РК Алкалоид
| РК Алкалоид | |||
|---|---|---|---|
| Целосен назив | Ракометен клуб Алкалоид | ||
| Основан | 7 јули 2021 | ||
| Игралиште | Спортска сала Автокоманда | ||
| Приемност | 2,000 | ||
| Престедател | Горан Минов | ||
| Главен тренер | Кирил Лазаров | ||
| Лига | Супер лига | ||
| 2024–25 | 3. место | ||
| Бои | |||
| Клупски бои | |||
| Дресови | |||
| Мреж. место Матична страница | |||
РК Алкалоид — ракометен клуб од Скопје, Македонија. Алкалоид има освоено по една титула во купот на Македонија и суперкупот на Македонија, а во европски рамки Алкалоид го има освоено ЕХФ Европскиот куп во сезоната 2024–25. Клубот моментално се натпреварува во Супер лигата.
Историја
[уреди | уреди извор]РК Алкалоид бил формиран на 7 јули 2021 година од страна на фармацефтското претпријатие Алкалоид, на чело со Живко Мукаетов, која е целосен сопственик на клубот. Со меморандум за соработка, било постигнато партнерството на РК Алкалоид со брендот на Кирил Лазаров, „КЛ7“.[1] РК Алкалоид започнал да се натпреварува во Првата македонска лига, второ по ранг натпреварување во Македонија, во сезоната 2021/22. Првично своите домашни натпревари ги играле во спортската сала „Борис Трајковски“. Прв претседател на клубот бил поранешниот ракометар Горан Минов.[2]
На 18 септември, екипата на РК Алкалоид го одиграла својот прв службен натпревар. Во играчкиот состав на РК Алкалоид за првата сезоната биле:
- голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски;
- бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески; кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски;
- крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски.
Во стручниот штаб за истата сезона бил: Љубомир Савевски како главен тренер и Билјана Црвенкоска, Бранислав Ангеловски и Влатко Котески како помошни тренери.[1] РК Алкалоид, по успешниот настап во дебитантската сезона во Првата лига која ја освоил, обезбедил експресен пласман во Супер лигата во сезоната 2022–23.[3]
На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда.[4] Во меѓувреме, екипата на Алкалоид своите натпревари ги играла во Спортскиот центар „Јане Сандански“.[5]
Главен тренер на тимот во првата сезона во Супер лигата станал македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Во 2022 година бил формиран и вториот тим на РК Алкалоид, РК Мулти Есенс, екипа составена од помлади талентирани играчи кои формираат база на играчи што имаат младински репрезентативен потенцијал. РК Мулти Есенс имал успешна сезона и како првопласирана екипа обезбедила учество во најсилната конкуренција, во сезоната 2023–24.
На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда.[4] Во меѓувреме, екипата на Алкалоид играла како домашна екипа во Спортскиот центар Јане Сандански.[5] Веќе на 24 декември истата година, новата сала била пуштена во употреба.[6][7]
Во сезоната 2022–23 РК Алкалоид бил вицепрвак во Супер лигата. Со тој подвиг, Алкалоид обезбедил учество во ЕХФ Европската лига и тоа директно во групната фаза од натпреварувањето.[8]
Наредната сезона 2023–24, РК Алкалоид го освоил за прв пат купот на Македонија, победувајќи ги РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер во полуфиналето и финалето, соодветно. Во лигата, сезоната ја завршиле на третото место и обезбедиле пласман во ЕХФ Европскиот куп.
Како победник на купот, РК Алкалоид се натпреварувал во суперкупот на Македонија 2024, каде уште еднаш во финалето го совладале РК Еурофарм Пелистер, за да ја освојат својата прва титула во суперкупот. Истата сезона, РК Алкалоид го освоиле и својот прв европски трофеј, освојувајќи го ЕХФ Европскиот куп 2024–25 победувајќи го РК АЕК во двомечот во финалето.
Визијата на клубот е да се стреми кон европските ракометни стандарди на професионална работа, промоција на модерен ракомет и на издигнување на играта на највисоко ниво.
