ФК Работнички

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Работнички
FC Rabotnicki.jpg
Целосно име Фудбалски клуб Работнички
Прекар(и) „Романтичари“
„Железничари“
„Дебармаалци“
„Херојот“
Основан 4 октомври 1937; пред 80 години (1937-10-04)
Терен Телеком арена
(Капацитет: 33.460)
Претседател Драган Поповски
Тренер Виктор Треневски
Лига Прва македонска фудбалска лига
2016/2017 3ти
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Активни оддели на ЖСД Работнички
Football pictogram.svg Basketball pictogram.svg Handball pictogram.svg
Фудбал Кошарка Ракомет

ФК Работнички е македонски фудбалски клуб од Скопје. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига.

Историја[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот интерес на Дебармаалци[уреди | уреди извор]

Дебар Маало е населба на десниот брег на реката Вардар веднаш до Градскиот Парк. Насте Дуковски, еден од првите активисти на Работнички вели дека Дебар Маало имало само четири-пет куќи кога неговото семејство во 1922 година се населило доаѓајќи од Дебарско. Главно се населувале семејства кои доаѓале од Дебар, Галичник и Тетово и тоа најповеќе оние кои се занимавале со ѕидарскиот занает.

Дебар Маало спаѓа меѓу шестте скопски населби кои се граделе од 1923 до 1928 година. Покрај Македонците, го населиле и Срби и нешто Црногорци главно дојдени по Првата светска војна. Во правец на Тафталиџе и селото Долно Нерези се протегале широки полјани на кои младите од Дебар Маало по цел ден играле фудбал. Младинците кои биле вработени едвај чекале да помине долгиот работен ден или да дојде неделата за да се соберат тука и да заиграат топка на две голчиња, а помладите како да не ги познавале другите детски игри – и ним фудбалот им бил најомилен. Неделите и неработните денови биле празник на фудбалот и на сите полјани во Дебар Маало се играло фудбал. Оние со поголемо фудбалско знаење, пак, ги користеле игралиштата на познатите скопски екипи Граѓански и ССК во Градскиот Парк.

Во Дебар Маало постоеле две кафеани: едната се викала „Нада“ и била сопственост на Трајко Георгиевски – Ќорот, а другата „Јавор“ на Радомир Вукичевиќ. Овие две кафани биле главно сврталиште на младите дебармаалци кои тука навраќале секојдневно. Кога не биле на фудбал или во кафеана, младите крстосувале по околните овоштарници или ја посетувале Руската плажа на Вардар.

Во периодот меѓу двете светски војни Дебар Маало се истакнало како една од најпознатите револуционерни населби во Скопје. Дебармаалци речиси исклучиво и припаѓале на работничката класа и секојдневно на своја кожа ја чувствувале репресијата на тогашниот српски режим. Со своите напредни револуционерни идеи се истакнувале многу личности кои подоцна ќе останат запишани како херои во историјата на македонскиот народ, а меѓу нив предничел Дане Крапчев кој најмногу се истакнал во формирањето и организацијата на Фудбалскиот клуб Работнички.

Сфаќајќи ја важноста на фудбалот и моќта која тој ја има и увидувајќи го ентузијазмот за оваа игра како и револуционерната свест на младината, Дане Крапчев ја добил идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало и сите случувања (спортски и револуционерни) во тој дел на градот.

И многу пред формирањето на ФК Работнички младите посакувале и се обидувале да формираат и регистрираат свој фудбалски клуб. Постоеле повеќе обиди за вакво нешто но сите завршувале неуспешно. Ваквите желби биле особено актуелни во 1935 и 1936 година кога постоел голем број на локални екипи кои играле меѓусебно, но ниту една од нив не го прераснала маалскиот, локален карактер. Во ова време ниту тогашната власт не била расположена да разговара за ваквите предлози бидејќи во Дебар Маало имала свое здружение наречено „Хумано-културно друштво Дебар Маало“ преку кое режимот сакал да ја истакне својата „грижа“ за сиромашната работничка класа, но неговата активност згаснала при крајот на 1936 година.

Пролетта 1937 кулминирало прашањето за постоење на организиран фудбалски клуб преку кој оваа средина би се претставила во градот и пошироко. Младите загреано дискутирале дека во маалото може да се состави солидна фудбалска екипа која би била подобра од половина постоечки клубови во Скопје, која би имала најверна публика и слично. Прашањето се поставило во најсериозна форма и постарите повеќе не можеле да молчат и морале да се вклучат во оваа акција. Во меаните кај Трајко и Радомир кои биле сврталиште на младите, во овој период започнало да се расправа за основањето на фудбалскиот клуб и неговото егзистирање.[1]

Формирање[уреди | уреди извор]

Во судбинската 1937 неколку настани биле клучни за формирањето на клубот. Најважниот момент се случил на собирот на повлијателните младинци во собата на Дане Крапчев. Тој внимателно ги сослушал сите мислења, а со неговите особини, трпеливост и почитување веќе ги освојувал луѓето, а поради широките познавања се здобил со голем авторитет. Со избрани и убави зборови дал образложение за предлогот да се формира фудбалски клуб, проширувајќи ја концепцијата дека во неговите рамки треба да се формира и библиотека, како и шаховска секција што ќе овозможи масовно опфаќање на младината од Дебар Маало. Неговиот предлог бил едногласно прифатен.

Името Работнички го предложил Дане Крапчев на споменатиот собир, иако според кажувањата на повеќе сведоци, сите потсвесно посакувале такво име. Жителите на овој крај произлегувале од работнички семејства, од работничка средина и кога го слушнале името веднаш го прифатиле. Тоа име ги освоило, се впило во нивните срца и во него гледале нешто возвишено. Тоа име ги исполнило со гордост, фудбалскиот клуб ќе го носи името на класата на која и припаѓаат, се почувствувале среќни дека и на ова поле ќе имаат свој достоен претставник. Активистите на клубот од овој период се сеќаваат дека името Работнички и предложената црвена боја на дресовите биле настан кој ги воодушевил и возбудил сите дебармаалци.

За основањето на клубот и неговото официјално регистрирање требало да се совладаат доста пречки и потешкотии. За клубот да биде регистриран пред надлежниот орган требало да се спроведе постапка која се предвидувала со повеќе правила. Надлежниот орган било Министерството за физичко воспитување на народот на Кралството Југославија од Белград, а пак претходна согласност требало да се добие од Кралската банска управа на Вардарска Бановина во Скопје и управата на Скопскиот фудбалски потсојуз. Последниов всушност бил фудбалското раководство на целата Вардарска Бановина.

Основачкото собрание на клубот било одржано во втората половина на 1937 година (точната дата не може да се пронајде во документите), во кафеаната „Нада“ на Трајко Георгиевски – Ќорот едно неделно претпладне во бавчата на кафеаната во сенката под лозницата. На собранието биле присутни 30-40 лица меѓу кои биле играчите, а имало и некои видни граѓани, како и претставници на други фудбалски клубови од градот. Плановите за иднината на клубот ги претставил кандидатот за претседател Александар Танев. Во неговото обраќање бил изнесен и предлогот клубот да го носи името Спортски Клуб Работнички Скопје со седиште во Скопје, во Дебар Маало, а адреса на просториите на клубот немало потреба да се назначи, бидејќи било доволно да се каже Дебар Маало.

