Прејди на содржината

СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ристе Ристески - Ричко

Место
Општина: Прилеп
Место: Прилеп
Основни информации
Основано: 23 јуни 1960; пред 66 години (1960-06-23)
Директор: Цветанка Ѓорѓиоска
Број на ученици: 850
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал ricko.edu.mk

„Ристе Ристески - Ричко“ — средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Позадина

[уреди | уреди извор]

Претходна установа со слична образовна програма имало во 1946/1947 година, односно некогашното училиште за ученици во Стопанството така викано УЗУС. Во тоа училиште, воглавно, учениците ги изучувале сите занаети потребни за стопанството. Често слушале теоретска настава касапите со самарџиите, пекари со налбатите и така натаму. Во овој прериод воопшто не било работено по одредени планови и програми туку случајно и по потреба. Кон крајот на 1956 година, почнало основање на паралелки по одредени занимања, а главен организатор на овие занимања била занаетчиската комора на Прилеп.

Основање и почетоци

[уреди | уреди извор]

Во 1960 година, со одлука на Народниот одбор на Општина Прилеп, биле основани неколку училишта и со решението од Народниот одбор на Општина Прилеп, бр. 01-5601/1 од 23 јуни 1960 година, било основано индустриското училиште со практична обука. Потписник на решението бил тогашниот претседател Ристо Бунески. За вршење на должноста „директор при основање“, бил назначен Јанко Темелкоски. Средства за редовна дејност и отпочнување на наставата доделена му биле од Нарониот одбор на Општина Прилеп. Именованиот в.д директор бил задолжен да ги изврши сите подготовки за нормално отпочнување на наставата од 1 септември 1960 година. Со редовна настава на училиштето започнало на 1 септември 1960 година и во таа учебна година се запишале во прва година две паралелки и означени како Iа и Iб. Наставниот кадар во учебната 1960/1961 година исклучиво доаѓал од редовните училишта за општите предмети, а за стручните предмети доаѓале инженери од стопанството. Во наредната 1962/1963 година, училиштето ја добило саканата физиономија т.е бил создадена трета година редовно школување исклучиво од машинската струка. Од учебната 1960/1961 година, наставата и теоретската и практичната била изведувана во училишна зграда зад зградата на конфекцијата „Солидност“, училишна зграда која денес не постои. Во наредната учебна година 1961/1962 година, теоретска настава за четири паралелки била изведувала во училишната зграда во Стара Црква, а практичната настава во старата училишна зграда зад „Солидност“. Во календарската 1961/1968 година, била изградена ново училишна зграда со практична индустриска обука, сместена на Крушевското џаде б.б и тоа две хали за практична настава и шест училници за теоретска настава. Третата хала за практична настава била изградена наредната година. Со оглед на потребите на прилепското стопанство и поблиската околина биле отворени нови занимања во училиштата така што завршените ученици во училиштето, многу лесно и брзо се вработувале.

1970-ти и 1980-ти

[уреди | уреди извор]

Ова брзо и лесно вработување на учениците, донела поголема афирмираност на училиштето а со тоа се запишувале и подобри по успех ученици а со тоа бил подигнат угледот на училиштето и се зголемил бројот на паралелките на почетокот на годината. Со решение бр.09-521/1 од 7 јули 1975 година а подоцна и со Решение бр.11-1689/2 од 3 мај 1994 година, и електро насоката прераснала во трет и четврт степен за да може да школува кадри кој без проблеми ќе ги исполнат претходните услови за слободен упис на машинските и електро-техничките факултети. Во ова време после 1975 година, се развиле повеќе насоки како до машинска така и до електро-техничка струка (Електро-техничар енергетичар) кое бил верифицирано со Решение бр.11-525/84 од 20 ноември 1985 година од страна на републичниот комитет за образование и физичка култура. Овој развој бил достигнат до учебната 1984/1988 година со вкупен број на паралелки 28. Почнувајќи од 1988 година, со училиштето раководел и управувал Жарко Темелкоски.

Учество на натпревари

[уреди | уреди извор]

ЕМУЦ „Ристе Ристески - Ричко“ има учествувано и учествува на државни натпревари за воздушна пушка, од чиишто натпревари има добиено многу први места, втори и трети места.

Освоени награди

[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште

[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште

[уреди | уреди извор]
  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2024-06-13. Посетено на 1.02.2024. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]