Нога
Нога е екстремитет кај живите суштества кој ја носи тежината на телото и помага во одржувањето на положбата и стабилноста на телото при движењето.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Обично овој екстремитет е во пар, а може да има еден или повеќе пара нозе. Според тоа, постои основна поделба на: бипеди (кај луѓето, птиците; бипедализам), квадропеди или тетраподи (кај цицачите, гуштерите, водоземците), хексаподи (инсектите), шкраплите и стоногалките.
Нозете кај човекот одговараат на задните екстремитети на останатите копнени ’рбетници.
Како компонента на мебелот, ногата се користи за да се обезбеди поддршка, односно стабилност на корисната површина на шкафови, маси, столови, кревети и слично.
Градба
[уреди | уреди извор]Ногата кај живите суштества е составена од еден или повеќе коскени или друг вид тврди сегменти, и е обвиткана со мускули, што и овозможува да биде подвижна. Кај многу животни, стапалото е одвоен орган на завршниот (дисталниот) дел од ногата.
Делови на човечката нога
[уреди | уреди извор]- Глутеална (карлична) област (regio glutea)
- Предна област на бутот (regio femoris anterior)
- Задна област на бутот (regio femoris posterior)
- Предна област на коленото (regio genu anterior)
- Задна област на коленото (regio genu posterior)
- Предна област на потколеницата (regio cruris anterior)
- Задна област на потколеницата (regio cruris posterior)
- Преден дел на глуждот (regio articulationis talocru - ralis anterior)
- Заден дел на глуждот (regio articulationis talocru - ralis posterior)
- Надворешен дел на глуждот (regio articulationis talocru - ralis lateralis)
- Внатрешен дел на глуждот (regio articulationis talocru - ralis medialis)
- Заден дел на стапалото(regio dorsi pedis)
- Област на стапалото (regio plantae pedis)
Културни аспекти
[уреди | уреди извор]Многу луѓе (претежно млади), најчесто жените во многу западни култури, ги бричат или на друг начин ги отстрануваат влакната на нозете. Ваквите постапки сè со цел за одржување на младешкиот изглед и често се сметаат за привлечни во овие култури.
Нозете како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Зошто кај луѓето стапалото не е рамно?“ (За што у људи није табан раван?) - српска народна приказна.[2]
- „Нога од памук“ - расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2010 година.[3]
- „Нашиот Скочен Зглоб“ - расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2010 година.[4]
- „За двете нозе на господинот Когито“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[5]
- „Расказот за загубената нога“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[6]
- „Протреси нога“ (Shake a Leg) — песна на австралиската рок-група АЦ/ДЦ (AC/DC) од 1980 година.[7]
- „Нозе“ (Legs) — песна на американската рок-група ЗЗ Топ (ZZ Top) од 1983 година.[8]
- „Нозе“ (Legs) — песна на британската рок-музичарка П. Џ. Харви (PJ Harvey) од 1993 година.[9]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Пронајдена змија со една нога[мртва врска]
- Дали стоногалките имаат 100 нозе? Архивирано на 6 март 2016 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Merriam-Webster Dictionary, leg (анг.)
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 146-147.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 47-52.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 53-57.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 94-95.
- ↑ Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
- ↑ YouTube, AC/DC - Shake A Leg (Lyrics) (посетено на 15.6.2017)
- ↑ YouTube, ZZ Top ~ Eliminator (Full Album) (пристапено на 18.6.2017)
- ↑ P J Harvey* – Rid Of Me (посетено на 3.10.2023)