РК Вардар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
РК Вардар Скопје
Целосен назив Ракометен клуб „Вардар“ - Скопје
Основан 1961
Игралиште СЦ „Јане Сандански“, Скопје
Приемност 6.500
Престедател Сергеј Самсоненко[1]
Главен тренер Раул Гонзалес Гутиерез[1]
Лига ВИП Супер Лига
2013–2014 2ри
Бои
Клупски бои          
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница
Спортски клуб Вардар
Football pictogram.svg Handball pictogram.svg Handball pictogram.svg
Фудбал Ракомет (мажи) Ракомет (жени)

РК Вардар е ракометен клуб од Скопје, Македонија создаден во 1961 година. Клубот е повеќекратен освојувач на Македонската ракометна Супер лига и Македонскиот Куп.

Клупска историја[уреди | уреди извор]

Ракометниот клуб „Вардар“ е основан во 1961 година, како дел од спортското друштво „Вардар“ и во тоа време редовно настапувал во ракометнала лига на Македонија и во Втората југословенска лига. Најголемите успеси, клубот ги постигнал по осамостојувањето на Македонија, кога започнал напредокот на клубот. Во 1997 година започнале најголемите успеси на РК „Вардар“, кој е првиот клуб што успеал да ја прекине доминацијата на РК „Пелистер“ од Битола во македонската ракометна лига. РК „Вардар“ е убедливо најтрофејниот машки ракометен клуб во Македонија, со освоени бројни трофеи во првенството и во купот. Во сезоната 2013/2014, клубот добил нова раководна структура: Нов сопственик на клубот станал Сергеј Самсоненко, а Михајло Михајловски станал почесен претседател.[2] Како признание на остварените успеси, во 2016 година „Вардар“ ја добил наградата „13 Ноември“ која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.[3]

Вардар отсекогаш бил интересен и за странските играчи и тренери. Повеќе познати тренерски имиња биле дел од Вардар, како што се: Зоран Живковиќ, Богољуб Периќ, Драган Ѓукиќ, Драган Нишевиќ, Веселин Вујовиќ. Исто така, клубот го воделе и повеќе домашни тренери, како: Ристо Трпчевски, Лефтер Бошковски, Стојан Петрушевски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Ванчо Јовановски и Кире Ивановски.

Во клубот играле најголемите ѕвезди на македонскиот ракомет, како што се: Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Данило Брестовац, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Маринковиќ, Зоран Петковски, Горан Андоновски, Александар Јовиќ, Игор Котевски, Стевче Алушевски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Стојанче Стоилов и многу други македонски репрезентативци.

Настапи во македонската ракометна лига[уреди | уреди извор]

РК „Вардар“ е првиот неофицијален првак на Македонија, бидејќи во 1992 година, во времето на распадот на СФРЈ, во конкуренција на неколку македонски екипи, во турнирски систем го освои првото место. РК „Вардар“ е повеќекратен шампион на Македонија, освојувајќи го првенството во сезоните: 1998/1999, 2000/2001, 2001/2002, 2002/2003, 2003/2004, 2006/2007, 2008/2009, 2012/2013, 2014/2015 и 2015/2016. Особено бил успешен периодот од 2000 до 2004 година, кога четирипати по ред го освоил првенството на Македонија - успех што не постигнал ниту еден друг ракометен клуб.

Покрај тоа, клубот бил вице-првак на Македонија во сезоните: 1999/2000; 2005/2006, 2007/2008, 2009/2010, 2010/2011 и 2011/2012. Клубот постигнал големи успеси и во Купот на Македонија, кој го освоил во повеќе наврати: 1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015 и 2016 година, а неколку пати бил и финалист: 2006, 2009, 2010 и во 2013 година.

Како потврда за успесите на клубот може да послужи фактот дека во неколку наврати, клубот ја освоил двојната круна (шампион и победник на Купот), и тоа во: 2000/2001; 2002/2003; 2003/2004, 2006/2007, 2014/2015 и 2015/2016. На тој начин, РК „Вардар“ е најуспешниот машки ракометен колектив во Македонија. Со освојувањето на двојната круна во сезоната 2015/2016, „Вардар“ станал првата македонска екипа со освоени 10 шампионски титули и 11 победи во македонскиот куп.[4]

Сезона 2013/2014[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2013/2014, РК „Вардар“ не успеал да ја одбрани шампионската титула во македонското ракометно првенство. Во решавачките натпревари против РК „Металург“, најпрвин, на 2 мај 2014 година, РК „Вардар“ забележал победа од 25:24 (15:14), но подоцна, на 8 мај 2014 година, претрпел убедлив пораз од 21:30 (11:16), со што морал да се задоволи со втората позиција во првенството.[5]

Сепак, подоцна, на 18 мај 2014 година, РК „Вардар“ го освоил Купот на Македонија, победувајќи го во финалето РК Металург со резултат 30:28 (14:11). Претходно, на патот до победничкиот пехар, РК „Вардар“ убедливо ги победил: РК „Тинекс Пролет“, со резултат 31:20 (12:9); РК „Металург Јуниор“, со резултат 36:20 (15:8); и РК „Охрид 2011“, со резултат 36:19 (18:8).[6]

Сезона 2014/2015[уреди | уреди извор]

И во сезоната 2014-2015, „Вардар“ го освоил купот на Македонија (десетти пат во клупската историја). Притоа, најпрвин, во полуфиналето бил победен тимот на „Зомимак“ со 46:25 (24:14), а во финалето, одиграно на 16 мај 2015, „Вардар“ бил подобар од „Металург“, победувајќи го со 26:22 (13:11). За најдобар играч на финалето бил прогласен Стојанче Стоилов, најдобар голман бил Петар Ангелов, а најдобар стрелец бил Алекс Душебаев.[7] [8] На 1 јуни 2015 година, „Вардар“ го одиграл последниот натпревар во првенството, победувајќи го „Радовиш“ со 35:23. На тој начин, и официјално, „Вардар“ ја освоил деветтата шампионска титула и по осумгодишна пауза, повторно ја освоил двојната круна.[9] Истовремено, клубот се збогувал со шестмина ракометари: Стефан Терзиќ, Немања Прибак, Михаил Чипурин, Алексеј Растворцев, Добривое Марковиќ и Владимир Петриќ.[10]

Сезона 2015/2016[уреди | уреди извор]

И оваа сезона „Вардар“ ја освоил шампионската титула. Притоа, во плејоф фазата, клубот остварил десет победи од десет натпревари, освојувајќи го првото место во супер-лигата, со освоени 30 бодови. Во последното коло, на 31 мај 2016 година, во Прилеп, „Вардар“ ја победила домашната екипа со резултат 38:34 (18:15), а најефикасен ракометар бил Манасков, кој постигнал 12 гола.[11]

Сезона 2016/2017[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2016/2017, „Вардар“ го освоил 12. Куп на Македонија (по четврти пат во низа) со триумфот од 31-26 (16-13) против „Еурофарм Работник“. Најефикасен ракометар во финалето бил Чупиќ со постигнати осум гола.[12]

Меѓународни настапи[уреди | уреди извор]

РК „Вардар“ има богато учество на меѓународните ракометни натпреварувања. На европската ракометна сцена, „Вардар“ дебитирал во сезоната 1993/1994, во натпреварите од Купот на ЕХФ. Притоа, „Вардар“ трипати играл во полуфиналето на КПК (1998/1999, 2004/2005 и 2010/2011), а во сезоната 2006/2007 играл во четврт-финалето на ова натпреварување. Исто така, во сезоната 2005/2006, „Вардар“ играл во чеврт-финалето на Челинџ-купот. Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/1999, „Вардар“ загубил од „Адемар Леон“ (27:29, 20:35); во второто полуфинале во КПК (2004/2005) загубил од РК „Загреб“ (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/2011) бил поразен од „Гумерсбах“ (21:33, 29:38).[13] Во рангирањето на ЕХФ, „Вардар“ двапати бил меѓу 14. најдобри екипи во Европа. Исто така, „Вардар“ е првата македонска екипа што настапувала во Лигата на шампионите, како и првиот победник во Регионалната лига „СЕХА“.