Правилата на клубот биле подготвувани неколку месеци. Клучно прашање во тој момент било кои лица ќе се јават како основачи, т.е. кои лица ќе одговараат за исправноста на клубот пред власта. Имено, требало да се предложат лица кои од една страна ќе се борат за интересите на клубот, но пред органите на власта би биле политички чисти. Тоа требало да бидат личности со одреден авторитет, позиција во општеството, сериозни и почитувани, во кои власта би имала доверба. Заради својата револуционерна дејност, Дане Крапчев не смеел да фигурира во официјалните документи на клубот ниту да се наоѓа на било каква клупска позиција. По долгите договарања и широките консултации, како предлагачи биле назначени Александар Танев, Благоја Јовановски и Дамјан Жантев – авторитетни граѓани од Дебар Маало кои ги потпишале правилата на клубот.

Велешанецот Ацо Танев бил предложен за претседател на клубот заради својата револуционерна дејност, но и политички чиста личност пред власта на тогашната Вардарска Бановина заради која вршел функција во градската општина. Подоцна, првиот претседател на Работнички во една интервју на прашањето што го привлекло кон овој клуб ќе одговори: „Ме привлекоа луѓето. Живеев меѓу нив, во таа сиромашна работничка средина. Луѓето беа добри, посебно младинците. Во таа сиромаштија го сакаа спортот и веќе играа фудбал во некои маалски екипи кои имаа свои имиња. Ги обединивме сите во еден клуб на кого му дадовме име Работнички, односно тогаш Раднички. Името беше класна определба. Кога баравме дозвола на претставниците на власта требаше да им објаснуваме зошто го бараме тоа име и црвената боја. Мене скоро пет часа ме сослушуваа во Управата. Јас давав аргументи кои ги сметав за убедливи. Власта го прифати името но црвената боја не. На власта многу добро и беше познато што значи црвената боја за револуционерното движење, дека тоа е познат симбол и заради тоа не ја прифатија и енергично бараа тој став во правилникот во однос на бојата да се измени.“

Членовите на иницијативниот одбор поради ова барање на власта по многу разговори и договарања се договориле да ја предложат црната боја за боја на клубот. Немале избор, морале да тактизираат, неприфаќањето на овој услов можело да го оневозможи основањето на клубот.

Во официјално одобрената боја на дресовите – црна, екипата ги одиграла само двата квалификациони натпревари, за потоа дресовите да бидат заменети со традиционалните црвени кои Работнички ги носи до ден денес. На натпреварот во Тетово со Љуботен во 1938. година полицијата барала играчите да настапат во дресовите кои се предвидени со правилникот бидејќи во спротивно воопшто нема да може да настапат. Играчите и управата ја надмудриле полицијата излегувајќи на теренот со дресови во темноцрвени дресови. Знаејќи го ова, навивачите при влегувањето на играчите на теренот и во текот на целиот натпревар екипата ја поздравувале со скандирање „црвени, црвени“.

Имињата на активистите полицијата на Вардарската Бановина долго и детално ги проверувала. Дебармаалци и тука ја надиграле полицијата одбирајќи личности кои не биле компромитирани, а во исто време биле револуционерни дејци. Љубо Ѓурашковиќ, Александар Санде Мицковски, Борис Мисајловски, Киро Ангеловски – Шапкарот, како и синовите на Трајко Георгиевски – Ќорот: Димко Георгиевски и Никола Георгиевски биле првите активисти на новоформираниот Работнички, а кафеаната „Нада“ долго време била економат и соблекувална на клубот.

Покрај сите проблеми, на клубот му се заканувало и нерегистрирање и поради дејностите на „жолтите синдикати“ односно Југорас (Југословенска радничка странка) која всушност претставувал предавнички синдикат организиран од буржоаската влада која сакала да ги отстрани работниците од суштината на класната борба. Југорас бил собир на разни отпадници кои ја имале улогата на штрајк-брејкери и дејствувале против единството и револуционерноста на работничката класа во тоа време. Во исто време кога дебармаалци поднеле барање за формирање клуб со име Работнички, Југорас поднел исто такво барање за формирање на клуб со истото име. Меѓутоа вистинскиот Работнички покрај љубовта и ентузијазмот на дебармаалци, веќе ги освојувал и симпатиите на целиот град и тоа бил главен фактор кој придонел барањето на Југорас да биде одбиено. Подоцна Југорас најпрво правел напори да го стави Работнички под своја контрола со ветувања за материјална помош, а откако оваа понуда била одбиена се обиделе и со закани да ги заплашат дебармаалци. Сепак, со обемна акција организирана и предводена од Дане Крапчев клубот успеал да им одолее на овие напади.

После сите неволји, проблеми и премрежја со актот број 8666 од 4 октомври 1937 година, одн. сл. бр. 6697/37, правниот назив на оваа новооснована спортска организација бил: Спорт Клуб „Раднички“

Анализирајќи ги натаму одредбите од правилникот, може да се заклучи дека терминот „Спорт клуб“ се однесува на сегашната организациска форма „Спортско друштво“, што самото по себе го зголемува значењето на Работнички. Тоа значи дека ФК Работнички не е формиран како фудбалски клуб, туку неговата организациска форма отсекогаш била спортско друштво.[2]

Херојот е роден[уреди | уреди извор]

По регистрацијата на СК Работнички во Белград и одобрувањето на неговите правила, екипата нестрпливо ги чекала првите натпревари. Скопскиот фудбалски потсојуз ги одредил екипите на ФК Вардар Топаана и ФК Олимпија да бидат првите противници на Работнички во квалификационите натпревари поради тоа што секоја новоформирана екипа морала да одигра два приемни натпревари за да се оцени нејзиното фудбалско знаење. ФК Вардар Топаана бил еден од најстарите клубови во Скопје кој во натпреварувачката 1937/38 настапувал во Првиот разред во првенството на Град Скопје. ФК Олимпија е формирана подоцна и учествувала во првенството на Вториот разред. Со голем полет и желба за самодокажување Работнички ги одиграл овие два натпревари во висок стил. Вардар го поразил високо со 6:1, додека Олимпија ја победил со 2:1. Натпреварите биле одиграни пролетта 1938 година, по кои Потсојузот го вклучува Работнички во Вториот разред.

Натпреварувачката 1938/39 е првата официјална сезона на ФК Работнички. Од петте екипи го освоил четвртото место со само еден бод помалку од второпласираната Слога и третопласираниот Рапид. Одиграл осум натпревари од кои победил на четири, а исто толку изгубил. Освоил вкупно осум бодови со гол-разлика 14:11 која всушност била подобра од двете екипи пласирани пред него. Таа сезона победник на Вториот разред била екипата на Олимпија која преминала во повисок ранг.

