Стевче Алушевски
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Стевче Алушевски | ||
Роден(а) |
октомври 1 1972 Сиднеј, Австралија | ||
Националност |
![]() | ||
Спорт |
![]() | ||
Висина | м | ||
Тежина | 90 кг | ||
Позиција | лево крило | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | РК Металург Скопје | ||
Број | 71 | ||
Сениорски клубови | |||
1997-2001 2001-2004 2004-2005 2005-2006 2005-2006 2006-2010 2010-2013 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() | ||
Репрезентација 1 | |||
![]() | 243 (352) | ||
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 29 January 2012 |
Стевче Алушевски е поранешен македонски ракометар, и член на Македонската ракометна репрезентација, актуелен тренер на РК Еурофарм Работник[1] од Битола. Играл на позицијата лево крило[2]. Роден е на 1 октомври 1972 година, во Сиднеј, Австралија[3], но набргу уште во раните детски години со семејството се враќа во Битола, од каде што потекнува неговото семејство. Во Битола ги завршува основното, средното и високото образование[4].
Играчка кариера[уреди | уреди извор]
Својата ракометна кариера ја започнува во Битола, каде што уште во детството ги прави првите чекори во ракометот во младинската школа на РК Пелистер. На 17 годишна возраст во сезоната 1990/91, станува член на првата екипа на РК Пелистер од Битола[5]. Во текот на својата кариера играл за РК Пелистер, РК Преспа Јафа Промет од Ресен, РК Вардар од Скопје, а од 2010 преминал во РК Металург. Својата кариера најмногу ја поминал во РК Пелистер (10 сезони) и РК Вардар (9 сезони).
Во неговите професионални успеси се вбројуваат освоени единаесет првенства на Македонија и осум купови на Македонија. Во 2004 година е прогласен за најдобар ракометар на Македонија[6]. Во својата спортска кариера има три настапи во Младинската репрезентација на Југославија. За Македонската ракометна репрезентација одиграл 243 натпревари со 352 постигнати голови голови.
За Македонската ракометна репрезентација одиграл 215 натпревари и учествувал на повеќе Европски и Светски првенства. Најзапметени ќе останат неговите решавачки голови и асистенции на Светското првенство во Хрватска во 2009, на натпреварите против Полска и Русија, по кои Македонија се пласира во втората фаза.
Тренерска кариера[уреди | уреди извор]
По завршувањето на својата богата играчка кариера Стевче Алушевски, останал во ракометот каде продолжил да се бави како тренер и главен менаџер на битолските ракометни екипи: РК Пелистер, каде поради разидување со раководството и покрај извонредната есенска полусезона во 2018/2019 каде под негово водство, Пелистер го завршил првиот дел од сезоната на лидерската позиција на табелата со само еден пораз на стартот и фантастична серија од 11 победи по ред[7], по што на почетокот на 2019 бил назначен за тренер на РК Еурофарм Работник.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Официјално: Стевче Алушовски нов тренер на Еурофарм“. Sportski. 20 февруари 2019. конс. 4 март 2019.
- ↑ http://www.eurohandball.com/ec/cwc/men/2006-07/player/502707
- ↑ http://www.eurohandball.com/ec/cwc/men/2006-07/player/502707
- ↑ „Значајни личности за Битола - Култура“ - зборник на НУБ, Битола, 2010 год. стр.12
- ↑ http://www.rkmetalurg.mk/storija/166
- ↑ „Значајни личности за Битола - Култура“ - зборник на НУБ, Битола, 2010 год. стр.12
- ↑ „Стевче Алушовски не е повеќе тренер на Пелистер“. Екипа. 29 јануари 2019. конс. 4 март 2019.
|