Мартин Велковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартин Велковски
Лични податоци
Роден(а) 10 март 1997(1997-03-10)(27 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.86 м
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Еурофарм Пелистер
Број 30
Младински клубови
Македонија Металург 2
Сениорски клубови
2015–2019
2019–
Македонија Металург Скопје
Македонија Еурофарм Пелистер
Репрезентација
2017– Македонија Македонија 6 (7)

Мартин Велковски (роден на 10 март 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Пелистер и за македонската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Велковски започнал да тренира кошарка во Карпош Соколи, но за кусо време се префрлил во ракометот, во школата на Металург Скопје.[2]

Тој ги поминал сите возрасни категории во Металург и за првиот тим дебитирал во 2015 година. По пет години во дресот на Металург, каде што бил и капитен на екипата, тој пред почетокот на сезоната 2019–20 го напуштил клубот и потпишал четиригодишен договор со Еурофарм Работник.[3]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Велковски бил член на пионерската, кадетската и јуниорската ререзентација на Македонија, и бил дел од тимот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир.

Своето деби за македонската сениорска репрезентација, Велковски го имал во 2017 година во квалификациите за Европското првенство 2018, а потоа се нашол на конечниот список на играчи кои биле именувани за Европското првенство 2018 во Хрватска од селекторот Раул Гонсалес.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Неговиот постар брат, Дарко Велковски, е фудбалер и македонски репрезентативец.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]