Секоја општина која има активен општински фудбалски сојуз (ОФС) може да одржува општинска фудбалска лига. Секој ОФС диктира како ќе биде одржано натпреварувањето во соодветната лига. На крајот на сезоната, победниците на општините обезбедуваат директен пласман во Третата лига или играат бараж за унапредување, зависно како соодветниот ОФС одлучил околу натпреварувањето. Во случај на постоење на Б - општинска лига (петти ранг на квалитет), последните пласирани две или една екипа од конкретната општинска А лига се селат во општинската Б лига или играат бараж за опстанок. Спротивно на нив, победниците од Б лига обезбедуваат пласман во А лигата или играт бараж за унапредување.