Прејди на содржината

Елиф Елмас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елиф Елмас
Лични податоци
Полно име Елиф Елмас
Роден на 27 септември 1999(1999-09-27)(26 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Наполи Наполи
Број 20
Младинска кариера
Фенербахче Тефејуз
Форца Вардар
Работнички Работнички
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Работнички Работнички 46 (8)
2017-2019 Фенербахче Фенербахче 34 (4)
2019-2024 Наполи Наполи 143 (14)
2024- РБ Лајпциг РБ Лајпциг 16 (0)
2025Торино Торино 13 (4)
2025-Наполи Наполи 7 (0)
Репрезентација
2015 Македонија Македонија 17 2 (0)
2016 Македонија Македонија 18 1 (0)
2016 Македонија Македонија 19 3 (0)
2016 Македонија Македонија 21 9 (1)
2017– Македонија Македонија 73 (13)

Елиф Елмас (р. на 27 септември 1999 , во Скопје) македонски фудбалер, играч од средниот ред на Наполи и на македонската репрезентација.

Неговиот прекар е дијамант, поради значењето на неговото презиме преведно од турски.[1][2]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Елмас е роден во Скопје, од родители со турско потекло, а израснал во скопската населба Чаир.[2][3] Неговиот татко Џеват бил сопственик на слаткарница, каде во раните години му помагал и самиот Елиф.[2] Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца од каде потоа се преселил во Работнички каде станал професионален фудбалер.[4]

Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација, Фатих Терим, се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува земјата во која е роден.[5]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Елмас е играч од средниот ред, кој може да игра на сите напаѓачки позиции во тој дел од теренот, како офанзивен играч од средниот ред или на двете крила, иако најмногу ја претпочита улогата лево крило.[6][7] Опремен со одлична техника,[6] контрола над топката, агилност и креативност, тој е многу добар и во уфрлувањата од втора позиција и во фазата на одбрана.[6] Располага со добар удар од далечина, главно со десната нога, но може исто така подеднакво добро да се служи и со левата.[7]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Работнички

[уреди | уреди извор]

Дебитирал за првиот тим на Работнички на 30 септември 2015 на возраст од 16 години и 3 дена, во победата со 4-0 на гостувањето против Гостивар во Купот на Македонија.[8] Неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 дебитирал во Првата лига на Македонија во победата со 2-0 на домашен терен над Металург Скопје. На 10 април 2016, го постигнал својот прв погодок во кариерата за романтичарите во победата со 2-0 над Хоризонт Турново на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Работнички ја завршил со 11 настапи и 1 гол.

Следната сезона, Елмас бил редовен стартер и клучен играч за Работнички. На 28 јуни 2016, дебитирал во европските купови, во натпреварот од првото квалификациско коло за УЕФА Лигата на Европа против Будуќност Подгорица во Скопје; натпреварот завршил 1-1, а токму Елмас 18 минути по влегувањето во игра од клупата го постигнал израмнувачкиот гол за својот тим. На отворањето на новата сезона во македонското првенство, Елмас постигнал два гола и забележал асистенција во убедливата победа со 4-0 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Одличната форма ја одржувал во текот на целата сезона 2016-2017, која ја завршил со 33 натпревари во првенството на кои постигнал 6 гола и имал 7 асистенции. Одличните игри во сезоната му ја донеле наградата за Млад играч на годината,[9] пред Јани Атанасов од Академија Пандев и Енес Фазлагиќ од Шкендија.[10] Елмас го напуштил Работнички во летото 2017, после 51 настап и 9 гола за клубот.

Фенербахче

[уреди | уреди извор]

На 28 јули 2017, Елмас потпишал петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче.[11] Веднаш потоа, турскиот клуб објавил дека за трансферот на играчот на Работнички му биле исплатени 180.000 евра и дека Елмас ќе го носи дресот со број 21.[12] Своето деби за Фенербахче го направил на 28 јануари 2018, во ремито 1-1 на гостувањето кај Трабзонспор влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Хасан Али Калдирим во 64-тата минута.[13] Својата прва сезона во клубот ја завршил со 5 настапи во лигата и 2 во купот, без постигнат гол.

