Прејди на содржината

Филип Миркуловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филип Миркуловски
Лични податоци
Име и презиме Филип Миркуловски
Роден(а) 14 септември 1983(1983-09-14) (43 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,89 м
Тежина 91 кг
Позиција централен бек
Клупски податоци
Број 13
Младински клубови
1996-2003 Македонија РК Македонија
Сениорски клубови
2003-2004
2004-2005
2005-2015
Македонија РК Металург Скопје
Македонија Младост Богданци
Македонија РК Металург Скопје
Репрезентација 1
2003-денес Македонија Македонија 93 (225)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 29 јануари 2012

Филип Миркуловски (роден на 14 септември 1983 ) ― македонски ракометар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

На 24 јуни 2012 година, Миркуловски се оженил со Благица Наумовска, со која бил во десетгодишна врска.[2]

Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на РК „Македонија“, клуб во кој се задржал седум години. Во РК „Металург“ заминал во сезоната 2003/2004. По завршувањето на Светското ракометно првенство во Катар, во февруари 2015 година, Миркуловски соопштил дека го напушта РК „Металург“ и дека се сели во РК „Хановер“. Причината за напуштањето на клубот биле големите финансиски проблеми, кои резултирале со долготрајно доцнење во исплатата на платите на ракометарите.[3] Во 25. коло на германската лига, Миркуловски покажал одлична игра во мечот против „Магдебург“, постигнувајќи шест голови, а имал и по две асистенции и украдени топки.[4] Во март 2015 година, Миркуловски потпишал двегодишен договор со германскиот клуб „Вецлар“, со важност до 2017 година, каде го заменил легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ.[5]

Во знак на почит кон игрите на Миркуловски, раководството на РК „Металург“ одлучило привремено да биде повлечен дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски.[6]

Миркуловски бил член на Македонската ракометна репрезентација, со која настапил на Европските првенства во 2012, 2014и 2016ак ко и на светските првенства во 2013 и 2015 година.

  1. ↑ „Macedoniahandball.com“. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2011-06-14.
  2. ↑ ZOOM.mk[мртва врска]
  3. ↑ „Миркуловски: Се селам во Хановер“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 23.
  4. ↑ „Миркуловски блескаше против Магдебург“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 19.
  5. ↑ „Миркуловски потпиша за Вецлар“, Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 24.
  6. ↑ „Во Металург повеќе нема никој да го носи дресот на Миркуловски“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.