Фудбалска федерација на Босна и Херцеговина
Изглед
| ФФ Босна и Херцеговина | |
|---|---|
| Основана | 1992. |
| Член на ФИФА од | 1996. |
| Член на УЕФА од | 1998. |
| Претседател | Елведин Бегиќ |
| Прв потпретседател | Богдан Чеко |
| Втор потпретседател | Иљо ДОминиковиќ |
Фудбалска Федерација на Босна и Херцеговина е федерација која се залага за организација и развој на фудбалот на просторот на цела Босна и Херцеговина.
Со распадот на СФР Југославија престанала да постои и Фудбалската Федерација на СР Босна и Херцеговина. Во април 1992 била основана Фудбалската Федерација на Босна и Херцеговина која веднаш побарала членство во УЕФА и ФИФА. Поради воените дејствија и немајќи ги условите за работа, примена е дури во 1996 година како полноправен член на ФИФА и придружен член на УЕФА. На состанок на УЕФА во Даблин, Ирска, 1988 година ФФБиХ станала полноправна членка на УЕФА.