На почетокот на сезоната 2018-2019, Елмас го имал своето деби во Лигата на шампионите, играјќи ги комплетните 90 минути во поразот со 1-0 од Бенфика на 7 август 2018 во третото квалификациско коло од елитното европско натпреварување. Својот прв гол за Фенер го постигнал на 16 септември 2018, во победата со 1-0 на гостувањето кај Конијаспор, откако само 6 минути претходно влегол во игра од клупата за резерви.[14] На 14 април 2019, Елмас постигнал гол во интерконтиненталното дерби против најголемиот соперник на Фенербахче, Галатасарај, во натпревар што завршил 1-1.

Елмас играјќи за Наполи против Спартак Москва во Лига Европа.

На 24 јули 2019 година, Елмас се преселил во италијанскиот Наполи за обесштетување од 16 милиони евра плус бонуси, потпишувајќи петогодишен договор со партенопеите.[15] Своето деби за клубот го направил на 24 август во победата со 4-3 на гостувањето кај Фјорентина, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Алан во 72-рата минута од натпреварот.[16] На 17 септември тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата на домашен терен со 2-0 против Ливерпул во групната фаза (претходно тој играл само во квалификациите за елитното европско натпреварување).[17] На 3 февруари 2020 година, тој го постигнал својот прв гол со дресот на Наполи на гостувањето против Сампдорија во натпреварот кој завршил 2-4 за „светлосините“.[18] Набргу по враќањето на клупскиот фудбал на терените по паузата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, Елмас го освоил својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија откако во финалето тие го совладале Јувентус по изведување на пенали со 4-2. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 36 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол.

За време на својата втора сезона, Елмас го постигнал својот втор гол во дресот на Наполи во победата со 6-0 на домашен терен над Џенова.[19] Сепак, по одигрувањето на тој натпревар било востановено дека поголемиот дел од играчите на Џенова биле зарзени со КОВИД-19, по што и самиот Елмас се заразил и поради тоа ги пропуштил натпреварите на македонската репрезентација во баражот за Европското првенство и во Лигата на нации. На 28 јануари 2021, го постигнал својот прв гол во кариерата во Купот на Италија во победата со 4-2 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ над Специја. Три дена подоцна, на истиот стадион, тој го отворил резултатот во победата со 2-0 над Парма во Серија А. Користен главно како резерва од тренерот Џенаро Гатузо, сезоната ја завршил со 44 настапи и 3 гола.

Во следната сезона, со Лучано Спалети на клупата, тој продолжил да биде користен најчесто како замена.[20] За време на групната фаза од Лига Европа тој постигнал 4 гола, вклучувајќи го и голот што му донел водство на тимот во домашниот натпревар на 30 септември против Спартак Москва, постигнат по само 12 секунди;[21] гол со кој македонскиот играч од средниот ред влегол во историјата со тоа што го постигнал најбрзиот гол на италијански тим во натпреварувањето,[22] но тоа не било доволно за Аѕурите кои го загубиле натпреварот со 2-3. На 9 декември, во последниот натпревар од групната фаза против Лестер Сити, тој го постигнал два гола - за прпат како играч на Наполи -, што им овозможило на наполитанците да го добијат натпреварот (3-2) и да се пласираат во следната фаза.[23] Десет дена подоцна, тој постигнал гол со кој го решил дербито против Милан (0-1), натпревар од рамките на 18-тото коло на Серија А.[24] Третата сезона во синиот дрес ја затворил со 7 гола на 46 настапи.

На 31 август 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во сезоната 2022-2023, во ремито на домашен терен против Лече (1-1), во рамките на четвртото коло од првенството.[25] На 5 ноември го постигнал решавачкиот гол во победата со 2-1 на домашен терен против Аталанта, во 13-тото коло на Серија А.[26] Тој го повторил подвигот една недела подоцна, постигнувајќи гол во домашниот натпревар против Удинезе, кој завршил со резултат 3-2 во корист на партенопеите.[27] На 13 јануари 2023 година, тој го постигнал голот за конечен резултат 5-1 во победата на домашен терен против Јувентус, во 18-тото коло од првенството.[28] На 17 јануари, тој за првпат ја носел капитенската лента на Наполи за време на натпреварот од Купот на Италија против Кремонезе, со што станал вториот најмлад капитен во историјата на клубот по Лоренцо Инсиње.[29] На 4 мај, благодарение на ремито 1-1 на Наполи против Удинезе, тој го освоил првото скудето во својата кариера.[30][31] Сепак, не можејќи да се избори за место во стартната постава ниту во наредната сезона, тој го напуштил Наполи во јануари 2024 година.

