Прејди на содржината

Македонска ракометна супер лига (мажи)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска ракометна супер лига (мажи)
ЗемјаМакедонија Македонија
КонфедерацијаЕХФ
Создадена1992
Број на екипи12
Испаѓање воПрва лига мажи
Ниво на пирамидата1. ранг
Домашен куп(ови)Куп на Македонија
Суперкуп на Македонија
Меѓународни куп(ови)Лига на шампиони
Европска лига
Европски куп
Тековен првак Еурофарм Пелистер (2024/25)
Најмногу титули Вардар 1961 (15 титули)
ТВ партнериМТВ
Мрежна страницаmacedoniahandball.com.mk
Македонска ракометна Супер лига (мажи) 2025/26

Македонска ракометна Супер лига — најдобро ракометно натпреварување во Македонија. Супер лигата е рангирана на 11-то место во Европа за сезоната 2025/26, според Европската ракометна федерација.

Формат на натпреварување

[уреди | уреди извор]

Супер лигата брои 12 екипи, а натпреварите од регуларниот дел се играат по еднокружен систем (2 х 11 = 22 кола). По завршување на 22. коло од регуларниот дел од сезоната, првопласираните шест екипи од Супер лигата играат плеј-оф за одредување на првакот на Македонија, и за пласман во европските купови. Екипите пренесуваат бодови во зависност од пласманот во регуларниот дел од сезоната.

Екипите кои завршиле од 7. до 12. место во регуларниот дел, играат во плеј-аут разигрување (2 х 5 = 10 кола). Екипите пренесуваат бодови во зависност од пласманот во регуларниот дел од сезоната. По завршувањето на плеј-аут разигрувањето, 12. пласираната екипа од Супер лигата ја напушта лигата, а 11. пласираната екипа игра бараж натпревар со второпласираната екипа од Првата лига за место во Супер лигата за наредната сезона. Првакот од Првата лига влегува директно во Супер лигата.

Екипи кои се натпреваруваат во сезоната 2025/26.

Екипа Град Сала Капацитет
Алкалоид Скопје Спортска сала Автокоманда 2,000
Бутел Скопје Скопје Училишна сала Андон Димитров 500
Вардар 1961 Скопје Спортски центар Јане Сандански 6,000
Еурофарм Пелистер Битола Спортска сала Боро Чурлевски 3,500
Еурофарм Пелистер 2 Битола Спортска сала Боро Чурлевски 3,500
Куманово Куманово Спортска сала Куманово 4,150
Охрид 2013 Охрид Спортска сала Билјанини Извори 3,000
Прилеп 2010 Прилеп Училишна сала Ристе Ристески - Ричко 500
Пролет 62 Скопје Училишна сала Македонско Сонце 500
Радовиш Радовиш Спортска сала 25 Мај 1,400
Струга Струга Спортски центар Тими 1,000
Тиквеш 2014 Кавадарци Спортска сала Јасмин 1,800

Победници по сезона

[уреди | уреди извор]

Освоени првенства

[уреди | уреди извор]

Според клуб

[уреди | уреди извор]
Место Клуб Титули Сезони
1.
Вардар
15
1999, 2001, 2002, 2003, 2004, 2007, 2009, 2013, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022
2.
Пелистер
9
1993, 1994, 1996, 1998, 2000, 2005, 2023, 2024, 2025
3.
Металург
6
2006, 2008, 2010, 2011, 2012, 2014
4.=
Борец
1
1995
4.=
Преспа
1
1997

Според град

[уреди | уреди извор]
Место Град Титули Екипи
1. Скопје 21 Вардар (15), Металург (6)
2. Битола 9 Пелистер (9)
3.= Велес 1 Борец (1)
3.= Ресен 1 Преспа (1)

Македонска републичка лига

[уреди | уреди извор]

Освоени првенства

[уреди | уреди извор]

Според клуб

[уреди | уреди извор]
Место Клуб Титули Сезони
1.
Пелистер
9
1953, 1961, 1966, 1968, 1969, 1970, 1971, 1979, 1981
2.
Работнички
7
1954, 1955, 1956, 1957, 1958, 1963, 1984
3.
Тиквеш
4
1962, 1964, 1972, 1976
4.=
Вардар
3
1959, 1960, 1975
4.=
Електромонтажа
3
1977, 1978, 1983
4.=
Борец
3
1965, 1967, 1985
4.=
Металург
3
1980, 1986, 1992
8.=
Пролет
2
1973, 1974
8.=
Прилеп
2
1987, 1989
10.=
Струга
1
1982
10.=
Овче Поле
1
1988
10.=
Куманово
1
1990
10.=
Струмица
1
1991

Според град

[уреди | уреди извор]
Место Град Титули Екипи
1. Скопје 15 Работнички (7), Вардар (3), Металург (3), Пролет (2)
2. Битола 9 Пелистер (9)
3. Кавадарци 4 Тиквеш (4)
4.= Велес 3 Борец (3)
4.= Охрид 3 Електромонтажа (3)
6. Прилеп 2 Прилеп (2)
7.= Струга 1 Струга (1)
7.= Свети Николе 1 Овче Поле (1)
7.= Куманово 1 Куманово (1)
7.= Струмица 1 Струмица (1)

ЕХФ коефициент ранг

[уреди | уреди извор]
Рангирање за сезоната 2025-26[1]
  • 9.  (8) Португалија Португалска ракометна Прва Дивизија (47.00)
  • 10.  (9) Норвешка Норвешка ракометна Прва Лига (46.33)
  • 11.  (13) Македонија Македонска Супер Лига (34.67)
  • 12.  (10) Украина Украинска ракометна Прва Лига (34.00)
  • 13.  (7) Белорусија Белоруска ракометна Прва Лига (30.00)

Рангирање на Лигата по сезони

[уреди | уреди извор]
Сезона 2010-11 2011-12 2012-13 2013-14 2014-15 2015-16 2016-17 2017-18 2018-19 2019-20 2020-21 2021-22 2022-23 2023-24 2024-25 2025-26
Ранг 13 15 12 13 10 8 8 8 7 7 3 4 6 8 13 11

Рангирање на клубови во ЕХФ натпреварувања

[уреди | уреди извор]
Обновено на 29 Мај 2025[2]
Место Клуб Поени
33 Еурофарм Пелистер 154
50 Вардар 1961 117
53 Алкалоид 115
158 Тиквеш 24
177 Бутел Скопје 18
182 Металург 17
191 Охрид 15

Поврзано

[уреди | уреди извор]
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Ракометната Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на ракометните работници, привремено да ја суспендира Супер лигата и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[3] На 13 мај било одлучено дека првенството нема да добие сезонски првак, а дека лигата ќе биде проширена на дополнително две екипи од Првата лига.[4][5]

Наводи

  1. [file:///C:/Users/9spas/Downloads/Place%20Distribution%20Men's%20EHF%20Club%20Competitions%202025%2026%20(1)%20(2).pdf European cup 2025-2026 Men]. Европска ракометна федерација.
  2. „European handball team ranking“. eurotopteam.com. Посетено на 2025-05-29.
  3. „Соопштение за јавност“. Ракометна Федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Официјално: Ракометната сезона без шампион, Супер-лигата проширена на 14 екипи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-18. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Потврдено: Супер-лигата проширена, стартот без СЕХА-лигашите, но со шест нови екипи“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 13 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски