Гоце Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гоце Георгиевски
Goce Georgievski 2 20141130.jpg
Лични податоци
Име и презиме Гоце Георгиевски
Роден(а) 12 февруари 1987
Скопје, Југославија
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина 1,85 m
Тежина 83
Позиција десно крило
Прекар Џомба
Клупски податоци
Тековен клуб Вардар 1961
Број 9
Сениорски клубови
Металург, Феникс Тулуз, ЧСМ Букурешт Македонија

Гоце Георгиевски (роден на 12 февруари 1987 во Скопје[1]) е македонски ракометар кој игра за екипата на Вардар 1961 и за Македонската ракометна репрезентација. Бил младински репрезентативец на Македонија на Светското младинско првенство во 2007 година одржано во Охрид. Од 2009 година е сениорски репрезентативец, за сениорската репрезентација на Македонија има одиграно четири светски првенства и тоа: во Шпанија(2013), Катар(2015) Франција (2017) и Германија (2019) како и четири европски првенства: во Данска(2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија (2020) како и едни олимписки квалификации во 2016 година. Исто така има одиграно повеќе квалификациски натпревари за ЕП и СП, како и пријателски мечеви за македонската репрезентација.

Неговата кариера ја започнува во Металург од Скопје каде настапувал 12 сезони, првите три сезони како младинец а 9 сезони како дел од А тимот. Со поранешниот клуб Металург има освоено 6 златни медали за државен првак на Р.Македонија (2005/2006, 2007/08, 2009/10, 2010/11, 2011/12 и 2013/14) и 3 сребрени медали (2006/07, 2008/09 и 2012/13) за вицепрвак на Македонија. Со Металург 5, пати бил освојувач на македонскиот ракометен куп (2006, 2009, 2010, 2011 и 2013 г.). Во натпреварувачките сезони 2006/7, 2011/12, 2012/13, 2013/14 и 2014/15 има настапувано со Металург во ракометната Лига на шампиони, каде на двапати се пласираа во четвртфиналето на ЛШ (2012/13 и 2013/2014). Во периодот 2015-2016 година има настапувано за Феникс Тулуз од Франција, а од 2016 до 2020 година во континуитет за ЧСМ Букурешт од Романија со кој во сезоната 2018/2019 го освоил челинџ купот на ЕХФ. Од јули 2020 година е ракометар на Вардар 1961.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2011-06-14.