РБ Лајпциг и Торино

[уреди | уреди извор]

На 27 декември 2023 година, официјално било објавено дека германскиот клуб од Првата Бундеслига, РБ Лајпциг,[32][33] го купил Елмас за сума од околу 25 милиони евра.[33][34] Македонскиот фудбалер потпишал четири ипол годишен договор со германскиот клуб.[32][33] Тој го направил своето деби за новиот тим на 13 јануари, влегувајќи во игра како замена за Бенџамин Хенрихс во последните минути од поразот на домашен терен со 1-0 од Ајнтрахт Франкфурт.[35]

Откако останал „замрзнат“ во Лајпциг во првата половина од сезоната 2024-2025,[36][37] забележувајќи само 6 настапи во сите натпреварувања, на 30 јануари 2025 година тој се преселил на позајмица со опција за откуп во Торино враќајќи се во Серија А.[38][39] На 14 февруари, тој го направил своето деби за „биковите“, во натпреварот загубен со 3-2 на гостувањето кај Болоња, во рамките на 25-тото коло од првенството; во истиот натпревар, тој го постигнал и својот прв гол во новиот дрес, привремено доведувајќи го својот клуб во водството од 2-1.[40] Своето искуство со Торино го завршил со 13 настапи и 4 гола. И покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите настапи и сакале да го задржат, на крајот Торино не го откупил заради високата сума за откуп побарана од германците и играчот привремено се вратил во РБ Лајпциг.[41]

Враќање во Наполи

[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2025, Елмас се вратил во Наполи на позајмица за која клубот платил 2 милиони евра, со опција за откуп за дополнителни 17 милиони евра.[42][43][44]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Елмас (лево) во дресот на Македонија за време на натпревар против Украина на Европското првенство 2020

Елмас ја претставувал македонската репрезентација во категориите под 16, под, 17, под 18, под 19 и под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 11 јуни 2017 во поразот со 1-2 од Шпанија во Скопје во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018, влегувајќи во игра на местото на Остоја Степановиќ во 46-тата минута. Неколку дена подоцна, тој бил повикан во составот на македонската репрезентација под 21 година за Европското првенство под 21 година во Полска и бил најмладиот играч во составот.[45] Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, по која Македонија го завршила учеството на турнирот со едно реми и два порази.[46]

На 2 септември 2017, го направил својот втор настап за сениорската репрезентација во победата со 1-0 на гостувањето кај Израел во Хаифа, исто така во квалификациите за Светското првенство 2018. Својте први голови (два) за македонската сениорска репрезентација ги постигнал во победата со 3-1 над Латвија во Скопје во квалификациите за Европското првенство 2020.

На 31 март 2021 година, тој го постигнал победничкиот гол со кој Македонија ја победила Германија, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022; со тоа на Германците им бил нанесен само третиот пораз во 87 години во квалификациите за Светското првенство (првите два биле од Португалија во 1985 година и од Англија во 2001 година).[47]

Откако Македонија со победа во баражот над Грузија се пласирала на Европското првенство 2020 (одложено за летото 2021 година поради пандемијата на КОВИД-19), прво историско учество на земјата на натпреварувањето,[48] во јуни 2021 Елмас бил повикан да ја претставува репрезентацијата.[49] Тој ги одиграл сите три натпревари на првенството на кое Македонија во група со Австрија, Украина и Холандија забележала три порази и била елиминирана уште во првата фаза.[50][51]