Регионална лига СЕХА[уреди | уреди извор]

2011-2012[уреди | уреди извор]

РК „Вардар“ е првиот освојувач на трофејот на Регионалната лига СЕХА. Во првата сезона на Регионалната лига (2011/2012), во конкуренција на 12 екипи од шест земји (Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Словачка), Вардар гo освоил пехарот, откако на финалниот турнир во Загреб, ги победил домаќинот РК „Загреб“, а потоа и РК „Металург“. Претходно, во натпреварите од Лигата СЕХА, РК „Вардар“ загубил само три натпревари: против „Загреб“, „Борац“ и „Татран“.

2013-2014[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2013/2014, клубот по вторпат постанал шампион во лигата СЕХА, освојувајќи го трофејот на завршниот турнир, одигран во Нови Сад. Таму, во полуфиналето, одиграно на 11 април 2014 година, РК „Вардар“ го победил РК „Кроација Осигурање Загреб“ со 30:22 (12:10), а два дена подоцна, во финалето остварил победа против РК „Мешков Брест“ од 29:27 (14:15). Претходно, во натпреварите од лигата СЕХА, РК „Вардар“ остварил 12 победи, 5 порази и еден нерешен резултат, завршувајќи го првенството како третопласиран, со 37 бодови и со гол-разлика од 530:458.[14] [15]

2014-2015[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2014-2015, двајца членови на РК „Вардар“, Штербик и Дибиров, се нашле во идеалниот тим за месец октомври, а Раул Гонзалес бил избран за најдобар тренер.[16] На 10 декември 2014 година, во големото градско дерби, „Вардар“ го победил „Металург“ со 26:20, благодарение на голманот Петар Ангелов, кој имал 18 одбрани. Најдобри стрелци за „Вардар“ биле Стефан Терзиќ, со 10 гола и Сергеј Горбок, со 7 постигнати гола.[17] Во претпоследното коло, на гостувањето во Прешов, „Вардар“ го победил тимот на „Татран“ со 34:29 (12:12) и така предвреме го обезбедил второто место во основниот дел од лигата „СЕХА“. Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Добривое Марковиќ со осум гола, и Стојанче Стоилов и Сергеј Горбок со шест гола.[18] Во последното коло, одиграно на 7 март 2015 година, „Вардар„ успеал да го победи водечкиот тим во лигата „Веспрем“ со 28-21. На крајот од првиот дел на лигата, „Вардар„ се пласирал на второто место, со учинок од 15 победи и три порази, со освоени вкупно 45 бодови и со гол разлика 531:462. На тој начин, клубот се квалификувал за завршниот турнир на четирите најдобри екипи.[19]
На завршниот турнир, на 27 март 2015 година, „Вардар“ бил поразен во полуфиналето од „Брест Мешков“ со 28:32,[20] така што играл во борбата за третото место со тимот на „ППД Загреб“. Меѓутоа, и во овој натпревар, „Вардар“ бил поразен со 23:26 (10:11), а најефикасни ракометари кај „Вардар“ биле Стоилов, Марковиќ, Карачиќ и Шишкарев, сите со по четири голови. На тој начин, сезоната во лигата СЕХА тимот на „Вардар“ ја завршил на четвртото место.[21]

2015-2016[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2015-2016, во ноември, „Вардар“ одиграл само еден натпревар, кога се изборил за нерешен резултат (24-24) на гостувањето кај унгарската екипа „Веспрем“. Најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Дибиров кој постигнал седум голови и бил прогласен за најдобро лево крило во лигата за ноември.[22]

Според магазинот на лигата СЕХА, еден гол на Лука Циндриќ постигнат на гостувањето кај екипата на „Нексе“ бил прогласен за трет најубав гол во натпреварите одиграни во февруари, а една одбрана на Страхиња Милиќ била избрана на петтото место на списокот на најубавите одбрани.[23] Исто така, Циндриќ и Дибиров биле избрани во идеалната екипа на лигата за месец февруари.[24]

На последниот натпревар одигран на домашен терен, на 8 март, „Вардар“ повторно одиграл нерешено со „Веспрем“, овојпат со резултат 30:30 (13:12), а најефикасни ракометари биле Циндриќ и Дибиров, кои постигнале по шест гола.[25] На тој начин, „Вардар“ се пласирал на финалниот натпревар во Вараждин при што во полуфиналето, одиграно на 1 април, се сретнал со хрватската екипа „ППД Загреб“, остварувајќи победа со резултат 26:24 (12:10). Најефикасен ракометар на „Вардар“ бил Дејан Манасков, кој постигнал шест гола.[26]

Во финалниот натпревар, одигран на 3 април, „Вардар“ загубил од „Веспрем“ со резултат 26:28 (15:14), со што вторпат станал вице-шампион на лигата. Најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Циндриќ, кој постигнал пет гола.[27] Истовремено, Циндриќ и Душејбаев биле избрани во идеалната екипа на лигата, како најдобар среден бек и најдобар десен бек.[28]

2016-2017[уреди | уреди извор]

На отворањето на сезоната, на домашен терен, „Вардар“ одиграл нерешено со екипата на „Мешков“ 34:34 (15:18), а најефикасен играч бил Дибиров, со постигнати девет гола.[29] Во второто коло, на 6 септември 2016 година „Вардар“ му гостувал на „Металург“ при што остварил тесна победа од 25:24 (13:13).[30] Потоа, во третото коло, одиграно на 10 септември, „Вардар“ убедливо ја победил екипата на „Веспрем“ со резултат 29:22, а три дена подоцна ја совладал и екипата на „ППД Загреб“ со резултат 32:31. Успешната серија продолжила и во петтото коло, одиграно на 17 септември, кога на гостински терен убедливо била совладана екипата на Целје (40:29), со што „Вардар“ се искачил на првото место во лигата.[31] Во шестото коло, „Вардар“ бил убедливо подобар од екипата на „Татран“, совладувајќи ја со резултат 38:21 (20:13). Најдобрите поединци во „Вардар“ биле голманот Милиќ, кој одбранил 15 удари плус два седмерци, како и Душејбаев и Деревен, кои постигнале по пет гола.[32] На 5 февруари 2017 година, во натпреварот одигран во Велење, „Вардар“ ја победил екипата на „Горење“, со што го обезбедил првото место во лигата. Истовремено, „Вардар“ станал најсупешната екипа во шестгодишната историја на „СЕХА“-лигата, со одиграни 111 натпревари во регуларната сезона, во кои постигнал 83 победи и освоил 259 бодови, со гол-разлика 3458:2908. Ако кон тоа се додадат и настапите на финалните турнири, тогаш „Вардар“ одиграл 121 натпревар, во кои постигнал 89 победи, 10 пати играл нерешено и претрпел 22 порази.[33]
На финалниот турнир на „СЕХА“, одигран во Брест, на 7 април 2017 година „Вардар“ бил подобар од екипата на „ППД Загреб“, со резултат 36:28 (19:12), со што по петти пат се пласирал во финалето.[34] Два дена подоцна, на 9 април, „Вардар“ бил подобар од „Веспрем“, со резултат 26:21 (11:11), со што ја освоил својата трета титула во ова натпреварување.[35] Како признание на добрите игри на „Вардар“, дури четворица ракометари биле избрани во најдобрата екипа на турнирот, и тоа: Дибиров, Чупиќ, Борозан и Кањелас, кој бил прогласен за најкорисен играч на турнирот.[36]

