланд Трејлблејзерс, Роуз го повреди десниот менискус поради што морал да го пропушти остатокот од сезоната.[3] Роуз повторно се вратил на паркетот во сезоната 2014-2015, но повредите на коленото продолжиле да го ометаат, поради пропуштил 30 натпревари. Во јуни 2016 година, тој бил трејдуван во Њујорк Никс. После една сезона со Никс, Роуз му се приклучил на Кливленд Кавалирс во јули 2017 година, но последователно бил трејдуван и истовремено отпуштен во Јута Џез следниот февруари. Во март 2018 година, тој потпишал со Минесота Тимбервулвс. Во јули 2019 потпишал за Детроит Пистонс.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роуз е роден и израснал во областа Енглвуд, едно од најопасните населби во Саут Сајд, Чикаго.[4] Тој е најмладиот син на Бренда Роуз по Двејн, Реџи и Алан. Сите тројца биле талентирани кошаркари кои го подучувале Дерик кошарка додека бил мал внатре и надвор од терените.[4][5]

На 9 октомври 2012, девојката на Роуз, Мика Рис, го донела на свет нивното прво дете, синот Дерик Јуниор.[6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Средно училиште и колеџ[уреди | уреди извор]

Роуз учел во средното училиште Simeon Career Academy. Таму тој играл кошарка за Волверин, и го предводел тимот до две победи во државниот шампионат.

Во 2007 година, тој ја прифатил стипендијата од Универзитетот во Мемфис за да игра колеџ кошарка за нивната кошаркарска екипа Мемфис Тајгерс која била под водство на тренерот Џон Калипари, кој го регрутирал откако го видел како игра на AAU натпревар.[7] Така Мемфис успеал да ја победи конкуренцијата за Роуз и покрај силните напори направени од Универзитетот во Индијана и од Универзитетот во Илиноис да го вклучат Роуз во сопствените програми.[8] Роуз го избрал дресот со #23, поради фактот што #25 бил повлечен од универзитетот во чест на Пени Хардавеј.

Во регуларниот дел од сезоната на НКАА, Роуз имал во просек 14,9 поени, 4,7 асистенции и 4,5 скокови по натпревар. Откако Тајгерс се пласирале на Фајнлфорот, Роуз имал 25 поени и 9 скока во победата со 78-63 над ЈУКЛА за пласман на неговиот тим во натпреварот за првенството. Во натпреварот за првенството Роуз имал уште еден солиден настап со 17 поени, 6 скокови и 7 асистенции, но Мемфис загубил по продолжение од Канзас Џејхокс со 75-68.[9] Роуз бил избран во Ол-Фајналфор тимот.[10]

На 15 април, Роуз објавил дека ќе ги напушти своите последни три сезони во Мемфис за да учествува на НБА драфтот 2008.[11]

НБА кариера[уреди | уреди извор]

Роуз бил избран како прв пик на НБА драфтот 2008 од Чикаго Булс.[1][12] Тој станал првиот играч драфтуван од Булс кој постигнал 10 поени или повеќе во првите 10 натпревари од сезоната уште од Мајкл Џордан.[13] Со просек од 16,8 поени, 6,3 асистенции и 3,9 скокови по натпревар во регуларниот дел од сезоната, тој бил избран за Руки на годината, како трет играч во историјата на Чикаго Булс кој ја добил оваа награда после Мајкл Џордан (1985) и Елтон Бренд (2000).[14] Истата сезона тој дебитирал во НБА плејофот во натпревар против бранителот на титулата Бостон Селтикс, уфрлајќи 36 поени (со што го изедначил рекордот на Карим Абдул Џабар за најмногу поени постигнати од страна на еден руки играч на своето деби во плејофот), 11 асистенции и 4 скокови во победата на Булс по продолженија со 105-103 на гости.[15][16][17]

Роуз во дресот на Чикаго Булс во 2011 година

На 28 јануари 2010, Роуз бил избран за првпат во својата кариера да учествува на Ол-Стар натпревар за Источната конференција, со што станал првиот играч на Чикаго кој бил избран да учествува во Ол-Стар натпревар уште од Мајкл Џордан во 1998 година.[18] Роуз го завршил натпреварот со 8 поени и 4 асистенции, во победата на истокот со 141-139.

Во сезоната 2010-2011, Роуз станал третиот играч од сезоната 1972-1973 (по Леброн Џејмс и Мајкл Џордан) кој успеал да забележи 2000 поени и 600 асистенции во една НБА сезона. На 3 мај 2011, Роуз бил избран за Најкорисен играч во НБА, како тек вториот играч на Булс во историјата на франшизата кој ја добил оваа награда по Мајкл Џордан.[19] На возраст од 22 години и 6 месеци, Роуз исто така станал најмладиот играч кој ја добил наградата (Вес Анселд, кој дотогаш бил најмлад МВП, ја освоил наградата во сезоната 1968–1969 на возраст од 23 години и 2 месеци).

Во сезоната 2011-2012, Роуз ги скинал ACL лигаментите на левото колено, по што бил опериран и последователно ги пропуштил остатокот од сезоната 2011-2012 како и целата сезона 2012–2013.