На 17 октомври 2023 година, Елмас за првпат ја предводел Македонија со капитенската лента во победата со 3-1 во пријателскиот натпревар против Ерменија.[52]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-6-2017СкопјеМакедонија Македонија1 – 2Шпанија ШпанијаКвал. за СП 2018-влегол во игра 46' добил жолт картон во 78-мата минута 78'
2-9-2017ХаифаИзраел Израел0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за СП 2018-влегол во игра 63' добил жолт картон во 84-тата минута 84'
9-10-2017СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за СП 2018-влегол во игра 46'
6-9-2018ГибралтарГибралтар Гибралтар0 – 2Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-влегол во игра 46'
9-9-2018СкопјеМакедонија Македонија2 – 0Ерменија ЕрменијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
13-10-2018СкопјеМакедонија Македонија4 – 1Лихтенштајн ЛихтенштајнУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-
16-10-2018ЕреванЕрменија Ерменија4 – 0Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-влегол во игра 57' добил жолт картон во 2-рата минута 2'
19-11-2018СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Гибралтар ГибралтарУЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза-заменет 73'
21-03-2019СкопјеМакедонија Македонија3 – 1Латвија ЛатвијаКвал. за Евро 20202влегол во игра 23'
24-3-2019ЉубљанаСловенија Словенија1 – 1Македонија МакедонијаКвал. за Евро 2020-
7-6-2019СкопјеМакедонија Македонија0 – 1Полска ПолскаКвал. за Евро 2020-
10-6-2019СкопјеМакедонија Македонија1 – 4Австрија АвстријаКвал. за Евро 2020-добил жолт картон во 26-тата минута 26' заменет 56'
5-9-2019БершеваИзраел Израел1 – 1Македонија МакедонијаКвал. за Евро 2020-
9-9-2019РигаЛатвија Латвија0 – 2Македонија МакедонијаКвал. за Евро 2020-заменет 88'
10-10-2019СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Словенија СловенијаКвал. за Евро 20202
13-10-2019ВаршаваПолска Полска2 – 0Македонија МакедонијаКвал. за Евро 2020-
16-11-2019ВиенаАвстрија Австрија2 – 1Македонија МакедонијаКвал. за Евро 2020-
19-11-2019СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Израел ИзраелКвал. за Евро 2020-
5-9-2020СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Ерменија ЕрменијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
8-9-2020ТбилисиГрузија Грузија1 – 1Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-
12-11-2020ТбилисиГрузија Грузија0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за Евро 2020-
15-11-2020СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Естонија ЕстонијаУЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза-добил жолт картон во 77-мата минута 77' заменет 85'
25-3-2021БукурештРоманија Романија3 – 2Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-
28-3-2021СкопјеМакедонија Македонија5 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за СП 20221
31-3-2021ДисбургГерманија Германија1 – 2Македонија МакедонијаКвал. за СП 20221
1-6-2021СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Словенија СловенијаПријателска1заменет 81'
4-6-2021СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Казахстан КазахстанПријателска-заменет 73'
13-6-2021БукурештАвстрија Австрија3 – 1Македонија МакедонијаЕвро 2020 - Прва фаза-дет.
17-6-2021БукурештУкраина Украина2 – 1Македонија МакедонијаЕвро 2020 - Прва фаза-дет.
21-6-2021АмстердамМакедонија Македонија0 – 3Холандија ХоландијаЕвро 2020 - Прва фаза-дет.
2-9-2021СкопјеМакедонија Македонија0 – 0Ерменија ЕрменијаКвал. за СП 2022-
5-9-2021РејкјавикИсланд Исланд2 – 2Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-
8-9-2021СкопјеМакедонија Македонија0 – 0Романија РоманијаКвал. за СП 2022-
8-10-2021ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 4Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-
11-10-2021СкопјеМакедонија Македонија0 – 4Германија ГерманијаКвал. за СП 2022-
11-11-2021ЕреванЕрменија Ерменија0 – 5Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-заменет 83'
14-11-2021СкопјеМакедонија Македонија3 – 1Исланд ИсландКвал. за СП 20222
29-3-2022ПортоПортугалија Португалија2 – 0Македонија МакедонијаКвал. за СП 2022-заменет 87'
2-6-2022СофијаБугарија Бугарија1 – 1Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-добил жолт картон во 74-тата минута 74'
5-6-2022ГибралтарГибралтар Гибралтар0 – 2Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-заменет 65'
9-6-2022СкопјеМакедонија Македонија0 – 3Грузија ГрузијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-заменет 79'
12-6-2022СкопјеМакедонија Македонија4 – 0Гибралтар ГибралтарУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-заменет 79'
23-9-2022ТбилисиГрузија Грузија2 – 0Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
26-9-2022СкопјеМакедонија Македонија0 – 1Бугарија БугаријаУЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза-
17-11-2022СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Финска ФинскаПријателска-добил жолт картон во 84-тата минута 84' заменет 87'
20-11-2022СкопјеМакедонија Македонија1 – 3Азербејџан АзербејџанПријателска-добил жолт картон во 50-тата минута 50' заменет 76'
23-3-2023СкопјеМакедонија Македонија2 – 1Малта МалтаКвал. за ЕП 20241
27-3-2023СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Фарски Острови Фарски ОстровиПријателска-влегол во игра 54'
16-6-2023СкопјеМакедонија Македонија2 – 3Украина УкраинаКвал. за ЕП 20241
19-6-2023МанчестерАнглија Англија7 – 0Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2024-
9-9-2023СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Италија ИталијаКвал. за ЕП 2024-
12-9-2023Та КалиМалта Малта0 – 2Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 20241
14-10-2023ПрагаУкраина Украина2 – 0Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2024-
17-10-2023СтрумицаМакедонија Македонија3 – 1Ерменија ЕрменијаПријателска-
17-11-2023РимИталија Италија5 – 2Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2024-заменет 72'
20-11-2023СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Англија АнглијаКвал. за ЕП 2024-добил жолт картон во 17-тата минута 17'
22-3-2024БозтепеМакедонија Македонија1 – 1Молдавија МолдавијаПријателска-
25-3-2024БозтепеЦрна Гора Црна Гора1 – 0Македонија МакедонијаПријателска-добил жолт картон во 36-тата минута 36' заменет 46'
3-6-2024РиекаХрватска Хрватска3 – 0Македонија МакедонијаПријателска-
10-6-2024Храдец КраловеЧешка Чешка2 – 1Македонија МакедонијаПријателска-заменет 90'
7-9-2024ТорсхавнФарски Острови Фарски Острови1 – 1Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-
10-9-2024СкопјеМакедонија Македонија2 – 0Ерменија ЕрменијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-добил жолт картон во 39-тата минута 39'
10-10-2024РигаЛатвија Латвија0 – 3Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза1
13-10-2024ЕреванЕрменија Ерменија0 – 2Македонија МакедонијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-
14-11-2024СкопјеМакедонија Македонија1 – 0Латвија ЛатвијаУЕФА Лига на нации 2024-2025 - Прва фаза-заменет 24'
22-3-2025ВадуцЛихтенштајн Лихтенштајн0 – 3Македонија МакедонијаКвал. за СП 2026-дет.
25-3-2025СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Велс ВелсКвал. за СП 2026-дет.
6-6-2025СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Белгија БелгијаКвал. за СП 2026-дет.
9-6-2025АстанаКазахстан Казахстан0 – 1Македонија МакедонијаКвал. за СП 2026-заменет 67'дет.
4-9-2025ПрагаСаудиска Арабија Саудиска Арабија2 – 1Македонија МакедонијаПријателска-влегол во игра 60'
7-9-2025СкопјеМакедонија Македонија5 – 0Лихтенштајн ЛихтенштајнКвал. за СП 2026-заменет 83'дет.
10-10-2025ГентБелгија Белгија0 – 0Македонија МакедонијаКвал. за СП 2026-
13-10-2025СкопјеМакедонија Македонија1 – 1Казахстан КазахстанКвал. за СП 2026-
Вкупно Настапи (10. место) 73 Голови (6. место) 13

