ГРК Охрид
| ГРК Охрид | |||
|---|---|---|---|
| Целосен назив | Градски Ракометен Клуб Охрид | ||
| Прекари | Рибари, Гладијатори | ||
| Основан | 2011 | ||
| Игралиште | Сала Билјанини Извори | ||
| Приемност | 3,000 | ||
| Престедател | |||
| Главен тренер | |||
| Лига | Супер Лига на Македонија | ||
| 2024/25 | 4. место (Плеј-оф) | ||
| Бои | |||
| Клупски бои | |||
| Дресови | |||
| Мреж. место Матична страница | |||
ГРК Охрид — ракометен клуб од Охрид, Македонија. Клубот се натпреварува во македонската супер лига.
Историја
[уреди | уреди извор]Ракометниот клуб Охрид е основан во 2011 година под името РК Охрид 2011 од страна на локални ракометари, тренери и спортски работници со цел да се возобнови ракометот во градот Охрид.[1] На својот прв натпревар, во првата лига на Македонија, РК Охрид 2011 забележал победа од 28-23 над Младост 09 на домашен терен, во Билјанини Извори.
Клубот за прв пат заиграл во македонската супер лига во сезоната 2013/14 под името РК Охрид 2013, и во својата премиерна сезона завршил на седмото место во регуларниот дел од сезоната и на второто место во плеј-аут разигрувањето.
Во сезоната 2016/17, РК Охрид 2013 го освоил првото место на табелата во регуларниот дел од супер лигата, а во плеј-оф разигрувањето завршил на третото место, зад Вардар и Металург, со што обезбедил премиерно учество во европските натпреварувања. Во сезоната 2017/18, РК Охрид 2013 премиерно учествувал во ЕХФ Купот.[2] Во првото квалификациско коло ГРК Охрид бил подобар од холандскиот клуб Фолендам,[3] а во второто коло бил поразен од португалскиот Порто.
Од 2018 година клубот се преименувал во ГРК Охрид (Градски ракометен клуб Охрид). [4] [5]
Во сезоната 2023/24, ГРК Охрид завршил четврти во плеј-оф разигрувањето од супер лигата со што изборил настап во Европскиот куп за следната сезона, каде што бил поразен во второто коло од романскиот клуб Потаиса Турда.
Моментален состав
[уреди | уреди извор]- Состав за сезоната 2025/26
|
|
Стручен штаб
[уреди | уреди извор]| Позиција | Име |
|---|---|
| Главен тренер | |
| Помошник тренер | |
| Физиотерапевт | |
| Физиотерапевт | |
| Тренер на голмани | |
| Кондиционен тренер | |
| Спортски директор |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Декада од возобновувањето на Ракометниот клуб Охрид, приказната продолжува! Ohrid News; 4 септември 2021
- ↑ „HC Ohrid 2013“. eurohandball.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 23 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Охрид преку Фолендам до второто коло во ЕХФ Купот! Архивирано на 3 септември 2022 г. mkd.mk; 3 септември 2017
- ↑ ГРК Охрид- официјална Фан страна
- ↑ Официјална фан страна на ГРК Охрид
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||