Тој се вратил во акција на 29 октомври 2013, постигнувајќи 12 поени и 4 асистенции во поразот на Чикаго од бранителот на титулата Мајами Хит со 107-95.[20] По враќањето тој имал проблем да ја достигне својата форма од пред повредата шутирајќи со прецизност од само 28,8% од игра во првите три натпревари. На 22 ноември тој го повредил десното колено во натпреварот против Портланд Трејлблејзерс, по што морал да оди на уште една операција и го пропуштил остатокот од сезоната 2013-2014. На 18 април 2015, Роуз го одиграл својот прв натпревар во плејофот од 2012 година завршувајќи си 23 поени и 7 асистенции во победата со 103-91 над Милвоки Бакс.[21] Во неговата последна сезона во Чикаго тој одиграл 66 натпревари во регуларниот дел од сезоната со просек од 16,4 поени, 3,4 скокови и 4,7 асистенции, но не успеал да го одведе својот тим во плејофот.

На 22 јуни 2016 година, Роуз бил разменет заедно со Џастин Холидеј и избор на пик од втората рунда на НБА драфтот 2017 година во Њујорк Никс, во замена за Хосе Калдерон, Џериант Грант и Робин Лопес.[22] Своето деби го направил на отворањето на сезоната на 25 октомври 2016 против Кливленд Кавалирс. Тој поминал 29 минути на паркетот во кој забележал 17 поени (шут од игра 7-17) во поразот со 117-88.[23] На 28 ноември постигнал највисоки за него во дресот на Никс 30 поени во поразот 112-103 од Оклахома Сити Тандер,[24] а истиот број поени го повторил и 8 дена подоцна во победата над Бостон Селтикс со 117-106.[25] На 2 април 2017, било објавено дека сезоната за него е завршена поради повреда на менискусот на левото колено.[26] Роуз одиграл 64 натпревари за Никс во регуларниот дел од сезоната 2016-2017 со просек од 18 поени, 3,8 скокови и 4,4 асистенции по натпревар.

На 25 јули 2017, Роуз потпишал за Кливленд Кавалирс.[27] На 8 февруари 2018 година, правата врз договорот на Роуз биле стекнати од страна на Јута Џез во размен во која учествувале три клуба вклучувајќи ги и Кавалирс и Сакраменто Кингс.[28] Само два дена подоцна тој бил отпуштен од Јута Џез.[29]

На 8 март 2018, Роуз потпишал договор со Минесота Тимбервулфс,[30] каде одново ќе соработува со тренерот Том Тибодо кој му бил тренер и во Чикаго Булс, како и со поранешните соиграчи од Чикаго Џими Батлер и Таж Гибсон. Роуз одиграл 9 натпревари во регуларниот дел од сезоната помагајќи и на Минесота да се пласира во плејофот. Во плејофот Роуз имал просек од 14,2 поени во 23,8 минути по натпревар, каде Тимбервулфс биле елиминирани со 4–1 од првите носители на западот Хјустон Рокетс во првата рунда.[31]

На 4 јули 2018, Роуз потпишал нов договор со Тимбервулфс за сезоната 2018-2019. На 31 октомври, во неговиот прв старт за сезоната Роуз ги постигнал наjвисоките 50 поени во неговата НБА кариера во победата со 128-125 над Јута Џез, притоа обезбедувајќи ја победата на својот тим така што го изблокирал последниот шут на Јута.[32] На 15 јануари против Филаделфија Севентисиксерс, Роуз ја достигнал бројката од 10000 поени во својата кариера.[33] Поради повреда на лактот на 21 март 2019, било објавено дека Роуз ќе го пропушти остатокот од сезоната после 51 одигран натпревар во сезоната со просек од 18 поени, 2,7 скока и 4,3 асистенции по натпрвеар.

На 7 јули 2019, Роуз потпишал за Детроит Пистонс.[34] На своето деби за Пистонс постигнал 18 поени во победата над Индијана Пејсерс, а во својот трет натпревар за новиот клуб забележал највисоки за сезоната 31 поен во поразот против Филаделфија Севентисиксерс.[35] На 9 декември 2019, тој погодил шут за два поени со звукот на сирената со кој му донел победа на својот тим на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс со 105-103.[36]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Роуз бил дел од американската репрезентација која го освоила златниот медал на Светските првенства во 2010 и 2014 година.

Титули и награди[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Златен медал 2010, Златен медал 2014

Индивидуални[уреди | уреди извор]

НБА награди[уреди | уреди извор]

2010-2011
2008-2009

Ол-стар натпревари[уреди | уреди извор]

2010, 2011, 2012.
2009.