2017-2018[уреди | уреди извор]

„Вардар“ ја започнал сезоната убедливо, остварувајќи четири победи по ред во првите четири кола, и тоа против: „Металург“ (32:23), „Горење“ (32:19), „Мешков Брест“ (31:23) и „Татран Прешов“ (32:28).[37] Оттука, во идеалниот тим на лигата за септември имало тројца ракометари на Вардар (Тимур Дибиров, Вуко Борозан и Иван Чупиќ), додека Раул Гонзалес бил прогласен за најдобар тренер.[38] Убедливите настапи на „Вардар“ продолжиле и во следните натпревари, така што по осум одиграни кола имал осум победи. Оттука, и во ноември, Гонзалес бил прогласен за тренер на месецот, а Марсениќ бил избран за најдобар пикер.[39]

Лига на шампионите[уреди | уреди извор]

РК „Вардар“ има повеќе учества во Лигата на шампионите на ЕХФ: 2001/2002, 2002/2003, 2003/2004, 2004/2005, 2007/2008, 2009/2010, 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016 и 2016/2017. Своето прво учество во групната фаза од Лигата на шампионите „Вардар“ го остварил во сезоната 2001/2002, кога во квалификациите ја победил турската екипа „АСКИ Анкара“ со резултат 37:31, а на гостувањето загубил со 27:28. Така, „Вардар“ станал втората македонска екипа што се квалификувала во групната фаза на Лигата на шампионите. Притоа, „Вардар“ играл во група со „Магдебург“, „Веспрем“ и „Шамбери“, при што првата победа во групната фаза на Лигата на шампионите ја остварил во натпреварот против „Шамбери“ (32:30). Потоа, четири сезони по ред „Вардар“ играл во Лигата на шампионите, по што следувала пауза од две сезони. Во сезоната 2009/2010, „Вардар“ повторно изборуил учество во Лигата на шампионите, каде одиграл 10 натпревари.[40]

Сезона 2013-2014[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2013/2014, РК „Вардар“ играл во групата Ц, заедно со: РК Металург, „Динамо“ - Минск, „ПСЖ Хандбал“, „Барселона“ и „Вакер Тун“. Притоа, РК „Вардар“ го освоил четвртото место, со вкупно 10 бодови од 10 натпревари, со што се пласирал во осминафиналето. РК „Вардар“ ги постигнал следниве резултати во групната фаза: На 21 септември 2013, во натпреварот против „Барселона“, одигран во Скопје во рамките на првото коло, РК „Вардар“ одиграл нерешено 29:29 (15:19); во второт коло, одиграно на 25 септември 2013 во Минск, РК „Вардар“ изгубил 26:24 (11:11); во третото коло, одиграно на 13 октомври 2013, РК „Вардар“ го пречекал во Скопје тимот на „ПСЖ Хандбал“, одигрувајќи нерешено 24:24 (9:12); на 19 октомври 2013, во рамките на четвртото коло, РК „Вардар“ победил убедливо на гостувањето кај „Вакер Тун“ со 37:24 (19:11); на 14 ноември 2013, во Скопје, РК „Вардар“ го победил РК „Металург“ со 27:22 (14:9); подоцна, на 24 ноември 2013, во рамките на шестото коло, овие два тима повторно се сретнале во Скопје при што РК „Вардар“, овојпат во улогата на домаќин, изгубил убедливо со 18:26 (12:10); на 30 ноември 2013, РК „Вардар“ гостувал кај „Барселона“ и изгубил со 30:23 (14:11); во осмото коло, одиграно на 9 февруари 2014, РК „Вардар“ го пречекал „Динамо“ - Минск и забележал убедлива победа од 30:22 (14:11); во деветтото коло, одиграно на 16 февруари 2014, РК „Вардар“ пак бил домаќин, победувајќи го „Вакер Тун“ со 32:25 (17:11); и во последното коло, на 22 февруари 2014, РК „Вардар“ му гостувал на „ПСЖ Хандбал“ при што изгубил со 35:25 (15:12).[41]
Во осминафиналето на Лигата на шампионите, РК „Вардар“ се сретнал со европскиот шампион РК „Хамбург“. Првиот меч, одигран на 22 март 2014 во Скопје, завршил нерешено 28:28 (14:16), а на реваншот, одигран на 30 март 2014 во Хамбург, РК „Вардар“ направил големо изненадување, остварувајќи победа од 30:29 (17:15) и така се пласирал во четврфиналето на Лигата на шампионите.[42] [43] Во четвртфиналето, РК „Вардар“ се сретнал со германскиот клуб РК „Фленсбург“. Притоа, на првиот натпревар, одигран на 21 април 2014 година во Германија, РК „Вардар“ загубил со 22:24 (14:13), а во вториот натпревар, одигран на 26 април 2014 година во Скопје, победил со 27:25 (10:15). Сепак, и покрај победата, РК „Вардар“ не успеал да се пласира на завршниот турнир во Келн, порaди тоа што во гости постигнал помалку голови од противникот.[44] [45]

Сезона 2014-2015[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2014-2015, РК „Вардар“ играл во групата „Ц“. Својот прв натпревар од групната фаза, РК „Вардар“ го одиграл на 27 септември 2014 година, на гости против Целје, каде остварил тесна победа од 27:26 (12:12). Најзаслужни за победата биле голманот Арпад Штербик, кој имал дури 22 одбрани, како и Тимур Дибиров и Алекс Душебаев, со постигнати 11 и осум голови, соодветно.[46] Во второто коло, одиграно на 4 октомври 2014 година, РК „Вардар“ играл на домашен терен против тимот на „Чеховски медведи“. Натпреварот се играл во новата сала „Јане Сандански“ при што „Вардар“ остварил убедлива победа од 39:28 (24:12). Најзаслужни за победата биле Дибиров и Душебаев, со постигнати осум и седум голови, соодветно.[47] [48] Во третото коло, на домашен терен, „Вардар“ го победил германскиот тим „Рајн Некар Ловен“ со 28:25 (13:13). Притоа, голманот Арпад Штeрбик, со 14 одбрани, бил најдобриот играч на „Вардар“, додека најдобри стрелци биле Матјаж Брумен со шест, како и Алекс Душебаев и Игор Карачиќ со по пет гола.[49] [50]

Во четвртото коло, одиграно на 19 октомври 2014 година, РК „Вардар“ му гостувал на францускиот клуб „Монпелје“ и одиграл нерешено 34:34 (17:19). Најефикасен во тимот на „Вардар“ бил Дибиров, со постигнати девет гола, поради што се нашол во идеалниот тим за четвртото коло на Лигата на шампионите. Втор стрелец бил Игор Карачиќ, со постигнати осум гола.[51] [52] [53] На 15 ноември 2014 година, во рамките на петтото коло, на домашен терен, „Вардар“ изгубил од тимот на „Веспрем“ со 23:24 (11:13).[54] По натпреварот со „Веспрем“, клубот соопштил дека потпишал договор со шпанскиот ракометар Хорхе Македа, со важност до јуни 2017 година.[55] Една недела подоцна, на 22 ноември 2014 година, „Вардар“ му гостувал на „Веспрем“, каде доживеал убедлив пораз од 24:32 (10:16). Во седмото коло, одиграно на 29 ноември 2014 година, во Скопје, „Вардар“ го победил тимот на „Целје“ со 34:32 (19:17), додека на 6 декември, во рамките на осмото коло, на гостински терен бил совладан тимот на „Чеховски медведи“ со 39:34 (19:16).[56] Во деветтото коло, одиграно на 14 февруари 2015 година на домашен терен, „Вардар“ го совладал тимот на „Монпелје“ со 30:26 (18:13), во натпреварот во кој Дибиров дал дури 12 голови. Најпосле, на 21 февруари 2015 година, во десеттото коло, „Вардар“ му гостувал на тимот на „Рајн Некар Левен“, остварувајќи победа од 35:28 (20:13). На тој начин, „Вардар“ завршил како второпласиран во групата, со седум победи, еден нерешен резултат и два пораза. Притоа, клубот освоил 15 бодови од 10 одиграни натпревари, со гол разлика од 313:289. Со тоа, „Вардар“ се пласирал во осминафиналето на Лигата на шампионите.[57]

