Владимир Темелков
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден(а) |
26 март 1980 Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ | ||
| Националност | Македонец | ||
| Спорт |
| ||
| Висина | 1.86 м | ||
| Тежина | 88 кг | ||
| Позиција | Десно крило | ||
| Клупски податоци | |||
| Младински клубови | |||
|
| |||
| Сениорски клубови | |||
| 1998–2003 2003–2005 2005–2008 2008–2009 2009–2011 2011–2024 |
| ||
| Репрезентација | |||
|
| 78 (243) | ||
Владимир Темелков (роден на 26 март 1980 во Титов Велес) ― македонски поранешен ракометар.
Кариера
[уреди | уреди извор]Темелков ја започнал својата кариера во својот роден град Велес, во Борец, од кај што преминал во Пелистер во кој одиграл вкупно пет сезони и бил дел од составот на Пелистер кој играл финале во ЕХФ Челинџ купот во сезоната 2001/02.
Тој започнал интернационална кариера во 2003 година, потпишувaјќи договор со бундеслигашот Фулинген, каде што се задржал две сезони. Следно, тој одиграл четири сезони во дресот на второлигашот Ортенау, пред повторно да се врати во првата Бундеслига, во дресот на Балинген, каде што играл од 2009 до 2011 година.
Во сезоната 2011/12, Темелков се преселил во луксембуршката лига, потпишувајќи за Башараж, кој подоцна го сменил името во Кјеринг. Во дресот на клубот, тој два пати бил првак на Луксембург, во 2014 и 2018 година, и два пати го освоил купот на Луксембург, во 2015 и 2016 година. По 14 сезони во Кјеринг, тој ја завршил својата кариера на 44-годишна возраст.[1]
Темелков бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 во Хрватска. Тој исто така бил дел од составот на репрезентацијата која го освоила петтото место на Европското првенство 2012 во Србија. Негово последно големо натпреварување во македонскиот дрес било Светското првенство 2013 во Шпанија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Владимир Темелков на 44 години стави крај на играчката кареира!gol.mk; 25 мај 2024
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
| ||||||||