Веќе во втората своја сезона (1939/40), полетноста и фудбалското знаење Работнички ги докажал во голем стил освојувајќи го Вториот разред во конкуренција на шест екипи. Во десетте натпревари екипата немала ниту еден пораз, само еден нерешен резултат и убедлива гол-разлика 45:6. Освоени биле деветнаесет бодови, шест повеќе од второпласираната екипа. Како првак на Вториот разред, Работнички преминал во најсилната градска лига.

Првенството во сезоната 1940/41 не го доживеало својот крај, а во оние малку натпревари кои ги одиграл Работнички забележал една победа, две нерешени и еден пораз. Дел од првотимците на клубот во тоа време меѓу кои Благоја Мисајловски, Михе Ивановски, Стефан Стефановиќ – Треф, Василие Терзиќ – Кореа, Никола Таневски и други се приклучиле кон активностите на партизанското движење во Македонија па во такви околности за нив фудбалот станал второстепена активност и често отсуствувале од тренинзите и натпреварите.

Покрај гореспоменатите револуционери, за првата екипа во тој период настапувале: Станко Сенковски – Караман, Илија Кокиновски, Коста Ангеловски – Шапкарот, Трајко Николовски, Насте Дуковски, Борис Богоевски – Будо, Крсто Георгиевски, Тошо Венинов, Роман Лечевски, Бошко Димовски – Џамџија, Санде Богоевски, Димче Русјаковски, Бошко Тонев, Милан Качаревиќ, Ване Петровски, Душко Атанасовски, Киро Николовски, Васко Кокиновски, Васе Богоевски, Стевче Попчевски, Мазлам Карабиш, голманот Мумла, Трајче Василевски – Шипош, Анте Андоновски – Кула и секако човекот чие име вечно ќе биде запишано во аналите на клубот, Митко Каварџик кој со сопствени средства ги купил првите дресови на ФК Работнички.

Во овој период Работнички немал изградено игралиште, па тренинзите ги одржувал на полјаните во Дебар Маало. Првото игралиште на клубот се наоѓало кај сегашната барака на Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор на плацот на големопоседникот Владан Поповиќ. Овие игралишта биле нермани тревнати терени на кои биле поставени стативи, а натпреварите Работнички ги играл на терените на ССК и Граѓански.

Носејќи ја во себе чесноста како одраз на домашното воспитување и сиромаштијата како белег на тогашните социјално-политички прилики, овие младинци делеле и добро и зло и растејќи заедно се вклопиле во организираниот живот на спортскиот колектив Работнички. Овие оценки биле дадени во написот во весникот „Глас Југа“ (бројот од 1 јануари 1941 година) кој излегувал пред војната во Скопје. Авторот кој се потпишал со иницијалите Б.К. дава позитивна оценка за клубот, велејќи дека младата екипа основана пред само неколку години веќе избила во редот на најдобрите скопски фудбалски екипи. „Во него играат сосема млади играчи, никој не постар од 20 години, работници и пред се добри другари кои извонредно се сложуваат и меѓусебно почитуваат како на теренот, така и вон него.“

За љубовта кон Работнички и симпатиите кои клубот набрзо ги освоил низ целиот град зборува и податокот дека пред секој натпревар во продажба биле пуштани преку 1000 влезни билети кои најчесто биле премалку за сите оние кои сакале да го гледаат Работнички. Билетите ги продавале главно во Чаршијата, по дуќаните, кај службениците и работниците кои со тоа директно го помагале клубот. Работнички најмногу приврзаници имал во Дебар Маало кои редовно давале доброволен прилог и плаќале чланарина. Од овој крај редовно доаѓале по неколку стотини верни навивачи. Во тие први години се создавала традицијата за верност кон клубот, љубовта кон клубот растела од ден во ден, а се воздигнувало се што Работнички претставувал за народот. Оваа љубов продолжила со несмален интензитет и во тешките години кои следувале, а својата кулминација ја доживеала по ослободувањето. Скопјани се радувале, тагувале, често биле разочарани, но никогаш не го напуштиле својот клуб и неговите спортисти.

Во последните денови на 1939 година било одржано второто годишно собрание на Работнички. На ова собрание во Управниот одбор биле избрани Дамјан Жантев за претседател, Александар Ѓерѓановиќ за прв секретар, Љубо Ѓурашковиќ за втор секретар, Димко Георгиевски за благајник и Димитар Таневски за економ. Жантев бил долгогодишен функционер во клубот, имал своја приватна месарница во Дебар Маало и преку неа клубот го помагал сесрдно. Секретарите Ѓерѓановиќ и Ѓурашковиќ кои биле Црногорци по потекло, живееле во Дебар Маало и биле блиски соработници на Дане Крапчев.

Во овој период Работнички преку Дане Крапчев и секретарите на клубот воспоставил контакти со работничките спортски клубови Раднички Крагујевац, Вележ Мостар, Борац Бања Лука и Солин Сплит меѓутоа до официјални пријателски натпревари не дошло поради тоа што активистите на Работнички биле под постојана присмотра од полицијата на Вардарската Бановина. Со цел клубот да не се најде под репресија на режимот, средбите постојано се одложувале.[3]

Спортска активност во периодот 1941-1944[уреди | уреди извор]

Во месец јуни 1941 година бугарската национална спортска федерација решила за свои членови да ги прими клубовите од „ослободените земји“. Со ова решение се формирале две нови спортски области со седиште во Скопје и Битола. Работнички, односно сега веќе Свобода, станал член на Скопската спортска област и бил примен во „Прва дивизија“ (прва градска лига) во која уште настапувале Ботев, ЖСК и Вардар Топаана. ФК Македонија станала член на „Елитната дивизија“ (национална лига на Бугарија).

Првенството на Скопската спортска област започнало во април 1942 година. Се играло во еднокружен систем, а Работнички ги загубила првите два натпревари и тоа со Вардар Топаана 0:2 и со ЖСК 1:3. Бидејќи ги освоиле првите две места, овие екипи имале право да учествуваат во квалификациите за Елитната дивизија. Работнички го освоил третото место.

Во слободните термини се одигрувале многу пријателски натпревари, а еден од нив бил забележан и од „Скопски весник“. Работнички и ЖСК одиграле пријателски натпревар во кој ЖСК бил голем фаворит и се очекувала негова лесна и брза победа, меѓутоа Работнички се прикажал во добро издание и стигнал до нерешен резултат 2:2. Понатаму весникот забележува: „Важно и радосно е за Скопје што се формираат екипи кои со малку повеќе труд и време ќе и бидат рамноправни противници на ФК Македонија на спортското поле.“

Новото првенство започнало во месец септември 1942 година. Клубовите од Скопската спортска област биле поделени во три групи: Скопска, Кумановска и Велешка. Во првото коло Работнички го победил Ботев со 4:1, што било оценето како големо изненадување бидејќи претходно Ботев го победил Вардар Топаана – првакот од претходното првенство. Другите два натпревари со ЖСК и Вардар ги загубил со 0:4 и одново се пласирал на третото место.