Во осминафиналето на Лигата на шампионите, „Вардар“ се сретнал со полскиот тим „Висла Плок“. На првиот натпревар, одигран на 14 март 2015 година, „Вардар“ загубил со 26-32. Најефикасен ракометар во редовите на „Вардар“ бил Алекс Душејбаев, кој постигнал 10 голови.[58] Меѓутоа, во вториот натпревар, одигран на 21 март 2015 година во Скопје, „Вардар“ остварил убедлива победа до 31:20 и со тоа се пласирал меѓу осумте најдобри клуба во Европа. И на овој натпревар, најдобар стрелец бил Душејбаев, со постигнати девет голови,[59] додека голманот Штербик, кој се истакнал со своите одлични одбрани, од страна на навивачите на ЕХФ бил избран за играч на колото.[60]

Во четвртфиналето, „Вардар“ играл против полскиот „Кјељце“. Во првиот натпревар, одигран во Скопје, на 11 април 2015 година, „Вардар“ бил поразен со 20:22,[61] при што пикерот Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, додека голманот Штербик влегол во изборот на петте најдобри одбрани.[62] Нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, Стоилов бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.[63] [64] Во вториот натпревар, одигран на 19 април 2015 година, „Вардар“ повторно претрпел пораз, овојпат со 31:33. Притоа, повторно, неколку ракометари на „Вардар“ се истакнале со својата игра, па во изборот на ЕХФ, Алекс Душејбаев (кој постигнал 9 голови) бил избран во тимот на колото, голманот Страхиња Милиќ ја имал втората најдобра одбрана, додека крилото Матјаж Брумен го дал петтиот најубав гол.[65]

Сезона 2015-2016[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2015-2016, РК „Вардар“ играл во групата „Б“. Својот прв натпревар од групната фаза, РК „Вардар“ го одиграл на 20 септември 2015 година, на гости против екипата на „Монпелје, каде остварил победа од 30:25 (9:12). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Дибиров и Македа, кои постигнале по шест голови.[66], а одлично издание имал и Штербик, кој, благодарение на своите 18 одбрани, бил прогласен за најдобар голман во првото коло на Лигата на шампионите.[67] Во второто коло, одиграно во Скопје на 27 септември 2015 година, „Вардар“ остварил победа над унгарскиот „МОЛ-ПИК Сегед (MOL-PICK Szeged)“ со резултат 27:23 (11:11). Најдобри стрелци за „Вардар“ биле Карачиќ, кој постигнал пет гола, и Дујшебаев и Лука Циндриќ, кои постигнале по четири гола, додека Штербик имал 13 одбрани. На овој натпревар, за првпат во Лигата на шампионите, во дресот на „Вардар“ настапил Дејан Манасков, кој постигнал два гола.[68] Во третото коло, одиграно на 4 октомври 2015 година, „Вардар“ остварил победа над шведската екипа „Кристијанштад“ со резултат 30:25 (15:13). Најдобри стрелци за „Вардар“ биле Алем Тоскиќ (кој бил избран во идеалниот тим на колото, како најдобар пикер)[69] и Тимур Дибиров, кои постигнале по седум гола, а Штербик имал 18 одбрани.[70]
Успешниот поход на „Вардар“ продолжил и во четвртото коло. На 10 октомври 2015 година, на домашен терен, „Вардар“ ја победил германската екипа „Рајн Некар“ со 25:19 (11:10). Најефикасни ракометари во „Вардар“ биле Душејбаев и Дибиров, кои постигнале седум и шест гола, соодветно,[71] но вистинскиот пресврт во натпреварот настапил со влегувањето во игра на голманот Петар Ангелов, кој бранел извонредно во клучните моменти.[72] Како признание на добрата игра на „Вардар“, една одбрана на Ангелов се пласирала на петтото место на најдобрите одбрани, а „цепелинот“ на Данил Шишкарев и Тимур Дибиров бил прогласен за трет најубав гол на колото.[73]
На 18 октомври, во петтото коло, на гостински терен, „Вардар“ претрпел неочекуван пораз од последнопласираната екипа во групата „КИФ Колдинг“ од 31:33 (15:17), а најефикасни во екипата на „Вардар“ биле Дибиров и Македа кои постигнале по седум голови.[74] [75] Притоа, „цепелинот“ на Игор Карачиќ и Тимур Дибиров бил проглаен за најубав гол на колото.[76] На 24 октомври, во рамките на шестото коло, „Вардар“ забележал убедлива победа над „Кјелце“ од 34:24 (18:14), во натпревар во кој повторно се истакнал голманот Арпад Штербик, кој имал процент од 37% одбранети удари, поради што бил избран за најдобар голман на колото. Исто така, една негова одбрана била прогласена за четврта најдобра одбрана. Покрај него, во идеалниот состав на шестото коло се нашол и Тимур Дибиров, кој постигнал осум голови, а исто толку постигнал и Сергеј Горбок.[77] [78] [79]
На 14 ноември, во рамките на седмото коло, „Вардар“ бил поразен на гостувањето кај „Барселона“ со резултат 30:31 (13:16) при што најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Горбок со постигнати осум гола,[80] додека една интервенција на Штербик била прогласена за петта најдобра одбрана на колото.[81] Инаку, во 55. минута од натпреварот Карачиќ го постигнал 2.000 гол на „Вардар“ во групната фаза од Лигата на шампионите.[82] Во осмото коло, одиграно на 22 ноември, на домашен терен „Вардар“ ја пречекал екипата на „Барселона“ при што повторно претрпел пораз од 25:27 (15:12). Најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Горбок кој постигнал пет гола.[83] И покрај поразот, Штербик бил прогласен за најдобар голман, а еден гол на Дибиров бил прогласен за трет најубав гол на колото.[84] Лошата серија на „Вардар“ продолжила и во следното коло кога клубот го претрпел третиот последователен пораз. Во деветтото коло,одиграно на 28 ноември, „Вардар“ загубил и на гостувањето кај „Кјелце“ со резултат 20:23 (6:10). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Мијајло Марсениќ и Сергеј Горбок, кои постигнале по пет голови, додека голманот Милиќ имал 15 одбрани.[85] Во последниот натпревар одигран во 2015 година, во рамките на десеттото коло, на 5 декември во Скопхје „Вардар“ остварил убедлива победа над екипата на „Колдинг“ од 34:24 (18:8). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Циндриќ и Дибиров, кои постигнале по четири гола, додека Штербик, иако не го одиграл целиот натпревар, имал 14 одбрани.[86] [87]
Во првиот натпревар одигран во 2016 година, на 11 февруари, во рамките на 11. коло, „Вардар“ загубил на гостувањето кај „Рајн-Некар“ со резултат 27:28 (15:14). Најефикасен ракометар во редовите на „Вардар“ бил Горбок, кој постигнал седум гола.[88] Подоцна, на 20 февруари, „Вардар“ ја пречекал екипата на „Кристијанштад“ при што остварил победа од 38:36 (21:19), а најдобри стрелци биле Лука Циндриќ и Горбок, кои постигнале по осум и седум гола, соодветно.[89] [90] Во претпоследното коло одиграно на 28 февруари, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата на „ПИК Сегед“ при што остварил победа од 31:29 (13:14). Најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Македа со постигнати осум гола, а голманот Милиќ имал 13 одбрани, со што бил избран за најдобар голман на 13. коло на Лигата на шампионите, а една од неговите одбрани била прогласена за втора најубава во колото.[91] [92] Во последниот натпревар од грушната фаза, на 5 март, на домашен терен, „Вардар“ ја совладал екипата на „Монпелје“ со резултат 34:26 (17:17), а најефикасни ракометари биле Дејан Манасков и Душејбаев, кои постигнале по седум гола.[93] На тој начин, по одиграни 14 кола, „Вардар“ завршил на третото место во групата „Б“, со 18 освоени бодови (девет победи и пет порази) и со гол разлика од 416:373 (петта најдобра разлика во Лигата на шампионите во сезоната 2015-2016.[94] [95] Со тоа, по завршувањето на групната фаза од лигата, „Вардар“ одиграл вкупно 82 натпревари во Лигата на шампионите и забележал 30 победи, девет нерешени натпревари и 43 порази. Со остварените 30 победи, „Вардар“ станал најуспешната македонска екипа во Лигата на шампионите, надминувајќи го „Металург“, кој имал 27 победи.[96]
Во осминафиналето на Лигата на шампионите, „Вардар“ се сретнал со полската екипа „Висла Плок“. Во првиот натпревар, одигран на 16 март, „Вардар“ одиграл нерешено, со резултат 30:30 (14:16), во натпревар во кој Штербик имал 11 одбрани, а најефикасни стрелци биле Караџиќ и Циндриќ кои постигнале по шест и пет гола, соодветно.[97] На 26 март се одиграл вториот натпревар на домашен терен, во кој „Вардар“ остварил тесна победа од 25:24 (13:15). Најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Тоскиќ, кој постигнал осум гола, а се истакнал и голманот Штербик со неговите 17 одбрани. Така, „Вардар“ третпат по ред се пласирал во четврфиналето на Лигата на шампионите,[98] во кое играл против „Веспрем“. Првиот натпревар, одигран на 23 април во Скопје, „Вардар“ го загубил со резултат 26:29 (9:12), а најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Дибиров и Карачиќ, кои постигнале по шест голови.[99] На 30 април се одиграл возвратниот натпревар кој завршил со нерешен резултат 30:30, иако „Вардар“ водел во првото полувреме со 14:12. Така, „Вардар“ не успеал трипати по ред да се пласира на финалниот турнир во Келн. Инаку, најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Душејбаев, кој постигнал пет гола.[100] Притоа, Душејбаев и Данил Шишкарев биле прогласени за ракометари кои го дале 3. и 5. најубав гол во ова коло на Лигата на шампионите.[101]

