Супер лигата за мажи брои вкупно 12 екипи, а натпреварите од првиот дел се играат по еднокружен бод систем (2 х 11 = 22 кола).
По завршување на 22. коло од државното првенство – Прв дел, прво пласираните шест екипи од Супер лигата, играат плејоф за одредување првак на Македонија, и пласман во Европските купови. Екипите пренесуваат бодови во зависност од пласманот во регуларниот дел од сезоната.
Екипите кои завршиле од 7. до 12. место во првиот дел, играат плеј-аут натпревари (2 х 5 = 10 кола). Екипите пренесуваат бодови во зависност од пласманот во регуларниот дел од сезоната.
По завршувањето на 32. коло од првенството, 12. пласираната екипа од Супер машката лига ја напушта лигата, а 11. пласираната екипа игра бараж натпревар со 2. пласираната екипа од Првата машка лига за 11. место во Супер лигата. Прво пласираната екипа од Првата машка лига директно влегува во Супер лигата.
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Ракометната Федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на ракометните работници, привремено да ја суспендира Супер лигата и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[2] На 13 мај било одлучено дека првенството нема да добие сезонски првак, а дека лигата ќе биде проширена на дополнително две екипи од Првата лига.[3][4]