По завршувањето на есенскиот дел на лигата во Скопје се одиграл Зимскиот фудбалски Куп. Работнички во првото коло го победил Ботев со 2:1, а во второто се сретнал со Македонија. Овој натпревар се одиграл на 21 декември 1942 година. Македонија победила со 5:0, а на полувреме било 2:0. За овој натпревар „Скопски весник“ ќе забележи: „ФК Македонија настапи со подмладен состав и само тројца првотимци. Се сретна со екипата на скопските работници. Иако Македонија цело време ја држеше играта во свои нозе, Свобода прикажа упорна игра.“ Интересно во овој текст е тоа што името „Свобода“ се споменува само еднаш, а инаку Работнички постојано е ословуван како „клуб на скопските работници“ што јасно става до знаење дека јавноста во градот добро знаела за кој клуб станува збор и кој е неговиот вистински идентитет.

Во овој период под стручното раководство на тренерот Илеш Шпиц, ФК Македонија изградила многу квалитетен состав кој поради војната не успеал да ги докаже своите предности. Бидејќи во 1942 година Работнички се префрлил на фудбалското игралиште во Градскиот Парк каде и денес се наоѓа, често пати биле одигрувани тренинг-натпревари со екипата на соседот – ФК Македонија.

Интересно е да се напомене дека бугарската културно-просветна организација „Труд и радост“ се обидувала да ги врбува СК Вардар Топаана и СК Ботев да работат и опстојуваат под нејзин патронат. Во „Скопски весник“ било објавено дека била постигната согласност меѓу околиското работничко здружение и управниот одбор на СК Ботев „кој е клуб составен исклучиво од работници“ истиот да стане „Работнички Спортски Клуб“ на ова здружение, со ветување дека бугарскиот работнички сојуз овој нов клуб ќе го снабдува со сета неопходна опрема, а како прва помош му пратил 50.000 лева.

Својата асимилаторска политика бугарскиот окупатор се обидувал да ја спроведе и во спортот. На овој начин се обидел да врбува и спортски екипи. Интересно е дека во таа програма не го предвидувале Работнички, т.е. Свобода.

Во месец август 1943 година се одржал пријателски турнир на кој учествувале четири скопски екипи: Македонија, Вардар, Балкан и Работнички. Во полуфиналето Македонија го победила Работнички со 4:1 (2:1).

Новото првенство започнало во месец септември 1943 година и предизвикало голем интерес поради вклучувањето на ФК Македонија во Скопската лига. Имено, незадоволни од тоа како екипата била третирана во националната лига на Бугарија, ФК Македонија решила да се приклучи во натпреварите од Скопската лига. Во ова првенство Работнички забележал четири победи и два порази. Шар бил победен со 4:0, Ботев со 5:1, Балкан 2:1, од Македонија бил забележан висок пораз од 1:10, Вардар бил победен со резултат 5:3, а бил забележан и пораз од ЖСК но резултатот од натпреварот не е познат. Со завршувањето на третото место на табелата зад Македонија и ЖСК, оваа сезона е оценета како солидна за ФК Работнички.

Покрај солидните резултати на теренот, оваа сезона ќе биде забележана и како трагична заради судбината на еден од фудбалерите на клубот – Томо Кокиновски кој на натпреварот со Шар добил силен удар во ногата и скршеница на потколеницата. Поради ненавремената интервенција на ногата се јавила гангрена и истата морала да биде ампутирана. По повод овој настан, во месец декември 1943 на семејството на Кокиновски од страна на бугарскиот Спортски клуб Левски од Софија му биле донирани 6.000 лева. Имено, бил закажан пријателски меч меѓу ФК Македонија и Левски Софија. Во најавата за оваа средба „Скопски весник“ ќе напише: „Целиот приход од овој натпревар е за помош на настраданиот играч на СК Работнички, Томо Кокиновски, кој од пред извесно време остана без едната нога. На вчерашниот состанок на софискиот СК Левски спроведена е акција за собирање помош меѓу членовите на управниот совет на клубот за настраданиот Кокинов. Уште веднаш била собрана сума од 6000 лева која во недела треба да биде доставена во Скопје и предадена на Кокиновски.“

Во месец март 1944 година започнале натпреварите од новото првенство. Во првото коло Работнички катастрофално го поразил Ботев со 12:1 (4:0). Во екипата на победникот најдобар во одбраната бил Таневски, а во нападот Димитровски и Атанасовски кој постигнал шест голови. Работнички одиграл 2:2 против екипата на Вардар Топаана, а бил поразен од ЖСК и повторно завршил на третото место.

Како што претходно беше изнесено, спортската активност на Работнички во 1944 година била сериозно намалена, а во летото истата година и престанала. Речиси сите членови на екипата и управата на клубот биле вклучени во завршните операции за конечното ослободување на градот и земјата, а активноста на Работнички продолжила во слободна Македонија.

Во периодот за време на војната (1941-1944) за ФК Работнички односно Свобода настапувале следните спортисти: Стојан Видински, Атанас Геџо Јанакиевски (голмани), Душко Миркуловски, Киро Николовски, Трајка Николовски, Васко Кокиновски, Никола Таневски – Јанде, Благоја Мисајловски, Михе Ивановски, Александар Сандре Богоевски, Бошко Димитровски – Џамџија, Благоја Маневски – Жапче, Тошо Венинов, Миле Јовановиќ, Толе Кокиновски, Стојче Костовски – Толчи, Димитар Димитровски – Циц, Славко Матовски, Душко Атанасовски, Игнат Матеев, Митко Танев – Каварџик, Трајко Василевски – Шипош, Богоев, Кула и Зија.[4]

Возобновување (1945-1949)[уреди | уреди извор]

Уште во првите месеци по ослободувањето на Скопје, поранешните членови на ФК Работнички кои се наоѓале во градот, а сега на различни функции во народната власт, на разни воени должности, во претпријатијата што се обновувале и формирале, започнале со подготовките за обновување на дејноста на клубот. Подготовките се вршеле во текот на зимата 1944 година, за со доаѓањето на пролетта 1945 година активните членови на клубот да излезат на зелениот терен на своите први тренинзи во ослободениот град.

Ова бил малуброен состав бидејќи половина и повеќе од играчите се наоѓале надвор од градот во воените единици кои се бореле на Сремскиот фронт или во единиците кои ги гонеле остатоците на балистите и други банди. Некои од нив биле во Првата ударна младинска чета на акција во Скопска Црна Гора.

Меѓу иницијаторите за обновување на работата на клубот како посебно активен се истакнал Трајан Ивановски кој во клубот од 1940 до 1944 година се наоѓал на функцијата секретар. Во прво време својата активност фудбалскиот клуб ја обновил во скромни размери.