Сезона 2016-2017[уреди | уреди извор]

Пречек на ракометарите од „Вардар“ во Скопје, 6 јуни 2017

Во сезоната 2016-2017, РК „Вардар“ играл во групата „Б“, заедно со екипите на Рајн Некар, Кјелце, Пик Сегед, ППД Загреб, Мешков, Целје и Кристијанштад.[102] Во рамките на првото коло, на 25 септември, како гостин, „Вардар“ ја победил екипата на „Кристијанштад“ со резултат 28:23 (15.12), во натпревар во кој Штербик имал 19 одбрани, а Душебаев постигнал седум гола.[103] [104] Според изборот на ЕХФ-тв, Душебаев се нашол во идеалниот тим на првото коло, на позицијата десен бек.[105]Потоа, во второто коло, на домашен терен, „Вардар“ ја победил екипата на „Мешков“ со резултат 31:27 (13:13), а најдобри стрелци во редовите на „Вардар“ биле Душејбаев (со девет гола) и Вуко Борозан (со седум гола).[106] Во третото коло, одиграно на 9 октомври во Целје, „Вардар“ бил подобар од домашната екипа со резултат 32:26 (15:15) при што најефикасни биле Марсениќ и Дибиров, со постигнати шест, односно пет гола, соодветно.[107] Во четвртото коло, „Вардар“ ја продолжил победничката серија, со победата над „ПИК Сегед“ со резултат 30:27 (16:15) при што најефикасен ракометар бил Дибиров, кој постигнал осум гола.[108]
Сепак, во петтото коло, на гостувањето во Загреб, „Вардар“ бил поразен од „ППД Загреб“ со 27:28 (17:12).[109] На 12 ноември, „Вардар“ ја победил екипата на актуелниот европски шампион „Кјелце“ со резултат 40:34 (18:18). Притоа, Карачиќ постигнал девет, а Душебаев и Дибиров по осум гола, додека Штербик одбранил 14 топки и два пенала.[110] Оттука, Штербик и Карачиќ биле избрани во најдобрата екипа на шестото коло, а одбраната на Штербик на пеналот во второто полувреме била прогласена за најдобра одбрана на колото.[111] На 17 ноември, „Вардар“ гостувал кај екипата на „Рајн Некар“, каде остварил нова победа од 33:27 (17:16), а најзаслужен биле Хоан Канељас кој постигнал 10 гола, Циндриќ со постигнатите седум гола и Штербик, кој одбранил 13 удари и два пенала.[112] Притоа, тие двајца се нашле во идеалниот тим на колото.[113] Во осмото коло, одиграно на 26 ноември во Скопје, „Вардар“ повторно играл со екипата на „Рајн Некар“, но овојпат бил поразен со резултат 26:29 (15:15), а најефикасни во домашната екипа биле Борозан и Канељас, кои постигнале по шест гола.[114] На 4 декември, во рамките на деветтото коло, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата на „Кјелце“ при што бил поразен, со резултат 24:27 (12:15). Во редовите на „Вардар“ се истакнал голманот Милиќ, кој имал 13 одбрани плус три одбранети пенали, а најефикасни биле Душебаев и Карачиќ, кои постигнале по пет гола.[115] Како признание на добрата игра, Милиќ бил избран во идеалниот тим, како најдобар голман на колото.[116] Инаку, натпреварот портив „Кјелце“ започнал со една минута молчење по повод смртта на долгогодишниот секретар на „Вардар“, Бранко Дилберов.[117]
Првиот натпревар по зимската пауза „Вардар“ го одиграл на 11 февруари 2017 година, кога на домашен терен ја победил екипата на „ППД Загреб“ со резултат 25:20 (14:8), со што повторно се вратил на првото место во групата, со освоени 14 бодови.[118] Најефикасен ракометар во редовите на „Вардар“ бил Дујшебаев, кој постингал седум гола.[119] [120] Како резултат на добрата игра, Дујшебаев бил избран во идеалниот тим на колото, на позицијата десен бек; еден гол на Циндриќ бил избран за трет најубав гол на колото; а Штербик ја имал четвртата најдобра одбрана на колото.[121] На 18 февруари 2017 година, „Вардар“ извојувал многу важна победа на гостински терен, против „ПИК Сегед“, со резултат 23:21.[122] Најефикасен ракометар во редовите на „Вардар“ бил Дибиров, со постогнати шест гола, додека голманот Штербик се истакнал со своите 13 одбрани, меѓу кои и три седмерци.[123] на 25 февруари, „Вардар“ остварил уште една победа, овојпат против екипата на „Целје“, со резултат 35:30 (20:15). На тој начин, „Вардар“ ја остварил својата 40. победа во Лигата на шампионите,[124] а Дујшебаев (кој постигнал осум голови) бил прогласен за најдобар десен бек на колото.[125] Во 13. коло, одиграно на 4 март 2017 година, „Вардар“ загубил на гостувањето против „Мешков Брест“ со резултат 26:30 (13:15). Најефикасни во редовите на „Вардар“ биле Карачиќ и Чупиќ, кои постигнале по пет гола.[126] Најпосле, во последното коло, одиграно на 12 март 2017 година во Скопје, „Вардар“ остварил победа над шведската екипа „Кристијанштад“, со резултат 32:29 (17:13) Најефикасен во редовите на „Вардар“ бил Борозан, кој постигнал шест гола, а Штербик имал дури 19 одбрани. Инаку, ова бил јубилејниот 100. настап на „Вардар“ во Лигата на шампионите при што била остварена 41. победа. Со тоа, „Вардар“ ги завршил настапите на првото место во својата група, со 10 победи и четири порази, со своени 20 бодови и со гол разлика од 412:378. Така, како победник во групата, „Вардар“ директно се пласирал во четврфиналето (четврти пат по ред).[127]
Во четврфиналето, „Вардар“ се сретнал со германската екипа „Флензбург“. Притоа, во првиот натпревар, одигран на 22 април на гостински терен, „Вардар“ победил со резултат 26:24 (15:9).[128] Потоа, на 27 април, „Вардар“ извојувал уште една победа, со резултат 35:27 (15:10) и така за првпат се пласирал на завршниот натпревар во Келн.[129] Пред почетокот на завршниот турнир, Алекс Душебаев бил избран во најдобрата екипа на Лигата на шампионите, како најдобар десен бек, додека Раул Гонзалес бил прогласен за најдобар тренер.[130] На 3 јуни 2017 година, „Вардар“ играл во полуфиналето против екипата на „Барселона“ и извојувал победа од 26:25 (13:12), со голот на Лука Циндриќ постигнат три секунди пред крајот на натпреварот.[131] Утредента, „Вардар“ играл во финалето против „ПСЖ“ и на сличен начин, со голот на Иван Чупиќ во последната секунда, извојувал победа со резултат 24:23 (11:12) и ја освоил шампионската титула, со што го постигнал најголемиот успех во својата историја.[132] [133] Најефикасен ракометар во финалето бил Тимур Дибиров со шест гола, а Арпад Штербик со своите 16 одбрани бил прогласен за најкорисен играч (MVP) на финалниот турнир, како прв голман во историјата што го освоил ова признание.[134] [135] Како признание за шампионската титула, ракометарите на „Вардар“ биле одликувани од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов со „Медал за заслуги за Македонија“, а на клубот му го доделил признанието „Повелба на Република Македонија“, како прва спортска екипа во Македонија која го добила ова признание.[136]

