Прејди на содржината

РК Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
РК Прилеп 2010
Целосен називРакометен Клуб
Прилеп 2010
ИгралиштеУчилишна сала Ристе Ристески - Ричко
Приемност500
ПрестедателНикола Чадамов
Главен тренерНаум Танески
ЛигаСупер лига на Македонија
2024/252. место (Плеј-аут)
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

РК Прилеп 2010ракометен клуб од Прилеп, Македонија. Клубот се натпреварува во македонската супер лига.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот во 70те веќе го носел името Прилеп.[1]

Во сезоната 1991/92, во последната сезона во рамките на југословенскиот натпреварувачки систем, Тутунски Комбинат го освоил првото место во Втората сојузна лига.[2]

Тутунски Комбинат Бренд бил вицепрвак во Купот на Македонија во изданијата 2000 и 2001. Но во Купот на Македонија 2002, кога Тутунски Комбинат Бренд бил домаќин на тоа издание, екипата го освоила тоа натпреварување. Таа сезона 2001/02, Тутунски Комбинат се натпреварувал во Купот на Победниците на Куповите. И следната сезона учествувал во третото по ранг европско машко натпреварување. Во сезоната 2003/04, клубот играл во Челенџ Купот, тогашно четврто по квалитет натпреварување.[3] Во овој период, клубот настапувал во Универзалната сала, сега наречена Сонце ГА.

Во сезоната 2007/08, клубот поради спонзорски причини бил преименет во ВИП 2007. А следните две сезони бил наречен РК Златен даб.[1] Во летото 2010 година, поради разделбата со генералниот спонзор - Прилепска пиварница, клубот повторно го сменил името, сега во Прилеп 2010.[4]

Во сезоната 2015/16, Прилеп 2010 завршил на четвртото место во плеј-оф разигувањето од Супер лигата со што обезбедил учество во ЕХФ купот за следната сезона. Во првото коло од ЕХФ купот 2016/17, Прилеп 2010 го загубил двомечот од швајцарскиот клуб Винтертур.[5]

Историја на клупско име

[уреди | уреди извор]
  • 19??-19??: РК Прилеп
  • 19??-20??: РК Тутунски комбинат
  • 2007-2008: РК ВИП 2007
  • 2008-2010: РК Златен даб
  • 2010-....: РК Прилеп 2010

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Состав за сезоната 2025–26

Голмани
  • 12 Македонија Иван Ангелески
  • 16 Македонија Илчо Ивчески
  • 33 Македонија Стефан Христоски
Леви крила
  • 21 Македонија Димитар Димитриоски (к)
Десни крила
  • 07 Македонија Пеце Рајатоски
  • 26 Црна Гора Денис Шабановиќ
Пивоти
  • 02 Македонија Александар Тренчевски
  • 19 Македонија Антонио Бурчевски
  • 39 Хрватска Томислав Квастек
  • 88 Македонија Павел Лажоски
Леви бекови
  • 08 Македонија Филип Адамчевски
  • 09 Македонија Јован Соколоски
  • 44 Црна Гора Божидар Лековиќ
Средни бекови
  • 04 Црна Гора Владан Кастратовиќ
  • 13 Македонија Ангел Крстески
  • 17 Македонија Божидар Илиески
Десни бекови
  • 25 Грузија Сандро Дарсанија
  • 34 Македонија Марио Столески

Стручен штаб

[уреди | уреди извор]
ПозицијаИме
Главен тренерМакедонија Наум Танески
Помошник тренерМакедонија Методија Петлески
ФизиотерапевтМакедонија Кристи Шокоски
ФизиотерапевтМакедонија Џоко Божиноски
Спортски директорМакедонија Филип Велески
Првак (1): 2002
Првак (1): 1991/92
  1. 1 2 „Златен даб го менува името“. Дневник на daily.mk преку web.archive.org. 4 јули 2010. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Битола е душата и талентот на спортска Македонија (Пасус - Боро Чурлевски)“. zoran-misevski.blogspot.com преку web.archive.org. 30 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-27. Посетено на 27 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „RK Tutunski Kombinat Prilep“. eurohandball.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-22. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „Златен даб се прекрсти во Прилеп“. Дневник на daily.mk преку web.archive.org. 3 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „РК Прилеп и по вторпат загуби против Винтертур и ги заврши настапите во ЕХФ Купот“. gol.mk преку web.archive.org. 4 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2019-12-23. Посетено на 22 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]