РК Пелистер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не го поистоветувајте со клубот Еурофарм Пелистер кој во минатото го носел името Еурофарм Работник.
РК Еурофарм Пелистер 2
Целосен називРакометен Клуб
Еурофарм Пелистер 2
Основан1955; пред 69 години (1955)
ИгралиштеСпортска сала Боро Чурлевски
Приемност3,500
ЛигаСупер Лига на Македонија
2021/224. место
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

РК Еурофарм Пелистер 2, познат и по старото име РК Пелистер - ракометен клуб од Битола, Република Македонија. Клубот е основан 1955 година и моментално се натпреварува во Супер Лигата.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот е основан во 1955 година. Клубот тогаш се натпреварувал во Републичката лига. Во 1960 година, била формирана Втората сојузна лига на Југославија во која преку квалификации во Зрењанин, Пелистер станал член на лигата, што било првпат екипа од Битола да има претставник на сојузен ранг. За овој успех на битолскиот клуб, еден од најзаслужните бил голманот Боне Трајковски. Потоа, Втората сојузна лига била расформирна и Пелистер повторно играл во Републичката лига која повторно станал втор ранг на квалитет, заедно со РК Работник. Во 1967 година, двете екипи кадарно се здружиле под заедничко име РК Пелагонија, кој четири години по ред бил првак на Републичката лига. Во 1971 година, екипата постигнала голем успех и го освоила првото место во лигата и за првпат Битола добила свој претставник во Првата сојузна лига. Еден од поистакнатите играчи заслужни за таквиот успех бил голманот Боне Трајковски.[1]

Сè до осумдесеттите години на 20. век клубот се натпреварувал во понизок ранг, а од сезоната 1983/84 станал стандарден член Првата сојузна лига. Пелистер во 1986 година станал првиот македонски клуб кој играл во некое европско натпреварување, играјќи против Атлетико Мадрид. Првиот значаен резултат го имал во сезоната 1985/86 кога го освоил третото место во Првата лига. Наредните две сезони биле најуспешни во дотогашната историја на клубот, Пелистер во сезоната 1986/87. и 1987/88. го освоил второто место, двапати зад тогашната доминантна шабачка Металопластика. Како второпласиран од сезоната 1987/89, во сезоната 1988/89 Пелистер играл во ЕХФ Купот, и го остварил својот дотогаш најдобар резултат, стигнувајќи до четвртфинале, каде во двомечот бил поразен од источногерманскиот Форвертс (35:38).[2]

Откако, во 1992 година, се формирала Супер лигата на Македонија, Пелистер станал најуспешен клуб освојувајќи пет титули од вкупно осум одиграни сезони. Исто така, во тој период освои и четири трофеи на Националниот куп, 1994, 1996, 1998 и 1999 година. Носејќи го името Пелистер Еврокар поради спонзорски причини, во сезоната 1995/96, стигнал до полуфиналето во Европскиот куп на победници, каде за противник го имал германскиот Лемго.[3] Во првиот меч на гости Пелистер бил поразен со 25:23, но во реваншот победата од 24:23 не била доволна, па Лемго отишол понатаму и на крајот го освоил трофејот.

Најголемиот успех во европските натпреварувања бил остварен во сезоната 2001/02, кога Пелистер играл во финалето на ЕХФ Челенџ купот. Во низа паднале рускиот Зилант Казан, францускиот Париз Сен - Жермен, грчкиот ГАЦ Кукуш, и на крајот во полуфиналето данскиот Фредериксберг после седмерци (61:60 вкупен резултат). Во финалето Пелистер бил поразен од данскиот Скјерн. Пелистер имал дури седум гола предност од првиот меч дома (27:20), но во реваншот бил поразен со убедливи 34:17.

Сезоната 2004/05 била последната сезона во која клубот бил првак на првенството откако во полуфиналето го поразил Вардар со 2-1 во победи, и со истиот резултат го победил Металург во финалето.[4]

Платформа за ракометна Битола[уреди | уреди извор]

Компанијата Еурофарм, сопственикот на РК Еурофарм Работник, во јули 2019 година дала понуда, т.н. Платформа за ракометна Битола, до Општина Битола односно сопственикот на РК Пелистер. Платформата гласела Еурофарм да откупи 75 проценти од РК Пелистер, а Оштина Битола да откупи 25 проценти од РК Еурофарм Работник. Потоа клубот Еурофарм Работник да го добие името Еурофарм Пелистер, а првичниот Пелистер да го смени името во Еурофарм Пелистер 2. Еурофарм Работник се изјаснил дека правниот статус на РК Пелистер нема да биде згаснат и дека во иднина може да се одвои под ново сопствеништво.[5][6] На 29 ноември 2019 година, Еурофарм и Општина Битола официјално се договориле и се потпишале за остварување на платформата.[7][8]

Историја на клупското име[уреди | уреди извор]

  • 1995-1996: РК Пелистер Еврокар
  • 2004-2005: РК Пелистер Кометал
  • 2008-2014: РК Пелистер 08
  • 2014-2020: РК Пелистер
  • 2020-....: РК Еурофарм Пелистер 2

Успеси[уреди | уреди извор]

Национални[уреди | уреди извор]

Првак (6): 1992/93, 1993/94, 1995/96, 1997/98, 1999/00, 2004/05.
Првак (5): 1994, 1996, 1998, 1999, 2005.
Првак (6):1968, 1969, 1970, 1971, 1979, 1981.

Меѓународни[уреди | уреди извор]

Полуфинале (1): 1995/96.
Финалист (1): 2001/02.
Четвртфинале (1): 1988/89.
  • Меѓународен ракометен турнир во Добој :
Освојувач (2): 1996, 1997.

Состав[уреди | уреди извор]

Состав за сезоната 2022–23

Голмани
Десни крила
Леви крила
Пивоти

Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Битола е душата и талентот на спортска Македонија (Пасус - Боне Трајковски)“. zoran-misevski.blogspot.com преку web.archive.org. 30 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-27. Посетено на 27 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. ЕХФ куп 1988/89, todor66.com
  3. „Германски новинар ќе го прераскажува „Пеколот во Битола" меѓу Пелистер и Лемго“. gol.mk преку web.archive.org. 14 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-14. Посетено на 14 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Вардар и Металург го „положија оружјето" - како се славеше последниот трофеј на Пелистер“. gol.mk преку web.archive.org. 10 јуни 220. Архивирано од изворникот на 2020-06-16. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „ЕДЕН ГРАД, ЕДЕН КЛУБ: Битола го добива Еурофарм Пелистер!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 29 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Општина Битола постигна договор за спојување на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник“. sdk.mk преку web.archive.org. 10 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер!“. gol.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]