Сезона 2017-2018[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2017-2018, РК „Вардар“ играл во групата „А“, заедно со екипите на „Барселона“, „Пик Сегед“, „ППД Загреб“, „Рајн Некар“, „Нант“, „Кристијанштад“ и „Висла Плоцк“.[137] „Вардар“ ја почнал новата сезона во Лигата на шампионите со победата над „Висла Плоцк“, на гостински терен, со резултат 26:22 (13:9).[138] Во второто коло, одиграно на домашен терен, „Вардар“ ја совладал екипата на „Нант“, со резултат 27:23 (14:10).[139] Благодарение на десетте одбрани (плус два пенала), Штербик бил избран за најдобар голман на второто коло.[140] Во третото коло, одиграно на 1.10.2017, на домашен терен, „Вардар“ ја совладал екипата на „ППД Загреб“, со резултат 28:21 (13:10). Најдобри стрелци за “Вардар“ биле Борозан и Македа, кои постигнале по четири гола, додека Штербик имал 13 одбрани. На тој начин, „Вардар“ ја остварил својата најдолга победничка серија во Лигата на шампионите, со осум последователни победи.[141] Во следното коло, „Вардар“ ѝ гостувал на екипата на „ПИК Сегед“, каде што одиграл нерешено 26:26 (13:14). Борозан постигнал осум гола, Циндриќ седум, додека Штербик имал 14 одбрани.[142] На 14 октомври, „Вардар“ ја пречекал „Барселона“ на домашен терен и остварил победа од 27:24 (16:12), а повторно најефикасен ракометар на „Вардар“ бил Борозан, со постигнати шест гола, додека Штербик имал 15 одбрани.[143] Благодарение на извонредните одбрани, Штербик бил прогласен за најдобар ракометар во Лигата на шампионите во октормври.[144]

Во следното коло, одиграно на 4 ноември 2017 година, „Вардар“ ја победил екипата на „Кристијанштад“ на гостински терен, со резултат 26:23 (15:10), а најефикасни ракометари биле Борозан, Дибиров и Криштопанс со по седум голови.[145] Потоа, на 11 ноември, на гостински терен, „Вардар“ ја победил екипата на „ПДП Загреб“ со резултат 29:23 (15:10).[146] На 18 ноември, на домашен терен, „Вардар“ бил подобар од „Рајн Некар“, со резултат 30:26 (17:13), а најдобар стрелец бил Борозан, кој постигнал седум гола.[147] Во рамките на деветтото коло, на 26 ноември, „Вардар“ гостувал кај „Рајн Некар“, каде одиграл нерешено, 21:21 (11:11), а најефикасен ракометар бил Дибиров, кој постигнал пет гола.[148]


Во последниот натпревар во календарската година, на 2 декември, „Вардар“ ја победил екипата на Кристијанштад со резултат 31:15 (14:8). На тој начин, „Вардар“ постигнал неколку рекорди во клупската историја: највисоката победа во Лигата на шампионите, низа до 15 натпревари без пораз во Лигата на Шампионите и 20 натпревари без пораз во сите меѓународни натпревари. Притоа, и овојпат се истакнал голманот Штербик, кој во првото полувреме имал повеќе одбрани (девет) отколку што противникот постигнал голови (осум), а на крајот стигнал до вкупно 17 одбрани. Најефикасен ракометар во редовите на „Вардар“ бил Дибиров, кој постигнал седум гола.[149] Притоа, една одбрана на Штербик била прогласена меѓу петте најдобри во колото.[150]

Супер Глоуб 2017[уреди | уреди извор]

Како европски шампион, во август „Вардар“ настапил на турнирот „Супер Глоуб 2017“, неформалното светско клупско првенство. Притоа, по победата над „Гашаран“ (30:22), „Вардар“ загубил од „Барселона“ (29:32), а потоа бил убедливо подобар од „Ал Сад“ (37:19).[151]

Состав во сезоната 2017-2018[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2017-2018, во екипата на „Вардар“ настапувале следниве ракометари:[152]

Голмани
Бекови
Пикери
Крила

Поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Во екипата на „Вардар“ настапувале голем број познати македонски и странски ракометари, како:[153] [154]

Трансфери за 2016/17[уреди | уреди извор]