Десетгодишната традиција на Работнички ги поттикнала функционерите во општеството на размислување за формирање на масовно спортско друштво кое ќе ја развива спортската активност меѓу скопските работници и ќе ги претставува на полето на спортот. Оваа идеја набрзо била прифатена од активистите на Работнички и бидејќи се вклопувала во поставките за новата организација на физичката култура, по кратки подготовки било одржано основачкото собрание.

На 1 јули 1945 година во просториите на Работничкиот дом во Скопје, во присуство на голем број активисти, спортисти и симпатизери и важни личности од градскиот живот формирано е Фискултурно Синдикално Друштво Работнички. На истиот состанок бил донесен и статутот на друштвото и бил избран управен одбор. За претседател бил избран Александар Цанко Христов, а за секретар Манас Спасовски.

Дневниот ред на основачкото собрание бил следниот: 1. Читање на решението за пристапување на клубот кон Месниот синдикален совет 2. Поздравен збор од делегатот на Месниот синдикален совет 3. Извештај на секретарот за досегашната работа на клубот 4. Читање и примање на правилникот на клубот 5. Давање разрешница на досегашната управа и избор на нова управа 6. Реферат од Трајан Ивановски под наслов „Организација на работничките фискултурни друштва“ 7. Разно

Една од основните задачи кои собранието ги поставило пред новото спортско друштво била развивањето и омасовувањето на активностите на физичката култура меѓу работничката младина и работниците воопшто. Речиси сите градски работнички фискултурни секции продолжиле преку дејноста на ФСД Работнички. Фискултурните секции како на пример „Градител“, „Треска“, „Графичар“, „Металец“ и други во 1946 година организационо се поврзале за ФСД Работнички.

Активностите за формирање и организација на екипи во различни спортови биле раководени од управниот одбор на друштвото и синдикалниот совет на градот. Во овој период (1945-1948) активноста на Работнички дала значаен придонес во опоравувањето на штотуку ослободеното Скопје.

Паролата „Преку масовноста кон повисоки спортски резултати“ всушност била поставена задача за издигнување на спортскиот квалитет во постојните спортови. Истовремено оваа парола значела и прифаќање на нови спортови за кои во Македонија постоеле услови за развој. Во овој период покрај фудбалот како споредни активности се развивале одбојката, неколку атлетски дисциплини, велосипедизмот, пливањето и сосема малку ракометот. Од сите овие спортови, фудбалот имал најголема традиција и неговото обновување било приоритет. Пролетта 1945 година пред еден натпревар на ФК Работнички се одиграл и првиот одбојкарски натпревар по ослободувањето. Во месец јуни 1945 година во Скопје бил организиран и првиот фискултурен слет во Македонија на кој се одржале натпревари во атлетика. На ова републичко првенство се појавиле и настапиле спортисти од Работнички, а со тоа се поставиле и основите на Атлетскиот клуб Работнички. Ова говори дека Работнички веќе во 1945 година имал три спортски клуба кои играле значајна улога во развојот на македонскиот спорт. Во почетокот на 1946 година бил формиран Скијачкиот клуб Работнички, а неколку месеци подоцна и Кошаркарскиот клуб Работнички кој ќе стане еден од највлијателните и најуспешните претставници на Друштвото.

Поради реорганизацијата во синдикалната организација под чиј патронат се наоѓал ФСД Работнички во 1949 година било предложено Работнички да биде превземен од поголема работна организација која понатаму ќе се грижи за развојот и напредокот на клубот. Изборот паднал на работниот колектив на Македонската железница. Членството на синдикалниот одбор на железничарските работници со воодушевување ја прифатило опцијата за преземање на Спортското друштво Работнички за кое, пак, работата под овој патронат донела уште поголем елан и ентузијазам за постигнување нови успеси на сите спортски борилишта.

Поствоен период[уреди | уреди извор]

Првото фудбалско првенство на Македонија било одржано во пролетта 1946 година со само шест екипи: Победа, Македонија и Работнички од Скопје, Гоце Делчев од Прилеп, 11 Октомври од Куманово и Пелистер од Битола. Се играло двокружно, секој со секого. Во таа конкуренција на шест екипи првото место во тогашната Македонска лига, го освоила Победа од Скопје со 17 бодови пред Македонија со 16 и Пелистер со 8 бодови, Работнички бил четврти со 7, 11 Октомври и Гоце Делчев со по 6. Во сезоната 1952, Работнички учествувал во Првата југословенска фудбалска лига, но само една сезона бидејќи завршил на претпоследното место и се вратил во Втората југословенска лига. По вторпат во друштвото на најдобрите клубови во поранешна Југославија Работнички се најде во сезоната 1953/54 но беше последен и повторно испадна. Во оваа сезона се сретна со Вардар во прволигашка конкуренција и двапати играше нерешено со него – 2:2, 1:1.[5]

Во независна Македонија[уреди | уреди извор]

Во периодот од осамостојувањето на Македонија, Работнички е постојан член на Првата македонска фудбалска лига. Врвот на својот успех Работнички го достигнува во периодот од 1999 година до 2008 година кога спонзор на клубот била реномираната компанија „Кометал“, така што тој го носел името „Работнички Кометал“. Во овој период, „Работнички Кометал“ станал силен и стабилен фудбалски клуб, којшто полека но сигурно почнал да доминира во македонскиот фудбал, а паралелно со тоа и достојно да се претставува на европската сцена.
Со преземање на клубот од страна на компанијата „Кометал“ (1999 год.), Работнички белеел постојан напредок: еднаш се натпреварувал во купот на УЕФА (2000/01), а во сезоната 2004/05 убедливо го освоил првото место во националниот шампионат во Македонија со што изборил учество во „Лигата на Шампионите“. Во своето прво излегување на меѓународната сцена, во Купот на УЕФА, „Работнички Кометал“ се сретнал со екипата на „Ворскла“ од Полтава, Полска при што бил елиминиран во првото коло. На 16 јули 2010 година, „Работнички Кометал“ го добил за противник славниот „Ливерпул“ во третото квалификациско коло на „Лига Европа“. Во првиот натпревар, одигран на 29 јули 2010 година, „Работнички“ загубил со 2:0, а поразот од 2-0 се повторил и на реваншот една недела подоцна. Следната година, „Работнички“ играл против „Лацио“ во плејоф натпревар за „Лига Европа“ во кој бил поразен.

Во сезоната 2009-2010, „Работнички“ играл во финалето на Купот на Македонија, каде загубил од ФК „Тетекс“ со 2:3, а натпреварот останал во сеќавање по тоа што фудбалерите на „Работнички“ не ги примиле медалите за освоеното второ место.
Во сезоната 2013-2014, „Работнички“ ја освоил двојната круна, освојувајќи ги шампионската титула во македонското првенство и Купот на Македонија.
Во сезоната 2014-2015, во полуфиналето на Купот на Македонија, „Работнички“ ја елиминирал екипата на „Ренова“, со победа на домашен терен од 2:1 и нерешен резултат во вториот натпревар (1:1). На тој начин, по петти пат, „Работнички“ обезбедил пласман во финалето на Купот, каде се сретнал со ФК „Тетекс“.[6] Во финалето, одиграно на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, „Работнички“ го победил „Тетекс“ со 2:1 и така, по петти пат го овоил Купот на Македонија. Головите за „Работнички“ ги постигнале капитенот Баже Илијоски и Марјан Алтипармаковски.[7]

Ветерани[уреди | уреди извор]

Здружението на ветераните неформално функционира уште од сознавањето на ФК Работнички во 1937 година.

