ФК Академија Пандев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Академија Пандев
Akademija Pandev 2017 Logo.png
Основан2010
СтадионСтадион „Благој Истатов“, Струмица, Македонија Македонија
ТренерЈугослав Тренчовски
ЛигаПрва македонска фудбалска лига
2019/20202-ри
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Академија Пандев е македонски фудбалски клуб од градот Струмица. Од 2017 година е дел од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев е проект на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Тимот оваа сезона натпреварите ги игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Најголемиот успех на клубот во натпреварувањата е пласманот во квалификациите за Лига Европа во 2019 година преку победата во финалето од Купот на Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Спортскиот центар „Пандев“ во 2019 г. за време на контролен натпревар меѓу Академија Пандев и Вардар

Клубот е создаден во 2010 година како академија која работи само со младинските категории, но од 2014-та формира свој прв тим и започнува да се натпреварува во сениорските лиги.

Покрај сениорскиот тим, во 2014 година Горан Пандев инвестира и во спортската инфраструктура. Истата година започнува изградбата на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица, во непосредна близина на градскиот стадион, кој во иднина треба да послужи како официјален терен на Академијата. Овој центар треба да претставува модерен мултифункционален објект за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.[1]

Откако го формира својот сениорски тим во 2014 година, Академијата го започнува својот пат од најниската, општинската лига. По една сезона во општинската, и друга во Третата лига, тимот се пласира во Втората лига каде има уште една успешна сезона и во 2017 година го обезбедува својот влез во најелитната Прва македонска фудбалска лига.[2]

Академија Пандев го отвора својот пат кон европскиот фудбал во 2019 година кога ја победува Македонија ЃП во финалето од Купот на Македонија.[3] Тимот на Тренчовски дебитира во квалификациите за Лига Европа против Зрињски од Мостар. Првата средба против Зрињски, Академијата ја игра на Националната арена во Скопје каде неславно губи со 0:3, а втората средба во Босна и Херцеговина исто така завршува со 3:0 за тимот од Мостар.[4][5]

Успеси[уреди | уреди извор]

Европски натпревари
Сезона Натпреварување Коло Држава Клуб Резултат
2018/19 УЕФА Лига Европа 1 коло кв.  Босна и Херцеговина Зрињски 0-3, 0-3

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пандев почна да го гради спортскиот центар во Струмица“. МКД.мк. 1 јули 2014. конс. 9 ноември 2019. 
  2. „Пандев воведе европски терк на работа во неговата академија, од општинска до прва лига стигна за три години“. Сакам Да Кажам. 31 мај 2017. конс. 9 ноември 2019. 
  3. „Академија Пандев по пенали до историја, го освои Купот на Македонија“. gol.mk. 22 мај 2019. конс. 9 ноември 2019. 
  4. „„Пандевци“ неславно тргнаа во Европа, убедливо загубија од Зрињски“. gol.mk. 11 јули 2019. конс. 9 ноември 2019. 
  5. „Зрињски им одржа нова лекција на „пандевци“ и ги елиминира од Европа“. gol.mk. 18 јули 2019. конс. 9 ноември 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]