РК Еурофарм Пелистер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од РК Еурофарм Работник)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не го поистоветувајте со клубот Пелистер кој моментално го носи името Еурофарм Пелистер 2.
РК Еурофарм Пелистер
Целосен називРакометен Клуб
Еурофарм Пелистер
Основан9 март 2011; пред 9 години (2011-03-09)
ИгралиштеСпортска сала Боро Чурлевски
Приемност3,500
ЛигаСупер Лига
2018/192.
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Kit body whitestripes.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

РК Еурофарм Пелистер, познат и по старото име РК Еурофарм Работник - ракометен клуб од Битола, Република Македонија. Клубот е основан 2011 година и моментално се натпреварува во Супер Лигата.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан на 9 март 2011 година под името ХЈС Работник. Од сезоната 2016/17, клубот дебитирал во Супер лигата.[1] Клубски бои му биле сината и белата, сè до 29 ноември 2019 година, односно до потпишувањето на договорот помеѓу Еурофарм и Општина Битола за заедничко сопствеништво на битолските клубови Работник и Пелистер.

Платформа за ракометна Битола[уреди | уреди извор]

Компанијата Еурофарм, сопственикот на РК Еурофарм Работник, во јули 2019 година дала понуда, т.н. Платформа за ракометна Битола, до Општина Битола односно сопственикот на РК Пелистер. Платформата гласела Еурофарм да откупи 75 проценти од РК Пелистер, а Оштина Битола да откупи 25 проценти од РК Еурофарм Работник. Потоа клубот Еурофарм Работник да го добие името Еурофарм Пелистер, а првичниот Пелистер да го смени името во Еурофарм Пелистер 2. Еурофарм Работник се изјаснил дека правниот статус на РК Пелистер нема да биде згаснат и дека во иднина може да се одвои под ново сопствеништво.[2][3] На 29 ноември 2019 година, Еурофарм и Општина Битола официјално се договориле и се потпишале за остварување на платформата. РК Работник добил нови клубски бои: зелената и белата и ново лого.[4][5] На 18 декември 2019 година, Еурофарм Работник официјално го сменил своето името во Еурофарм Пелистер.[6][7]

Историја на клупското име[уреди | уреди извор]

  • 2011-2016: РК ХЈС Работник
  • 2016-2019: РК Еурофарм Работник
  • 2019-....: РК Еурофарм Пелистер

Состав[уреди | уреди извор]

Состав за сезоната 2020–21

Голмани
Десни крила
Леви крила
Пивоти

Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „За клубот“. rkeurofarmrabotnik.com преку web.archive.org. Посетено на 1 декември 2019.
  2. „ЕДЕН ГРАД, ЕДЕН КЛУБ: Битола го добива Еурофарм Пелистер!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 29 јули 2019. Посетено на 1 декември 2019.
  3. „Општина Битола постигна договор за спојување на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник“. sdk.mk преку web.archive.org. 10 октомври 2019. Посетено на 1 декември 2019.
  4. „ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер!“. gol.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2019. Посетено на 1 декември 2019.
  5. „ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2019. Посетено на 1 декември 2019.
  6. „Централен регистар потврди: Еурофарм Работник стана Еурофарм Пелистер“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 декември 2019. Посетено на 18 декември 2019.
  7. „ОФИЦИЈАЛНО: Работник замина во историја, стартува ерата на Пелистер!“. gol.mk преку web.archive.org. 18 декември 2019. Посетено на 18 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]