Официјално, здружението на ветераните на Работнички е формално регистрирано пред надлежен суд со одобрување број 29/05 на 18.02.2005, и е забележано во регистарот на здруженија на граѓани од фондации под регистарски број 1928 под името Работнички "Ветерани" - Скопје, со седиште во Скопје. Здружението функционира во соработка со Работнички, генерално споредувајќи ги неговите политики, делегира свои членови во органите на управување на клубот, дава свои мислења, сугестии и предлози од заеднички интерес, и сето тоа со цел-постигнување на поголеми резултати и давање вистинска афирмација на клубот и во Македонија и во странство. Основни извори на финансирање на здружението се: запишување такса, спонзорство, како и стоки кои се набавуваат и продаваат од страна на клубот. Членови на здружението се: Активни членови кои имаат поминато голем број на години во водење на клубот како и спортисти кои биле активни фудбалери во клубот долги години, како и голем број граѓани кои покажаа интерес за приклучување на здружението. Во здружението има членови од сите области на општествениот живот, вклучувајќи: правници, професори, директори на познати фирми, амбасадори, тренери, познати фудбалери-претставници и многу други познати личности од спортот и јавниот живот.

Претседател на Здружението од нејзиното формирање е адвокатот Драган Поповски, генерален секретар е Ристо Поповски, а селектор е Ѓорѓи Стојановски. Со посебен интерес е да се спомене дека здружението на ветерани на ФК Работнички е првиот од таков вид во Република Македонија. Од моментот на создавањето, здружението покажа голем развој на фудбалската работа, како и создавање и проширување на пријателски врски со други фудбалски клубови во Македонија и во странство. За таа цел, здружението има воспоставено пријателски спортски односи со екипи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Турција, Грција, Словенија, Хрватска и Шведска.

Здружението на Ветерани Работнички е и редовен учесник во традиционалниот меѓународен Варна КУП, што се одржува во Варна, Р.Бугарија секоја година. Во натпреаврувачки мечеви како со тимови од Бугарија, одигра неколку натпревари со екипи од Романија, со екипи од Турција и со екипи од Србија. Речиси со сите кои се вклучени во работата на здружението, преку напорна работа и упорност, добиени се одлични резултати и помогнаа да се освојат безброј натпреварувања и меѓународни признанија. Успешната активност на здружението продолжува понатаму се повеќе.

Како полни и одговорен наследници на позитивни промени се Димовски, Попоски, Лазаров, Милошевски, Зефиќ, М. Андреевски, Д. Стојановски, Јаневски, Н. Богоевски, С. Богојевски, Џипунов, Јанев, Јовевски, Ингилизов, Бојчевски, Илиевски, Петковски,Ангеловски, Неделковски, Мицевски, Љушев, Нешовски, Цонев, Недељковиќ, М. Стојановски, Лазаревски, Скендеровиќ....

Титули[уреди | уреди извор]

Доскорешни сезони[уреди | уреди извор]

Сезона Лига Куп Други Натпреварувања
Дивизија О П Н З Д.Г. П.Г. Пое Поз
1992–93 2. МФЛ 38 15 9 14 49 46 39 9ти
1993–94 2. МФЛ Запад 26 9 4 13 31 38 22 13ти
1994–95 2. МФЛ Запад 32 11 7 14 47 41 40 11ти
1995–96 2. МФЛ Запад 30 11 10 9 45 33 43 10ти
1996–97 2. МФЛ Запад 29 ? ? ? ? ? 38 11ти
1997–98 2. МФЛ Запад 30 20 7 3 62 18 67 1ви ↑
1998–99 1. МФЛ 26 9 5 12 38 46 32 9ти 1/4
1999–00 1. МФЛ 26 16 2 8 41 26 50 3ти 1/2
2000–01 1. МФЛ 26 12 3 11 43 36 39 6ти 1/8 УЕФА Куп КР
2001–02 1. МФЛ 20 6 3 11 30 41 21 6ти 1/8
2002–03 1. МФЛ 33 16 6 11 41 35 54 4ти 1/8
2003–04 1. МФЛ 33 16 10 7 58 40 58 4ти 1/2
2004–05 1. МФЛ 33 25 3 5 66 23 78 1ви 1/4
2005–06 1. МФЛ 33 21 9 3 64 26 72 1ви Лига на Шампиони КР2
2006–07 1. МФЛ 33 19 10 4 75 25 67 2ри 1/4

2007–08 1. МФЛ 33 24 7 2 51 11 79 1ви П УЕФА Куп
2008–09 1. МФЛ 30 13 8 9 40 25 47 4ти П Лига на Шампиони КР1
2009–10 1. МФЛ 26 15 5 6 38 20 50 2ри ВП Лига Европа КР3
2010–11 1. МФЛ 33 15 10 8 53 31 55 4ти Лига Европа КР3
2011–12 1. МФЛ 33 11 8 14 49 45 41 8ми ВП Лига Европа ПР
2012–13 1. МФЛ 33 16 5 12 47 42 53 4ти
2013–14 1. МФЛ 33 18 8 7 66 35 62 1ви П
2014–15 1. МФЛ 32 20 6 6 55 30 66 2ри П Лига на Шампиони КР2
2015–16 1. МФЛ 32 10 13 9 36 30 43 4ти ВП Лига Европа ПР
2016–17 1. МФЛ 36 14 10 12 49 41 54 3ти 1/2 Лига Европа КР1

Легенда

1ви 2ри
Првак Вицепрвак Унапреден Отпаднат


  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • Н = Нерешени
  • З = Загубени
  • Д.Г. = Дадени голови
  • П.Г. = Примени голови
  • Пое = Поени
  • Поз = Конечна позиција
  • КР = Квалификациска рунда
  • ПР = Плејоф рунда
  • 1Р = 1. Рунда
  • 1/8 = Осминафинале
  • 1/4 = Четвртфинале
  • 1/2 = Полуфинале
  • ВП = Вицепрвак
  • П = Првак

Европски натпревари[уреди | уреди извор]