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 11 септември 2025.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015-2016Македонија РаботничкиПМЛ111КM31------142
2016-2017ПМЛ336КМ20ЛЕ2[53]1[53]---377
Вкупно Работнички447-51-21---519
2017-2018Турција ФенербахчеТСЛ50КТ20ЛЕ00---70
2018-2019ТСЛ294КТ20ЛШ+ЛЕ2[54]+70[54]+0---404
Вкупно Фенербахче344-40-90---474
2019-2020Италија НаполиА261КИ50ЛШ50---361
2020-2021А332КИ41ЛЕ60СИ10443
2021-2022А373КИ10ЛЕ84---467
2022-2023A366КИ10ЛШ100---476
2023-јан. 2024А112КИ--ЛШ50СИ--162
Вкупно Наполи143141113441018919
јан.-јун. 2024Германија РБ ЛајпцигБЛ140КГ--ЛШ20СГ--160
2024-gen. 2025БЛ20КГ10ЛШ30---60
Вкупно Лајпциг1601050--220
јан.-јун. 2025Италија ТориноА134КИ--------134
2025-2026Италија НаполиА00КИ--ЛШ--СИ--00
Вкупно во кариерата250291925051032036

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Обновено на 27 март 2025
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови
Македонија Македонија
201730
201850
2019104
202040
2021155
202290
2023103
202491
202560
Вкупно7113
2022-2023
2019-2020
2025