Засилувања
Заминувања

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 РК Вардар - Екипа
  2. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „За клубот“ (пристапено на 10.4.2017)
  3. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар е добитник на наградата 13 ноември“ (пристапено на 14.11.2016)
  4. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар е добитник на наградата 13 ноември“ (пристапено на 14.11.2016)
  5. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 28.5.2014)
  6. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 28.5.2014)
  7. „Вардарци го прегазија Зомимак и се пласираа во финалето од Купот“ (пристапено на 19.5.2015)
  8. „Вардар победнички и рекордерски: Освоен 10 Куп трофеј“ (пристапено на 19.5.2015)
  9. „Вардарци ја завршија сезоната со нов пехар“ (пристапено на 6.6.2015)
  10. „Благодарност за шестмина ракометари“(пристапено на 6.6.2015)
  11. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница „Ја завршивме сезоната со победа во Прилеп“ (пристапено на 7.9.2016)
  12. РК Вардар - официјално мрежно место, „Вардар ја зголеми колекцијата на трофеи: Освоен 12. Куп на Македонија“ (пристапено на 30.5.2017)
  13. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „За клубот“ (пристапено на 10.4.2017)
  14. „Вардар ќе го враќа трофејот во своите витрини“, Дневник, година XVIII, број 5439, петок, 11 април 2014, стр. 27.
  15. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (посетена на 3.5.2014)
  16. „Штербик, Дибиров и Циндриќ во идеалниот СЕХА-тим“, Дневник, година XVIII, број 5609, среда, 5 ноември 2014, стр. 22.
  17. „Гонзалес: Одбраните на Ангелов го решија победникот“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26.
  18. „Вардар го завери второто место во Прешов“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 19.
  19. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (посетена на 12.3.2015)
  20. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (пристапено на 31.3.2015)
  21. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардар е четвртопласиран на завршниот турнир на СЕХА (пристапено на 31.3.2015)
  22. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Дибиров е најдобро лево крило во СЕХА во ноември“ (пристапено на 4.12.2015)
  23. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Лука Циндриќ и Страхиња Милиќ во топ-8 во СЕХА за месец февруари“ (пристапено на 8.3.2016)
  24. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Циндриќ и Дибиров од тимот на месецот во СЕХА лигата“ (пристапено на 8.3.2016)
  25. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардар останува единствен тим што му зема бодови на Веспрем“ (пристапено на 8.3.2016)
  26. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница „Вардар може против сите, играме финале во СЕХА“ (пристапено на 10.4.2016)
  27. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница „Веспрем беше подобар во финалето, Вардар е сребрен во СЕХА“ (пристапено на 10.4.2016)
  28. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница „Циндриќ и Душебаев во Олстар тимот на Ф4 турнирот на СЕХА“ (пристапено на 10.4.2016)
  29. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница „Со реми ја почнавме сезоната во СЕХА лигата“ (пристапено на 9.9.2016)
  30. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница „Продолжи победничката серија на дуелите со Металург“ (пристапено на 7.9.2016)
  31. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (пристапено на 18.9.2016)
  32. „Мечот со Татран за вардарци беше добар тест пред стартот на ЛШ“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 26.
  33. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардар е најуспешниот тим во историјата на СЕХА лигата“ (пристапено на 12.2.2017)
  34. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Петто СЕХА финале за Вардар“ (пристапено на 10.4.2017)
  35. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Трофејот од СЕХА се враќа во Скопје: Вардар е новиот шампион!“ (пристапено на 10.4.2017)
  36. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Четворица вардарци во Ол стар тимот на Ф4“ (пристапено на 10.4.2017)
  37. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, (пристапено на 5.10.2017)
  38. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Доминација на вардарци во СЕХА во септември“ (пристапено на 5.10.2017)
  39. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Раул го предводи Марсениќ и најдобрите седум во СЕХA за ноември“ (пристапено на 6.12.2017)
  40. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардарци први до „стотка“ во ЛШ“ (посетена на 5.4.2014)
  41. РК "Вардар" - официјална интернет-страница (посетена на 5.4.2014)
  42. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (посетена на 5.4.2014)
  43. „Вардар не се предава во Хамбург“, Дневник, година XVII, број 5427, петок, 28 март 2014, стр. 29.
  44. „Вардар со Фленсбург ќе напише историја“, Дневник, година XVIII, број 5449, петок, 25 април 2014, стр. 30.
  45. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (посетена на 3.5.2014)
  46. Zase.mk, „Штербик го победи Цеље, Вардар славеше со 26-27“ (пристапено на 10.10.2014)
  47. Tocka.com.mk, „Спектакл во „Јане Сандански": Вардар ги прегази Чеховски Медведи!“ (пристапено на 10.101.2014)
  48. РК „Вардар“, Официјална интернет-страница (пристапено на 10.10.2014)
  49. Кајгана, „Вардар пресилен и за Рајн Некар Ловен“ (пристапено на 14.10.2014)
  50. „Лацковиќ: Ова е почеток на успешната приказна“, Дневник, година XVIII, број 5591 вторник, 14 октомври 2014, стр. 22-23.
  51. „Дибиров во идеалниот тим“, Дневник, година XVIII, број 5597, вторник, 21 октомври 2014, стр. 24.
  52. „Штербик го одбрани Вардар“, Дневник, година XVIII, број 5597, вторник, 21 октомври 2014, стр. 24.
  53. Официјална интернет страница на РК „Вардар“ (пристапено на 5.11.2014)
  54. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 28.11.2014)
  55. „Вардар со Македа ќе ја освојува Европа“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 24-25.
  56. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 7.12.2014)
  57. Официјална интернет страница на РК „Вардар“ (пристапено на 25.2.2015)
  58. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 15.3.2015)
  59. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 22.3.2015)
  60. „Штербик играч на колото во ЛШ“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 26.
  61. Официјална интернет страница на РК „Вардар“ (пристапено на 15.4.2015)
  62. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Стоилов дел од најдобриот тим на четврт-финалето“ (пристапено на 15.4.2015)
  63. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Стоилов е најдобар играч во четврфиналето во ЛШ“(пристапено на 18.4.2015)
  64. „Стоилов играч на колото во ЛШ“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 25.
  65. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Душебаев во тимот на колото, Милиќ и Брумен во најубавите одбрани и голови“ (пристапено на 22.4.2015)
  66. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Моќен старт на Вардар со важна победа кај Монпелје“ (пристапено на 23.9.2015)
  67. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Штербик е голманот на колото во ЛШ“ (пристапено на 23.9.2015)
  68. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Нова победа за Вардар, подобри сме од ПИК Сегед“ (пристапено на 29.9.2015)
  69. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Алем Тоскиќ е пикер на колото во Лигата на шампионите“ (пристапено на 6.10.2015)
  70. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар го победи Кристијанштад и изби прв во групата“ (пристапено на 6.10.2015)
  71. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Рајн Некар и по третпат на колена пред Вардар“ (пристапено на 13.10.2015)
  72. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Тренерите едногласни: Ангелов беше пресвртницата“ (пристапено на 13.10.2015)
  73. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Цепелинот на Дибиров и Шишкарев и одбраната на Ангелов избрани во Топ-5“ (пристапено на 13.10.2015)
  74. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 2.11.2015)
  75. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Колдинг е првиот тим кој успеа да го запре Вардар“ (пристапено на 2.11.2015)
  76. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Дибиров и Карачиќ го постигнаа најубавиот гол ова коло во ЛШ“ (пристапено на 2.11.2015)
  77. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Раул: Бевме одлични и во одбрана и во напад, а Штербик беше брилијантен“ (пристапено на 2.11.2015)
  78. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Дибиров е најдобро лево крило, Штербик и најдобар голман и во топ-5 одбрани“ (пристапено на 2.11.2015)
  79. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Огромна победа, Вардар го уништи Кјелце“ (пристапено на 2.11.2015)
  80. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар добро го намачи европскиот првак, но бодовите останаа во Барселона“ (пристапено на 23.11.2015)
  81. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Штербик повторно избран во најдобрите пет одбрани во ЛШ“ (пристапено на 23.11.2015)
  82. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Игор Карачиќ го постигна 2.000 гол во групната фаза од ЛШ“ (пристапено на 23.11.2015)
  83. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Бевме толку блиску до бодовите....“ (пристапено на 23.11.2015)