Дресови
[уреди | уреди извор]Производители на дресови
[уреди | уреди извор]| Сезони | Производител |
|---|---|
| 2021– |
Дресови
[уреди | уреди извор]| ДОМА | |||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ГОСТИ | |||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Трофеи и достигнувања
[уреди | уреди извор]Домашни натпреварувања
[уреди | уреди извор]
Вицешампион: 2022–23
Прва македонска лига (II)
Победник: (1): 2021/22
Победник (1): 2024
Победник (1): 2024
Европски натпреварувања
[уреди | уреди извор]
Победник: (1): 2024–25
Арена
[уреди | уреди извор]РК Алкалоид своите домашни натпревари ги игра во спортската сала Автокоманда во истоимената скопска населба Автокоманда, која ја дели со РК Металург. Салата има сместивост од околу 2.000 седишта.
Моментален состав
[уреди | уреди извор]- Состав за сезоната 2024/25
Стручен штаб
[уреди | уреди извор]
| Позиција | Тренер | Држава |
|---|---|---|
| Главен тренер | Кирил Лазаров | |
| Помошнен тренер | Билјана Црвенкоска | |
| Тренер на голмани | Јане Цветковски | |
| Кондиционен тренер | Петар Баснарков | |
| Физиотерапевт | Тоше Ристовски | |
| Тоше Трајковски |
Управа
[уреди | уреди извор]| Позиција | Тренер | Држава |
|---|---|---|
| Претседател | Горан Минов | |
| Спортски директор | Љубомир Савевски | |
| Оперативен директор | Милош Милошевски | |
| Технички секретар | Анита Вучидолова |
Извор: РК Алкалоид
Поранешни членови на клубот
[уреди | уреди извор]Поранешни играчи
[уреди | уреди извор]
Јане Цветковски (2022–2023)
Поранешни тренери
[уреди | уреди извор]| Сезони | Тренер | Држава |
|---|---|---|
| 2021–2022 | Љубомир Савевски | |
| 2022– | Кирил Лазаров |
Европски натпревари
[уреди | уреди извор]ЕХФ Европска лига
[уреди | уреди извор]| Сезона | Коло | Клуб | Дома | Гости | Место |
|---|---|---|---|---|---|
| 2023–24 | Групна фаза
(Група Б) |
23–31 | 35–31 | 3-то | |
| 26–31 | 34–29 | ||||
| 28–27 | 29–29 | ||||
ЕХФ Европски куп
[уреди | уреди извор]| Сезона | Коло | Клуб | Дома | Гости | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| 2024–25 | 1/32 | 42–31 | 37–31 | 79–62 | |
| 1/16 | 38–27 | 32–29 | 70–56 | ||
| 1/8 | 38–31 | 44–22 | 71–50 | ||
| 1/4 | 32–25 | 31–31 | 63–56 | ||
| 1/2 | 42–37 | 29–34 | 71–71 3-1 (п) | ||
| Финале | 10–0 | 29–25 | 35–25 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „РК Алкалоид го претстави ростерот и стручниот штаб пред дебито на македонската сцена“. ekipa.mk. 17 септември 2021. Архивирано од изворникот 2021-10-23. Посетено на 13 октомври 2023.
- ↑ Мартин Танасковски (7 јули 2021). „Нов проект во мак-ракометот: Се „роди" РК Алкалоид!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 30 мај 2022.
- ↑ Горан Упале (29 мај 2022). „Алкалоид со стил се одјави од Прва лига и го крена шампионскиот пехар!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2022-05-29. Посетено на 30 мај 2022.
- 1 2 „РК Алкалоид ја бара под концесија салата во Автокоманда“. 24rakomet.mk. 1 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 13 октомври 2023.
- 1 2 Мартин Танасковски (22 декември 2022). „Алкалоид влезе во новата ракометна „база" и ги промовира дресовите!“. gol.mk. Посетено на 13 октомври 2023.
- ↑ Мартин Танасковски (24 декември 2022). „РК Алкалоид ја пушта во функција новата клупска база, со стратегија за иднината!“. gol.mk. Посетено на 13 октомври 2023.
- ↑ „Нашиот клуб“. РК Алкалоид. Архивирано од изворникот 2022-12-25. Посетено на 13 октомври 2023.
- ↑ „Алкалоид е вицепрвак на Македонија“. fokus.mk. 27 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-05-27. Посетено на 13 октомври 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
РК Алкалоид на Ризницата ?- Службено мрежно место
| ||||||||||||
| ||||||
| ||||||