Поединечни

[уреди | уреди извор]
2016, 2017[9]
2019[55]
  1. „Македонскиот дијамант избрусен во фамилијарна слаткарница“. off.net.mk. 7 јуни 2021. Посетено на 27 март 2025.
  2. 1 2 3 „ЕЛИФ ЕЛМАС – Приказната за македонскиот „ДИЈАМАНТ"!“. ekipa.mk. 1 јуни 2021. Посетено на 27 март 2025.
  3. „Eljif Elmas kimdir? Eljif Elmas, Türkiye Milli Takımı'nda oynayabiliyor mu?“. Sporx (турски). 17 July 2017. Посетено на 16 March 2021.
  4. На малите терени во школата Форца Вардар Јовче Џипунов создава големи фудбалери Архивирано на 22 март 2019 г. mkd.mk
  5. Sporx (17 јули 2017). „Eljif Elmas kimdir? Eljif Elmas, Türkiye Milli Takımı'nda oynayabiliyor mu?“.
  6. 1 2 3 „L'identikit di Eljif Elmas“. 2019-07-04. Архивирано од изворникот на 2020-09-09. Посетено на 2020-09-09.
  7. 1 2 „Le potenzialità di Eljif Elmas“. Посетено на 8 септември 2019.
  8. Елиф Елмас: од Фенербахче Тефејус, преку Форца, Работнички, Бутоп, па сè до Херенвен![мртва врска] butop.eu.pn
  9. 1 2 „ФОТО: НАЈДОБРИ во македонскиот фудбал“. ffm.mk. 4 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2020-02-19. Посетено на 17 ноември 2020.
  10. „ФФМ ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/2017“. mkd.mk. 16 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 2021-09-23. Посетено на 17 ноември 2020.
  11. Елиф Елмас го одбра Фенербахче! sportmedia.mk
  12. Фенербахче ги откри бројките за Елиф Елмас sportmedia.mk
  13. Талентираниот Елмас дебитираше за Фенербахче (Видео) Архивирано на 31 октомври 2018 г. derbi.mk
  14. ПРВЕНЕЦ ЗА ЕЛМАЗ ВО ДРЕСОТ НА ФЕНЕРБАХЧЕ ,ТРАЈКОВСКИ ПОГОДИ ЗА ПАЛЕРМО Телма
  15. „Елиф Елмас потпиша петгодишен договор со Наполи!“.
  16. „Ancelotti fa esordire Elmas“. 24 август 2019.
  17. „Napoli Liverpool 2-0, Llorrente vendetta compiuta“. Text "18 settembre 2019 Elmas gioiello; Diego Armando Maradona Demme" ignored (help)
  18. „Sampdoria-Napoli 2-4, Elmas e Demme al primo gol in Serie A“. Посетено на 4 февруари 2020.
  19. „Highlights: Napoli 6-0 Genoa“. football-italia. 27 септември 2020. Посетено на 28 ноемвври 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  20. „Napoli, Spalletti: "Abbiamo vinto nelle difficoltà. Elmas sa fare tutto". Посетено на 2022-04-04.
  21. Елмас-експрес! „Дијамантот“ погоди по само 11 секунди игра за водство на Наполи! topsport.mk
  22. „Napoli, il gol di Elmas è da record: il più veloce di una squadra italiana in Europa League“. 30 септември 2021. Посетено на 9 ноември 2022.
  23. „Napoli - Leicester 3-2: Azzurri promossi agli spareggi“. 9 декември 2021. Посетено на 2022-04-04.
  24. „MILAN-NAPOLI 0-1: ELMAS SUBITO, IL VAR AL 90', SPALLETTI SBANCA SAN SIRO“. 20 декември 2021. Посетено на 9 ноември 2022.
  25. „Napoli-Lecce 1-1: Elmas non basta, Colombo gela Spalletti“. 31 август 2022. Посетено на 10 ноември 2022.
  26. „Atalanta-Napoli 1-2: con Osimhen ed Elmas è fuga scudetto“. 5 ноември 2022. Посетено на 10 ноември 2022.
  27. „Il Napoli è irresistibile: 11 vittorie consecutive. Ma che paura nel finale con l'Udinese“. 12 ноември 2022. Посетено на 12 ноември 2022.
  28. „NAPOLI-JUVENTUS 5-1: DOPPIETTA DI OSIMHEN E SUPER KVARATSKHELIA. SPALLETTI IN FUGA A +10, ALLEGRI UMILIATO“. 13 јануари 2023. Посетено на 16 март 2023.
  29. „Елмас стана вториот најмлад капитен во историјата на Наполи“. makfax.com.mk. 18 јануари 2023. Посетено на 28 март 2025.