Ол НБА[уреди | уреди извор]

2010-2011.
2008-2009

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Bulls go with native Chicagoan Rose over Beasley“. ESPN. Посетено на June 26, 2008.
  2. „Chicago Bulls Derrick Rose getting knee examined by Dr. James Andrews“. ESPN. Посетено на June 20, 2012.
  3. „Bulls' Rose is likely out for season“. ChicagoTribune.com. November 25, 2013. Посетено на November 6, 2015.
  4. 4,0 4,1 Jensen, Sean (May 14, 2011). „Derrick Rose keeps tough Englewood area close to his heart“. Chicago Sun-Times. Архивирано од изворникот на August 8, 2014. Посетено на August 4, 2014.
  5. „The Well-guarded Guard“.
  6. Jeff Zillgitt (February 13, 2013). „Derrick Rose: From agony of injury to joy of fatherhood“. Usatoday.com. Посетено на March 27, 2013.
  7. Andy Katz (June 30, 2008). „Rose 'chases greatness' with a passion for winning“. ESPN.com. Посетено на January 28, 2009.
  8. Michael O'Brien (October 31, 2007). „Which school will Derrick Rose choose on Saturday?“. Chicago Sun-Times]. Посетено на January 22, 2009.
  9. „After 20-year drought, Kansas rallies to beat Memphis for NCAA title“. ESPN.com. Associated Press. April 7, 2007. Посетено на June 26, 2008.
  10. „NCAA All-Tournament Team, Tournament Leaders“. Посетено на January 29, 2009.
  11. „Memphis freshman Rose says he's leaving, will enter NBA draft“. ESPN.com. April 15, 2008. Посетено на January 29, 2009.
  12. „Bulls to pick first in draft; Heat, Wolves round out Top 3“. ESPN. Associated Press. May 21, 2008. Посетено на January 22, 2009.
  13. Mike Dodd (December 15, 2008). „Early bloomer: Rose already a quiet leader for young Bulls“. USA Today. Посетено на December 22, 2008.
  14. „Chicago Bulls' Derrick Rose named NBA Rookie of the Year“. Chicago Tribune. April 22, 2009. Архивирано од изворникот на April 23, 2009. Посетено на April 22, 2009.
  15. Chris Mannix (April 18, 2009). „Rose, Rondo put on Game 1 show“. Sports Illustrated. Посетено на November 10, 2009.
  16. Chris Mannix (April 20, 2009). „Rose testing Celtics' ailing defense“. Sports Illustrated. Посетено на November 10, 2009.
  17. Steve Aschburner (April 20, 2009). „Rose testing Celtics' ailing defense“. Sports Illustrated. Посетено на November 10, 2009.
  18. Bulls' Rose selected to All-Star team, accessed January 28, 2010.
  19. „Chicago's Derrick Rose Wins 2010–11 Kia NBA MVP Award“. NBA.com. Архивирано од изворникот на May 5, 2011. Посетено на May 3, 2011.
  20. Friedell, Nick (October 29, 2013). „Heat get championship rings, spoil Derrick Rose's return“. ESPN Internet Ventures. Посетено на October 29, 2013.
  21. „Rose scores 23, Bulls beat Bucks 103-91“. NBA.com. April 18, 2015. Посетено на May 9, 2015.
  22. „Knicks Acquire Derrick Rose“. NBA.com. June 22, 2016. Посетено на June 22, 2016.
  23. „James has triple-double as Cavs rout Knicks 117-88 in opener“. ESPN.com. October 25, 2016. Посетено на October 25, 2016.
  24. „Westbrook with another triple-double as Thunder stop Knicks“. ESPN.com. November 28, 2016. Посетено на November 29, 2016.
  25. „Rose powers slumping Knicks past Celtics 117-106“. ESPN.com. January 18, 2017. Посетено на January 19, 2017.
  26. Carbaugh, Dane (April 2, 2017). „Report: Knicks G Derrick Rose tears meniscus in knee, will miss rest of the season“. NBCSports.com. Посетено на April 2, 2017.
  27. „Cavaliers Sign Derrick Rose“. NBA.com. July 25, 2017. Посетено на July 25, 2017.
  28. „Jazz Acquire Jae Crowder and Derrick Rose in Three-Team Trade“. NBA.com. February 8, 2018. Посетено на February 8, 2018.
  29. „Jazz Waive Derrick Rose“. NBA.com. February 10, 2018. Посетено на February 10, 2018.
  30. „TIMBERWOLVES SIGN DERRICK ROSE“. NBA.com. March 8, 2018. Посетено на March 8, 2018.
  31. „Derrick Rose 2017-18 Game Log“. Basketball-Reference.com. Посетено на May 29, 2018.
  32. „Rose scores career-high 50 as Timberwolves top Jazz 128-125“. ESPN.com. October 31, 2018. Посетено на October 31, 2018.
  33. Andrews, Julian (January 15, 2019). „DERRICK ROSE REACHES 10,000-POINT MILESTONE“. NBA.com. Посетено на January 20, 2019.
  34. „Detroit Pistons Sign Free Agent Derrick Rose“. NBA.com. July 7, 2019. Посетено на July 7, 2019.
  35. Derrick Rose scored 31 points on 14-of-21 shooting in Saturday's loss to the Sixers.
  36. Кош за победа и легендарна изјава на Дерик Роуз (Видео) sportmanija.mk

Надворешни врски[уреди | уреди извор]