Демократска Федерална Македонија
Демократска Федерална Македонија ― името на Македонија како федерална држава во составот на новопрогласената Демократска Федерална Југославија. Ова име се користело во периодот од 2 август 1944 до 8 март 1946 г. кога Президиумот на Народното Собрание со закон се менува во Народна Република Македонија.
Во виорот на Втората светска војна, на Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија, се донесени следниве важни одлуки:
- Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на Демократска Македонија
- Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на Демократска Македонија
- Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
- Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.[1]
Територијата на државата била поделена на народни одбори, околии и општини како облици на локална управа и самоуправа.
Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската православна црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар.
На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ www.sobranie.mk Архивирано на 25 јануари 2018 г., На 2 август 1944 година, Методија Андонов Ченто е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија, која подоцна е именувана како Народна Република Македонија.
- ↑ www.mia.com.mk[мртва врска], На денешен ден, 8 март 1946. Президиумот на Народното собрание на Македонија донесе Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Државност на Македонија |
|
---|---|