РК Работнички

Од Википедија — слободната енциклопедија
РК Работнички
Целосен називРакометен клуб Работнички
Основан1948; пред 76 години (1948)
Обновен 2009; пред 15 години (2009)
ИгралиштеСРЦ Кале
Приемност2,500
ПрестедателВлатко Неделковски
Александар Милошевски
Гино Стрезовски (почесен претседател) [1]
ЛигаСупер лига
2018/19Прва лига - Плеjоф, 2. (унапредени)
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Активни оддели на ЖСД Работнички
Фудбал Кошарка Ракомет

РК Работнички - ракометен клуб од Скопје. Клубот се натпреварува во Супер лигата. Клубот своите домашни натпревари ги игра во Спортско рекреативниот центар Кале.

Историја[уреди | уреди извор]

Ракометниот клуб Работнички бил формиран во 1948 година. Работнички заедно со екипата на РК Вардар претставуваат најстари ракометни клубови во Македонија. Се натпреварувал во Првата Југословенска лига, но подоцна западнал во тешки проблеми кои довеле до распад на клубот.

Во 2009 година клубот бил повторно активиран. Во август 2013 година, по повод 65 години постоење на клубот, за првпат во Скопје бил одржан ракомет на плажа во организација на РК Работнички и Град Скопје.[2][3] Во 2014 година, за идната сезона, клубот напреднал во Супер Лигата.[4] Во јули 2015, за новата сезона новиот претседател на клубот - Ристо Чокрев најавил поголеми засилувања при клубот би бил поголем конкурент во Супер Лигата.[5] Набргу потоа пристигнале новите засилувања меѓу кои и неколку репрезентативци.[6][7] Таа сезона 2015/16, Работнички стигнал до плејоф фазата и завршил на последното шесто место. Следната сезона, Работнички не освоил ниту еден натпревар во елитатата и отпаднал во Првата лига. Но Работнички во сезоната 2017/18 не пријавил екипа во вториот по ранг натпреваруња во Македонија. Во сезоната 2018/19, Работнички во Првата лига - Група 1 завршил на првото место и обезбедил пласман во Плејофот на Првата лига. Во Плејофот завршил како вицепрвак и добил право во баражот за унапредување кој го добил и бил унапреден повторно во Супер лигата.[8]

Успеси[уреди | уреди извор]

Првак (5):1950, 1954, 1956, 1958, 1963.
  • Куп на Македонија
Првак (2): 1960,1977.
Вицепрвак (1):1959/60.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] РК Работнички на Facebook 28 август 2014
  2. Викендов, за првпат во Скопје ракомет на плажа Архивирано на 9 ноември 2013 г. kurir.mk 22 август 2013
  3. Прв турнир во ракомет на плажа во Скопје Архивирано на 5 март 2016 г. a1on.mk 22 август 2013
  4. РК Работнички административно во Супер лигата sportmedia.mk 3 јуни 2014
  5. Се најавува нов голем „проект“ во македонскиот ракомет – РК Работнички! Архивирано на 6 јули 2015 г. sport365.mk 3 јули 2015
  6. РК Работнички тргна со засилувања: Потпишаа браќата Марковски и Златко Мојсоски Архивирано на 7 јули 2015 г. ekipa.mk јули 2015
  7. РК Работнички не се шегува, стигнуваат засилувања од Србија Архивирано на 11 јули 2015 г. kurir.mk 8 јули 2015
  8. „Билтен 14“ (PDF). Ракометна Федерација на Македонија преку web.archive.org. 21 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 26 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]