Алекс Душебаев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алекс Душебаев
Alex Dujshebaev 01.jpg
Лични податоци
Име и презиме Алекс Душебаев
Роден(а) 17 декември 1992 (1992-12-17) (воз. 25 г.)
Сантандер, Кантабрија,
Националност  Шпанија
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина 1.87 м
Тежина 84 кг.
Позиција Десен Бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Вардар
Број 31
Сениорски клубови
2009–2010
2010–2012
2012–2013
2013–
Шпанија Сјудад Реал
Шпанија Натурхаус ла Роха
Шпанија Арагон
Македонија Вардар
Репрезентација
2014- Шпанија Шпанија 7 (13)[

Алекс Душебаев (роден на 17 декември, 1992 во Сантандер) е професионален шпански ракометар, кој игра за РК Вардар од Скопје и за националниот тим на Шпанија.

Алекс е син на ракометната икона и сега ракометен стручњак Талант Душебаев.

Кариера[уреди | уреди извор]

Душебаев својата кариера ја започнал во младинскиот тим на Сјудад Реал, и во сезоната 2009/2010 се приклучил на првиот тим кој го водел неговиот татко, Талант Душебаев. На крајот на сезоната, тој го напуштил Сјудад Реал и потпишал договор со клубот Натурхаус ла Роха. По две сезони, тој преминал во редовите на Арагон и во истата сезона постанал најдобар стрелец во АСОБАЛ лигата. Во јуни 2013, тој потпишал за Атлетико Мадрид, каде тренер повторно бил неговиот татко.[1] Набрзо потоа, клубот Атлетико Мадрид престанал да постои поради финансиски причини, и Алекс потпишал двегодишен договор со македонскиот клуб, Вардар.[2]

Во мај 2014 година, во изборот на специјализираниот портал "Хенбол планет", Душебаев бил прогласен за најдобар млад ракометар во светот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Алекс Душебаев потпиша за Атлетико Мадрид rkmetalurg.mk 7 јуни, 2013
  2. Душебаев две години во Вардар Про vecer.com.mk 26 јули, 2013
  3. "Душебаев - најдобар млад ракометар во светот", Дневник, година XVIII, број 5479, сабота, 31 мај 2014, стр. 21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]