ФК Фенербахче

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фенербахче)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фенербахче
Fenerbahce.png
Целосно имеФенербахче Спорт клуб
ПрекарФенер
Основан3 мај 1907
СтадионСтадион Шукру Сараџоглу
Истанбул, Турција
Капацитет53,715
ПретседателТурција Азиз Јилдирим
ТренерПортугалија Витор Переира
ЛигаSporTotoSuperLigLogo.png Турска Супер лига
2018-196-ри
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Фенербахче е професионален турски фудбалски клуб со седиште во градот Истанбул. Во моментов клубот се натпреварува во Супер лигата на Турција.

Клубот е основан во 1907 година од група на локални луѓе, а тоа го прави еден од првите фудбалски клубови формирани во Турција. Тие се еден од најуспешните фудбалски клубови во Турција,[1][2] со 19 титули во турското првенство, 6 Купа на Турција и 9 Суперкупа, а исто така тие никогаш во нивната историја не испаднале во пониските лиги. Клубот важи и за еден од клубовите со најмногу навивачи во Турција.

Клубот игра на Стадионот Шукру Сараџоглу кој е со капацитет од 53,715.

Историја[уреди | уреди извор]

Фенербахче бил основан во Кадиќој областа во Истанбул од Зија Сонѓулен (1886-1936), Ајетулах бег (1888-1919) и Неџип Оканер (1892-1959). Оваа група на поединци го основале клубот тајно, со цел да се задржи на низок профил. Во тоа време, султанот Абдул Хамид II, му забранувал на турскиот народ да основа клубови, па дури и да игра фудбал. На првата средба, Сонѓулен бил избран за прв претседател на клубот. Се до промените во законите, кои дошле со Младотурската револуција во 1907 година, активностите на Фенербахче биле обавувани под строга тајност.

Тимот се приклучи на Истанбулската фудбалска лига во 1909 година и во сезоната 1911-1912 го освоил својот прв шампионат, минувајќи низ целата сезона без пораз.

Бои и амблеми[уреди | уреди извор]

Официјалните бои на клубот се жолтата и сината (Giallo e Blu (Strisce).png).

Титули[уреди | уреди извор]

1959, 1960-1961, 1963-1964, 1964-1965, 1967-1968, 1969-1970, 1973-1974, 1974-1975, 1977-1978, 1982-1983, 1984-1985, 1988-1989, 1995-1996, 2000-2001, 2003-2004, 2004-2005, 2006-2007, 2010-2011, 2013-2014

1967-1968, 1973-1974, 1978-1979, 1982-1983, 2011-2012, 2012-2013

1968, 1973, 1975, 1984, 1985, 1990, 2007, 2009, 2014

  • Балкан куп
    • Победник (1) :

1966-67

  • Куп Ататурк
    • Победник (2) :

1964, 1998

  • Куп на премиерот
    • Победник (8) :

1945, 1946, 1950, 1973, 1980, 1988, 1992, 1998

  • Куп на турските спортски новинари
    • Победник (12) :

1969, 1973, 1975, 1976, 1978, 1979, 1980, 1982, 1985, 1986, 1994, 1995

  • Куп на Истанбул
    • Победник (16) :

1911-12, 1913-14, 1914-15, 1920-21, 1922-23, 1929-30, 1932-33, 1934-35, 1935-36, 1936-37, 1943-44, 1946-47, 1947-48, 1952-53, 1956-57, 1958-59

Стадион[уреди | уреди извор]

Стадион Шукру Сараџолу
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Стадион Шукру Сараџоглу.

Фенербахче својте домашни натпревари ги игра на стадионот Шукру Сараџоглу, који се наоѓа во Кадиќој, азискиот дел на Истанбул. Стадионот е изграден во 1908 година, а реконструкцијата траела во периодот од 1999 до 2006 година. На овој стадион е одиграно финалето на Купот на УЕФА 2009.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Голманот Волкан Демирел е моментален капитен на клубот.
Бр. Позиција Играч
1 Турција ГМ Волкан Демирел Captain sports.svg
3 Турција ОД Хасан Али Калдирим
4 Чиле ОД Маурисио Исла
5 Турција СР Мехмет Топал
6 Турција ОД Исмаел Којбаши
7 Турција СР Алпер Потук
8 Нигерија СР Викор Моузес
9 Бразил НП Роберто Солдадо
11 Турција СР Мехмет Екичи
13 Камерун ГМ Карлос Камени
14 Турција СР Махсун Чапкан
15 Турција СР Сердар Азиз
16 Холандија СР Ферди Кадиоглу
17 Хондурас НП Алберт Елис
18 Турција СР Толгај Арслан
19 Турција ОД Шенер Езбајракли
20 Гана НП Андре Ају
Бр. Позиција Играч
21 Словенија СР Миха Зајц
22 Швајцарија НП Михаел Фреј
25 Турција ГМ Берке Озер
26 Турција СР Толга Чигерчи
28 Франција СР Матје Валбуена
31 Алжир НП Ислам Слимани
32 Бразил СР Жаилсон
33 Русија СР Роман Нојштадтер
35 Турција ГМ Харун Текин
37 Словачка ОД Мартин Шкртел
39 Алжир НП Јасин Бензија
41 Турција ОД Омер Чаки
44 Турција ОД Садик Чифтпинар
54 Турција ГМ Ертан Ерсу
66 Турција ОД Огуз Каган Гучтекин
80 Турција ОД Серхат Кот
99 Македонија СР Елиф Елмас

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]