  30. „Brividi per il gol di Lovric, poi Osimhen mette le cose a posto. E scatta la festa“. 4 мај 2023. Посетено на 7 мај 2023.
  31. „Da Meret a Simeone, chi sono i 27 eroi di Spalletti: i numeri e le storie“. 4 мај 2023. Посетено на 5 мај 2023.
  32. 1 2 „Eljif Elmas verstärkt RB Leipzig ab Januar 2024!“ (германски). 2023-12-27. Архивирано од изворникот на 2023-12-27. Посетено на 2023-12-28.
  33. 1 2 3 Gianluca Di Marzio (27 декември 2023). „Lipsia, ufficiale l'arrivo di Elmas dal Napoli: cifre e dettagli dell'affare“. Gianluca Di Marzio. Посетено на 31 декември 2023.
  34. „Elmas al Lipsia, è ufficiale! Accordo fino al 2028, c'è anche la firma“. Il Mattino. 23 декември 2023. Посетено на 31 декември 2023.
  35. „Che fatica per Elmas al Lipsia: impatto da incubo con la Bundesliga | Goal.com Italia“. www.goal.com. 2024-01-28. Посетено на 2025-01-30. Занемарен непознатиот параметар |lаnguaге= (help)
  36. „Elmas a Lipsia non è contento, non gioca mai (Bild)“ (италијански). 2024-03-08. Посетено на 2025-01-30. Занемарен непознатиот параметар |sito= (се препорачува |website=) (help)
  37. Francesco Landi (2024-11-20). „Quale futuro per Elmas? Il macedone non trova spazio al Lipsia e può lasciare già a gennaio“. Gonfia la Rete (италијански). Посетено на 2025-01-30.
  38. „Eljif Elmas wechselt per leihe zum FC Turin!“ (германски). 30 јануари 2025. Посетено на 30 јануари 2025.
  39. „Elmas al Torino“. 30 јануари 2025. Посетено на 30 јануари 2025.
  40. „Serie A: Bologna-Torino 3-2 - Calcio - Ansa.it“. Agenzia ANSA (италијански). 2025-02-14. Посетено на 2025-02-14.
  41. „Торино нема да го задржи Елмас - прескап им е!“. sport1.mk. 13 мај 2025. Посетено на 11 септември 2025.
  42. „Per Leihe: Eljif Elmas schließt sich der SSC Neapel an“ (германски). Посетено на 1 септември 2025. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  43. „Ufficiale l'ingaggio di Elmas“. 1 септември 2025. Посетено на 1º settembre 2025. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  44. „Elmas torna al Napoli, è ufficiale: cifre, formula e dettagli del trasferimento dal Lipsia“. www.goal.com (италијански). 2025-09-01. Посетено на 2025-09-01.
  45. „Благоја Милевски ги избра седумтемина од генерацијата 1996/97 за ЕП во Полска - ФФМ - Фудбалска федерација на Македонија“.[мртва врска]
  46. Еден бод и четири постигнати гола за Македонија на првото, историско Европско првенство (ВИДЕО) Архивирано на 22 март 2019 г. mkd.mk
  47. „Pandev ed Elmas battono la Germania: clamorosa impresa della Macedonia“. 31 март 2021.
  48. „Македонија е на Европско!“. ФФМ. 12 ноември 2020. Посетено на 28 март 2025.[мртва врска]
  49. „Ангеловски го соопшти списокот за ЕВРО 2020: Со Чурлинов и Милан Ристовски на ЕП!“. ekipa.mk. 20 мај 2021. Посетено на 28 март 2025.
  50. „ЕВРО 2020: Северна Македонија загуби од Холандија“. aa.com.tr. 21 јуни 2021. Посетено на 28 март 2025.
  51. „Tre su tre, l'Olanda come gli Azzurri. La Macedonia a casa senza punti“. 2021-06-21. Посетено на 2023-12-28.
  52. „ВИДЕО: Елмас „диригираше", Македонија ја преслуша Ерменија во Струмица!“. gol.mk. 17 октомври 2023. Посетено на 29 март 2025.
  53. 1 2 Во квалификациите
  54. 1 2 Во третото квалификациско коло
  55. „Доделени наградите и признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал“. ffm.mk.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]