Ренато Вугринец
![]() | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Ренато Вугринец | ||
Роден(а) |
9 јуни 1975 Цеље, СР Словенија | ||
Националност |
![]() ![]() | ||
Спорт |
![]() | ||
Висина | 1,95 м | ||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб |
![]() | ||
Број | 7 | ||
Сениорски клубови | |||
-1997 1997-2004 2004-2006 2006-2009 2009-2010 2010-2011 2011-2012 2012-2012 2012- |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() | ||
Репрезентација | |||
![]() | 187 (616)[1] | ||
Ренато Вугринец (словенечки: Renato Vugrinec; р. 9 јуни 1975 во Цеље) — професионален словенечки и македонски ракометар, кој играл во РК Металург и настапувал за Репрезентацијата на Македонија.
Животопис[уреди | уреди извор]
Вугринец добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија донесена на владина седница на 10 декември 2013.[2]
Кариера[уреди | уреди извор]
Вугринец има настапувано на Летните олимписки игри 2000 и на Летните олимписки игри 2004.[3] По добивањето на македонското државјанство, тој настапил за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Катар.
На 7 февруари 2015 година, на натпреварот против РК „Војводина“ одигран во рамките на регионалната ракометна лига „СЕХА“, Вугринец се збогувал од дресот на РК „Металург“, поради неисплатените плати предизвикани од финансиската криза во клубот. Притоа, на натпреварот, Вугринец бил најдобар стрелец, со постигнати девет голови, а на крајот од мечот бил бурно поздравен од своите помлади колеги во тимот на РК „Металург“.[4]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Večna lestvica nastopov za reprezentanco, 16 јуни 2013
- ↑ „Прибак и Вугринец станаа Македонци“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-01-02. Посетено на 12 декември 2012.
- ↑ „Олимпијада“. sports-reference. Архивирано од изворникот на 2012-09-28. Посетено на 14 јули 2012.
- ↑ „Збогум за Вугринец, младите стапија на сцена во Металург“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 23.