Прејди на содржината

РК Вардар Неготино

Од Википедија — слободната енциклопедија
РК Вардар Неготино
Целосен називРакометен Клуб
Вардар Неготино
Основан2011; пред 15 години (2011)
ИгралиштеСОУ „Св. Кирил и Методиј“
Приемност500
ПрестедателРисто Трајковски
Главен тренерПепи Манасков
ЛигаПрва лига на Македонија
2024/256. место (Плеј-оф)
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

РК Вардар Неготиноракометен клуб од Неготино, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.

Историја

[уреди | уреди извор]

Вардар Неготино бил основан во 2011 година од страна на ракометните работници Тоде Кузманов и Драган Сукара. Помогнат од осигурителната компанија „Кроација Осигурување“, клубот започнал да работи со пионери, а од 2013 година започнал да се натпреварува во системот на натпреварувања на Ракометната федерација на Македонија во младинските категории.[1]

Во сезоната 2017/18, клубот премиерно започнал да се натпреварува во македонската прва лига и завршил четвртопласиран. Следната сезона, клубот бил првопласиран во втората група од првата лига, но во плеј-оф разигрувањето завршил петти.

Вардар Неготино за прв пат успеал да избори пласман во Супер лигата во сезоната 2021/22, завршувајќи на четвртото место во плеј-оф разигрувањето во првата лига, откако претходно бил првопласиран во групата А во регуларниот дел.