Македонска филхармонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонска филхармонија
Биографски податоци
ПотеклоМакедонија Скопје,
Република Македонија
ЖанровиКласична музика
ЗанимањаФилхармониски оркестар
Период на активност24 ноември 1944 - денес
ИздавачиМПММФ
Мреж. местоfilharmonija.mk
Членови
Диригент
Борјан Цанев
Директор
Виктор Илиески, в.д.

Македонска филхармонија — единствениот симфониски оркестар во земјата. Од основањето до денес, оркестарот игра важна улога на полето на музичката уметност во Македонија и како претставник на домашната класична музика во странство. Со него раководеле истакнати македонски и странски диригенти и настапувале видни солисти. Гостувала во разни земји во Европа, како и Средна и Латинска Америка.

Има широк репертоар од симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото творештво од домашни и странски композитори. Во склоп филхармонијата повремено работи и камерен оркестар.

Историјат[уреди | уреди извор]

Филхармонијата е основана е на 24 ноември 1944 г. со одлука на управата, а од страна на група музичари, на чело со диригентот Тодор Скаловски. На почетокот, оркестарот се состоел од триесетина музичари, предводени од Скаловски и Трајко Прокопиев. Најпрвин, оркестарот настапувал на свечености и академии, а првиот јавен концерт бил одржан одржан на 15 декември 1945 г. Во текот на своето постоење, Филхармонијата работела во состав на други организации и установи, под имињата: „Скопска филхармонија“, „Државен симфониски оркестар“, „Симфониски оркестар на Радио Скопје“ и „Оркестар на Операта на МНТ“, а во 1960 г. постанала самостојна установа, под името „Македонска филхармонија“.[1]

По повод јубилејот 70 години од основањето, на 15 декември 2014 година била промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“, чии автори се Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска.[2]

Настапи[уреди | уреди извор]

Покрај редовниот репертоар во Македонија, Македонската филхармонија гостувала во повеќе земји: Јужна Америка, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Полска, СССР, Романија, Бугарија, Турција, Италија, Србија, Црна Гора и други.

Диригенти[уреди | уреди извор]

Покрај нејзините основачи, со филхармонијата раководеле голем број на странски и домашни диригенти[3]:

Познати изведувачи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска филхармонија“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  2. „Монографија за 70 години Македонска филхармонија“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 19.
  3. Историјат на Македонската филхармонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]