Фудбалска федерација на Македонија
| УЕФА | |
|---|---|
| Основана | 1926/1948 |
| Примена во ФИФА | 1994 |
| 1994 | |
| Претседател | Масар Омерагиќ |
| Мрежно место | ffm.mk |
Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ) — главно раководно тело во структурата на македонскиот фудбал. Основана е во 1926 година.
Историјат
[уреди | уреди извор]Првиот фудбалски натпревар во Македонија се одиграл на 20 април 1919 година во Скопје. Тоа бил натпревар помеѓу екипата на Напредак од Скопско и екипата на Англиската армија, кој Прогрес го добил со 2:0. Во спомен на тој настан, по повод прославата на 70-годишнината од почетокот на фудбалот во Македонија во 1979 година, на местото на првото фудбалско игралиште бил подигнат споменик во форма на фудбалска топка.
Раководство
[уреди | уреди извор]За прв претседател на ФФМ бил избран Љубисав Иванов - Ѕинго, кому противкандидати му биле Филип Ѓурчиновски, Милорад Георгиевски, Ванчо Георгиевски и Трајан Бендевски, а во вториот круг останале само Иванов и Бендевски. Потоа, за претседател на ФФМ бил избран Ламбе Арнаудов, кому противкандидат му бил Љубисав Иванов - Ѕинго. На челната позиција на ФФМ, Арнаудов бил заменет од Хари Хаџиристески, кој го победил противкандидатот Дарко Панчев.[1]
На 18 февруари 2017 година, на Изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски бил повторно избран за претседател на ФФМ, со 91 глас (едно ливче било неважечко), а истовремено биле избрани и Управниот одбор, Надзорниот одбор и повеќе комисии.[2] На Изборното собрание, Ѓорѓиоски немал противкандидат, откако претходно била елиминирана кандидатурата на Мирсад Јонуз.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фудбалска федерација на Македонија Архивирано на 23 јули 2008 г.
- Macedonian Football (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Атанас Костовски, „Македонскиот фудбал и официјално двојазичен!“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 11.
- ↑ „Илчо Ѓорѓиоски реизбран за претседател“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 23.
- ↑ Атанас Костовски, „Македонскиот фудбал и официјално двојазичен!“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 11.
| ||||||