  84. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Штербик во тимот на колото, Дибиров во петте најубави голови“ (пристапено на 23.11.2015)
  85. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Задоцнето будење на Вардар, Кјелце подобар во дербито“ (пристапено на 4.12.2015)
  86. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Десетка за успешен крај на годината во ЛШ“ (пристапено на 7.12.2015)
  87. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Ќе презимиме на петтата позиција во групата“ (пристапено на 7.12.2015)
  88. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар за влакно не успеа да спаси реми во Франкфурт“ (пристапено на 13.2.2016)
  89. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Победа си е победа, иако малку моравме да запнеме“ (пристапено на 24.2.2015)
  90. „Вардарци го остварија планот со Кристијанштад, на ред е Пик Сегед“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 26-27.
  91. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар оствари драгоцена победа на гостувањето кај Пик Сегед“ (пристапено на 8.3.2016)
  92. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Страхиња Милиќ е најдобар голман во 13. коло во ЛШ“ (пристапено на 8.3.2016)
  93. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Со триумф го запечативме пласманот во осминафиналето“ (пристапено на 8.3.2016)
  94. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, (пристапено на 8.3.2016)
  95. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар во топ-5 по ефикасност во статстиката од групната фаза во ЛШ“ (пристапено на 16.3.2016)
  96. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар е најуспешната македонска екипа во Лигата на шампионите“ (пристапено на 16.3.2016)
  97. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар се враќа од Полска со реми како победа“ (пристапено на 19.3.2016)
  98. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Трилер, драма и на крај среќен крај: Вардар по третпат во четвртфиналето на ЛШ“ (пристапено на 26.3.2016)
  99. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Веспрем ја доби првата битка за Келн“ (пристапено на 24.4.2016)
  100. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар го обели образот во Веспрем, но третпат ни побегна Келн“ (пристапено на 5.5.2016)
  101. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „ЕХФ ги избра Душебаев и Шишкарев во топ-5 гола на колото“ (пристапено на 5.5.2016)
  102. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Потврдени саатниците за девет натпревари од групната фаза“ (пристапено на 9.9.2016)
  103. „Вардар и Металург стартуваа со победи“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 26-27.
  104. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „На почеток на ЛШ ја решивме „скандинавката“ во Кристијанштад“ (пристапено на 25.9.2016)
  105. „Талески и Душебаев во тимот на колото на ЛШ“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 28.
  106. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Продолжува победничката низа на Вардар, и Мешков заминува поразен oд Скопје“ (пристапено на 13.10.2016)
  107. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардарци повторно го освоија Целје“ (пристапено на 13.10.2016)
  108. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар е незапирлив - 11. триумф по ред сезонава“ (пристапено на 21.10.2016)
  109. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Од „готово - вересија“, во неверојатна завршница останавме без бодови во Загреб“ (пристапено на 21.10.2016)
  110. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар не признава шампиони - нова лекција за Кјелце во Скопје“ (пристапено на 14.11.2016)
  111. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Штербик и Карачиќ во Ол стар тимот на колото“ (пристапено на 14.11.2016)
  112. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар го има „лекот“ за Рајн Некар“ (пристапено на 19.11.2016)
  113. „Кањелас и Циндриќ во тимот на колото“, Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 17.
  114. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Рајн Некар направи „брејк“ во Скопје“ (пристапено на 29.11.2016)
  115. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Европскиот шампион му се одмазди на Вардар“ (пристапено на 5.12.2016)
  116. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Страхиња Милиќ првпат сезонава во меѓу најдобрите на колото во ЛШ“ (пристапено на 5.12.2016)
  117. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардаровото семејство доживеа голема загуба – почина Бране „Дилбер“!“ (пристапено на 5.12.2016)
  118. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница, „Вардар повторно е лидер во ЛШ - во игра сме за директен влез во четвртфинале“ (пристапено на 12.2.2017)
  119. European Handball Federation - Официјална интернет-страница (пристапено на 12.2.2017)
  120. „Гонзалес: Можеме малку да уживаме по победата и враќањето на првото место“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 21.
  121. „Душебаев, Циндриќ и Штербик се најдоа во поединечните избори на ЕХФ“, Дневник, година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 21.
  122. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар триумфално во Сегед и „гази“ сигурно кон четвртфиналето“ (пристапено на 19.2.2017)
  123. „Гонзалес: Го имавме Штербик на голот“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 23.
  124. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар во нова победничка серија, на „два чекори“ до четврт-финалето“ (пристапено на 27.2.2017)
  125. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Душебаев повторно е најдобар десен бек на колото во ЛШ“ (пристапено на 27.2.2017)
  126. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Во Брест не ја искористивме шансата, останува во Скопје да го завериме четврт-финалето“ (пристапено на 4.3.2017)
  127. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Победа во јубилејниот 100. меч во ЛШ“ (пристапено на 12.3.2017)
  128. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар се враќа триумфално од Флензбург“ (пристапено на 25.4.2017)
  129. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Келн ние доаѓаме!!!“ (пристапено на 3.5.2017)
  130. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар ги доби првите признанија во Келн: Душебаев е најдобар десен бек, Гонзалес е тренер на сезоната“ (пристапено на 4.6.2017)
  131. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар пишува историја: Прво финале во лига на шампиони“ (пристапено на 4.6.2017)
  132. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „ШАМПИОНИИИИИИИИ!!!!!“ (пристапено на 4.6.2017)
  133. EHF Champions League, Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (пристапено на 4.6.2017)
  134. EHF Champions League, „CUPIC’S LAST SECOND GOAL PROPELS HC VARDAR TO HANDBALL'S CLOUD NINE“ (пристапено на 4.6.2017)
  135. EHF Champions League, „STERBIK: THIS AWARD IS THE CROWNING JEWEL ON MY CAREER“ (пристапено на 4.6.2017)
  136. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Ракометарите добија „Медал за заслуги за Македонија“, а клубот „Повелба на Република Македонија“ (пристапено на 7.6.2017)
  137. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, (пристапено на 1.10.2017)
  138. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Шампионите тргнаа триумфално - со победа кај Висла“ (пристапено на 5.10.2017)
  139. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Вардар шампионски, со победа против Нант и нов клупски рекорд“ (пристапено на 5.10.2017)
  140. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Извонредниот Штербик е голман на колото во ЛШ“ (пристапено на 5.10.2017)
  141. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Нов триумф на Вардар за продолжување на победничката серија во ЛШ“ (пристапено на 5.10.2017)
  142. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Освоивме бод во Унгарија, а можевме и да победиме“ (пристапено на 15.10.2017)
  143. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Вардар покажа зошто е европски првак: Барселона поразена заминува од Скопје“ (пристапено на 15.10.2017)
  144. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Арпад Штербик е играч на месецот во изборот на ЕХФ“ (пристапено на 4.11.2017)
  145. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Вардар се враќа со триумф и од Шведска“ (пристапено на 4.11.2017)
  146. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Продолжува вардаровата победничка серија: Падна и Загреб во ЛШ“ (пристапено на 12.11.2017)
  147. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Вардар го „реши“ и Рајн Некар и останува најдобар тим во ЛШ“ (пристапено на 26.11.2017)
  148. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Вардар се враќа непоразен од Германија и сигурно чекори кон четврт-финалето на ЛШ“ (пристапено на 27.11.2017)
  149. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„НВардар игра фантастично и руши рекорди“ (пристапено на 6.12.2017)
  150. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“,„Ништо ново: Штербик има една од петте најдобри одбрани на колото во ЛШ“ (пристапено на 6.12.2017)
  151. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, (пристапено на 5.10.2017)
  152. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“ (посетена на 7.10.2017)
  153. „Благодарност за шестмина ракометари“(пристапено на 6.6.2015)
  154. РК „Вардар“ - официјална интернет-страница (пристапено на 12.3.2015)
  155. Официјална интернет-страница на РК „Вардар“, „Бразилскиот „џин“ Рожерио е нов член на Вардар“ (пристапено на 19.3.2016)