Квалификациски натпревар помеѓу Работнички и Крусејдерс на арената Филип II во Скопје во рамките на УЕФА Лига Европа 2009/10
Сезона Натпреварување Фаза Земја Клуб Резултат Вкупен Забелешка
2000/01 УЕФА Куп Ква. фаза Украина Ворскла Полтава 0–2, 0–2 0-4 Symbol delete vote.svg
2005/06 Лига на шампиони 1. ква. фаза Латвија Сконто 6–0, 0–1 6-1 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Русија Локомотив Москва 1–1, 0–2 1-3 Symbol delete vote.svg
2006/07 Лига на шампиони 1. ква. фаза Луксембург Ф91 Диделанж 1–0, 0–0 1-0 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Унгарија Дебрецин 1–1, 4–1 5-2 Symbol keep vote.svg
3. ква. фаза Франција Лил 0–3, 0–1 0-4 Symbol delete vote.svg
2006/07 УЕФА Куп 1. фаза Швајцарија Базел 2–6, 0–1 2-7 Symbol delete vote.svg
2007/08 УЕФА Куп 1. ква. фаза Словенија Горица 2–1, 2–1 4-2 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Босна и Херцеговина Зрињски Мостар 0–0, 2–1 2-1 Symbol keep vote.svg
1. фаза Англија Болтон 1–1, 0–1 1-2 Symbol delete vote.svg
2008/09 Лига на шампиони 1. ква. фаза Азербејџан Интер Баку 1–1, 0–0 1-1 Гол во гости Symbol delete vote.svg
2009/10 Лига Европа 2. ква. фаза Северна Ирска Крусејдерс 1–1, 4–2 5-3 Symbol keep vote.svg
3. ква. фаза Данска Оденсе 3–4, 0–3 3-7 Symbol delete vote.svg
2010/11 Лига Европа 1. ква. фаза Андора Луситанос 5–0, 6–0 11-0 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Ерменија Мика 1–0, 0–0 1-0 Symbol keep vote.svg
3. ква. фаза Англија Ливерпул 0–2, 0–2 0-2 Symbol delete vote.svg
2011/12 Лига Европа 1. ква. фаза Естонија Нарва Транс 4–1, 3–0 7-1 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Сан Марино Јувенес Догана 1–0, 3–0 4-0 Symbol keep vote.svg
3. ква. фаза Кипар Анортозис 2–0, 1–2 3-2 Symbol keep vote.svg
плеј-оф фаза Италија Лацио 0–6, 1–3 1-9 Symbol delete vote.svg
2014/15 Лига на шампиони 2. ква. фаза Финска Хелсинки 0–0, 1–2 1-2 Symbol delete vote.svg
2015/16 Лига Европа 1. ква. фаза Естонија Флора Талин 2–0, 0–1 2-1 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Латвија Јелгава 2–0, 0–1 2-1 Symbol keep vote.svg
3. ква. фаза Турција Трабзонспор 1–0, 1–1 2-1 По продол. Symbol keep vote.svg
плеј-оф фаза Русија Рубин Казан 1–1, 0–1 1-2 Symbol delete vote.svg
2016/17 Лига Европа 1. ква. фаза Црна Гора Будуќност 1–1, 0-1 1-2 Symbol delete vote.svg
2017/18 Лига Европа 1. ква. фаза Сан Марино Тре Пене 6-0, 1-0 7-0 Symbol keep vote.svg
2. ква. фаза Белорусија Динамо Минск 1–1,

Во сезоната 2014/15, ФК Работнички играл против финскиот првак ХЈК Хелсинки во второто квалификационо коло на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар, одигран во Скопје, резултатот бил нерешен (0:0), додека на гостувањето ФК Работнички претрпел пораз од 1:2. Притоа, двата гола ФК Работнички ги примил во периодот од 22. до 26. минута од првото полувреме, додека единствениот гол го постигнал во вториот дел, а стрелец бил Стефан Вујчиќ.[8]

Во сезоната 2015/16, ФК Работнички играл против естонска Флора Талин во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар, Работнички гостувал во Талин каде загубил со резултат 1:0.[9][10] Работнички ја анулирал негативата, победувајќи го противникот со 2:0 на Арената Филип Втори. Стрелци на головите биле Чума Анене и Марјан Алтипармаковски.[11][12] Во второто квалификационо коло, Работнички се сретнал со летонска Јелгава. Првиот натревар Работнички гостувал каде загубил со резултат 1:0.[13][14][15] Вториот натревар, на домашен терен Работнички го добил со 2:0. Стрелци на головите биле Баже Илијоски и Суад Сахити.[16][17][18] Во третото квалификациско коло Работнички играл против фаворитот од Турција - Трабзонспор. Првиот натпревар бил одигран со Скопје и резултатот гласел 1:0 за Работнички. Стрелец на голот бил Баже Илијоски.[19][20][21] Во вториот натпревар на гости, резултатот бил 1:1 по продолженија. Голот го постигнал Кире Маркоски.[22][23][24][25] Во плејоф фазата Работнички играл проти рускиот Рубин Казан. Првиот натпревар одигран на Арената Филип Втори завршил 1:1, а голот го постигнал Кире Маркоски.[26][27][28] Вториот натревар бил поразен со 1:0 и со тоа бил елиминиран.[29][30][31]

Во сезоната 2016/17, ФК Работнички играл против црногорска Будуќност во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар Работнички бил домаќин кога натпреварот завршил со 1:1. Голот за Работнички го постигнал Ељиф Елмаз.[32][33][34] На вториот натпревар бил поразен со 1:0 и бил елиминиран.[35][36]

Во сезоната 2017/18, ФК Работнички играл против Тре Пене од Сан Марино во првото квалификационо коло на Лига Европа. Во првиот натпревар Работнички на гости победил со 0:1. Стрелец на голот бил Дејан Митрев.[37][38] Во вториот натпревар Работнички на домашен терен победил со 6:0. Стрелците за Работнички биле Суад Сахити и Кире Маркоски, додека двојци стрелци биле Бојан Најденов и Стојанче Велинов.[39][40] Во второто квалификационо коло Работнички играл против белоруски Динамо Минск. На домашен терен Работнички ремизирал со 1:1. Голот за Работнички го постигнал Бојан Најденов од пенал.[41][42]

Натреварувањата на Работнички во Европа[уреди | уреди извор]

Заклучно до 13 јули 2017 година.[43]

Натпреварување Нат. Поб. Нер. Пор. Д.Г. П.Г.
УЕФА Лига на шампиони 14 5 5 4 14 10
УЕФА Лига Европа 31 14 6 11 51 34
УЕФА Куп 10 3 2 5 9 16
Вкупно 55 22 13 20 73 60
  • Настапи во Лигата на Шампионите
    • 4
  • Настапи во Лига Европа
    • 9
  • Играч со најмногу постигнати голови во УЕФА натпреварите
    • 6 - Крсте Велкоски (МКД)


Актуелен Состав[уреди | уреди извор]

Согласно од 20 јуни 2015

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Македонија ГМ Даниел Божиновски
25 Македонија ГМ Андреја Ефремов


2 Македонија ОД Леон Најдовски
6 Колумбија ОД Себастијан Херера Кардона
11 Македонија ОД Горан Силјановски
14 Македонија ОД Кире Ристевски
26 Македонија ОД Мите Цикарски
27 Македонија ОД Милан Илиевски


3 Македонија СР Един Мерсовски
4 Македонија СР Марио Настевски
7 Косово СР Суад Сахити
Бр. Нац. Позиција Играч
8 Германија СР Стефан Вујчиќ
15 Македонија СР Кире Маркоски
17 Македонија СР Милован Петровиќ
20 Македонија СР Мирослав Јовановски
21 Македонија СР Иван Митров
24 Македонија СР Душко Трајчевски
TBA Косово СР Емир Сахити


9 Норвешка НП Чума Анене
10 Македонија НП Баже Илијоски
22 Македонија НП Марјан Алтипармаковски
23 Македонија НП Милан Ристовски

Управа[уреди | уреди извор]

Седиштето на управата на ФК Работнички е: Кошаркарска сала Градски Парк бб, Скопје; телефон/факс: +389 2 3246-516.

Челници
  • Драган Поповски - претседател
  • Ристо Поповски - потпретседател
  • Иван Поповски - спортски директор
  • Ненад Монев - генерален секретар
  • Ѓоко Стојановски - технички секретар
Стручен штаб
  • Виктор Треневски - шеф на стручен штаб
  • Марјанчо Андревски - прв помошник
  • Драги Атанасовски - тренер на голмани
  • Владимир Вуксановиќ - фитнес тренер
  • Јане Јаневски - лекар
  • Ангеле Милевски - физиотерапевт
  • Стојан Вучков - економ
  • Весна Димчевска - економ
  • Кирил Колеќески - ИТ

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Како започна се (пред 1937) fkrabotnicki.com
  2. Формирање (1937) fkrabotnicki.com
  3. Херојот е роден (1938-1941) www.fkrabotnicki.com
  4. Спортска активност во периодот 1941-1944 fkrabotnicki.com
  5. Работнички од Скопје на двапати играше во Првата лига на Југославија fkrabotnicki.com
  6. „Работнички ќе ја брани куп-титулата против Тетекс“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 25.
  7. „Илијоски: Му се радувам на убавиот гол“, Дневник, година XIX, број 5772, петок, 22 мај 2015, стр. 26-27.
  8. "Работнички постигна гол, ама прими два и се збогува од ЛШ", Дневник, година XVIII, број 5525, петок, 25 јули 2014, стр. 25.
  9. Лига Европа: Флора Талин ја доби првата битка, Работнички минимално поразен во Естонија sport365.mk 2 јули 2015
  10. ЛИГА НА ЕВРОПА: Работнички загуби во Талин telegraf.mk 2 јули 2015
  11. Работнички ја мина Флора и оди на Јелгава telegraf.mk 9 јули 2015
  12. ЛЕ: Работнички ја совлада Флора со 2:0, Јелгава следен ривал sitel.com.mk 10 јули 2015
  13. Неискористените шанси на Работнички, Јелгава ги казни во 87 минута supersport.com.mk 16 јули 2015
  14. Кога не се користат шансите: Јелгава го казни Работнички во 87. минута! ekipa.mk 16 јули 2015
  15. Шансите за Работнички, победата за Јелгава 24fudbal.com.mk 16 јули 2015
  16. Работнички е класа за Јелгава: Илијоски и Сахити обезбедија двомеч со Трабзонспор sportmedia.mk 23 јули 2015
  17. Работнички со триумф од 2-0 ја елиминираше Јелгава 24fudbal.com.mk 23 јули 2015
  18. Ангеловски: Ја остваривме целта plusinfo.mk 24 јули 2015
  19. ФК Работнички – 1 : 0 – Трабзонспор fkrabotnicki.com 30 јули 2015
  20. Аферим бе Работнички: Трабзон падна на „романтика“ (1-0) ekipa.mk 30 јули 2015
  21. Работнички не ферма никого, Баже Илијоски погоди за 1-0 против Трабзонспор republika.mk 30 јули 2015
  22. ГОЛ ЗА ИСТОРИЈА: Кире Маркоски, глава ти се позлатила ekipa.mk 6 август 2015
  23. Леле, леле „романтично“: Работнички оди во плеј-оф, Марковски го замолчи Трабзон sport365.mk 6 август 2015
  24. Романтична приказна во Трабзон, Работнички го сруши големиот противник! 24fudbal.com.mk 6 август 2015
  25. Херојско издание на Работнички, златното момче Кире Маркоски го носи Работнички понатаму sportclub.mk 6 август 2015
  26. Видео: „Романтичарите“ не потклекнаа ни пред Рубин ekipa.mk 20 август 2015
  27. Лига Европа: Шансите остануваат, Работнички ремизираше со Рубин Казан sport365.mk 20 август 2015
  28. Кога гостува руски тим во Македонија неизбежно е реми - 1-1! sportmedia.mk 21 август 2015
  29. Казан-от остана шанса што ќе се прераскажува: Работнички елиминиран од Рубин ekipa.mk 27 август 2015
  30. „Романтичарите“ елиминирани со кренати глави: Карлос Едуардо го сруши сонот за Лига на Европа - See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/romanticharite-eliminirani-so-krenati-glavi-karlos-eduardo-go-srushi-sonot#sthash.CRDFU5kA.dpuf sportmedia.mk 27 август 2015
  31. Лига Европа: Феноменот Работнички ја заврши европската бајка во Казањ sport365.mk 27 август 2015
  32. Работнички се изнапромашува, па Будуќност со реми си замина ekipa.mk 28 јуни 2016
  33. Пречката сојузник на Будуќност: Работнички немаше среќа да победи во Скопје sportmedia.mk 28 јуни 2016
  34. Резервите му донесоа реми на Работнички против Будуќност sport365.mk 28 јуни 2016
  35. Работнички „падна“ во Подгорица sportmedia.mk 7 јули 2016
  36. Кратко „романтично“ лето: Работнички сезонава стигна само до Подгорица ekipa.mk 7 јули 2016
  37. Работнички со минимален триумф се враќа од Сан Марино“, ekipa.mk, 29 јуни 2017 (конс. 1 јули 2017 г).
  38. Минимална победа за Работнички на навидум лесното гостување во Сан Марино“, gol.mk, 30 јуни 2017 (конс. 1 јули 2017 г).
  39. Работнички му даде „шестка“ на Тре Пене и чека на Динамо Минск и Рунавик!“, gol.mk, 6 јули 2017 (конс. 15 јули 2017 г).
  40. Нема романса за Тре Пене, Работнички со 6:0 го декласира клубот од Сан Марино“, sportmedia.mk, 6 јули 2017 (конс. 15 јули 2017 г).
  41. Не е „романтично“, ама е надежно: Работнички ремизираше (1-1) со Динамо Минск“, ekipa.mk, 13 јули 2017 (конс. 16 јули 2017 г).
  42. Најденов го фати Динамо на „спиење“, Работнички со оптимизам ќе патува за Белорусија“, gol.mk, 13 јули 2017 (конс. 16 јули 2017 г).
  43. „Club record in UEFA competitions“. UEFA.com. http://www.uefa.com/teamsandplayers/teams/club=69601/profile/history/index.html. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]