Машка ракометна репрезентација на Македонија
Македонија | |||
![]() | |||
Податоци | |||
---|---|---|---|
Прекар | Црвено-жолти | ||
Сојуз | Ракометна федерација на Македонија (РФМ) | ||
Тренер | Раул Гонсалез | ||
Најмногу натпревари | Стевче Алушевски (245) | ||
Најмногу голови | Кирил Лазаров (1203) | ||
Бои | |||
| |||
Резултати | |||
Светско првенство | |||
Настапи | 6 (првпат во 1999) | ||
Најдобар резултат | 9то место (2015) | ||
Европско првенство | |||
Настапи | 5 (првпат во 1998) | ||
Најдобар резултат | 5то место (2012) | ||
Последна поднова на податоците: непознато. |
Медали | ||
---|---|---|
Олимписки игри | ||
Злато | Минхен 1972 | |
Злато | Лос Анџелес 1984 | |
Бронза | Сеул 1988 | |
Светско првенство | ||
Бронза | Франција 1970 | Состав
|
Бронза | Источна Германија 1974 | Состав
|
Сребро | Западна Германија 1982 | Состав
|
Злато | Швајцарија 1986 | Состав
|
Средоземни игри | ||
Злато | Тунис 1967 | Состав
|
Злато | Алжир 1975 | Состав
|
Злато | Сплит 1979 | Состав
|
Злато | Казабланка 1983 | Состав
|
Злато | Атина 1991 | Состав
|
Машка ракометната репрезентација на Македонија — сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на меѓународните ракометни натпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
До 1990 година, кога се стекнала со независност, Македонија играла во рамките на СФРЈ. Машката ракометна репрезентација го одиграла својот прв натпревар на 15 декември 1993 година, против репрезентацијата на Романија, во рамките на Купот на Карпатите.[1]
Меѓународни учества[уреди | уреди извор]
Mакедонската машка ракометна репрезентација има учествувано на повеќе големи меѓународни натпреварувања.
Европски првенства[уреди | уреди извор]
Европско првенство во ракомет за мажи 1998[уреди | уреди извор]
Европското првенство во Италија, во 1998 година, бил првиот европски шампионат на кој настапила репрезентацијата на Македонија. На ова првенство, Македонија играла во групата „Б“ и завршила на последното место, со само 1 освоен бод. На конечната табела на првенството, Македонија завршила на последното, 12 место.
Европско првенство во ракомет за мажи 2012[уреди | уреди извор]
Европското првенство во Србија, во 2012 година, е вториот европски шампионат на кој Македонија зела учество. Во првата рунда од шампионатот, Македонија играла во групата „Б“, каде завршила на второто место, со една победа и еден нерешен резултат. Во следната рунда од шампионатот, Македонија играла во првата комбинирана група, каде завршила на третото место и со тоа разигрувала со Словенија во борбата за петтото место. Македонија ја поразила селекција на Словенија, обезбедила место во квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон и бараж за Светското првенство во 2013 г. На квалификациите за Олимписките игри во Лондон, Македонија играла на квалификацискиот турнир во Шведска, против домаќинот Шведска, Бразил и Унгарија, но не успеала да се пласира на Олимпијадата. Сепак, таа успеала да се квалификува за Светското првенство во ракомет, одиграно во Шпанија, во 2013 година.
Европско првенство во ракомет за мажи 2014[уреди | уреди извор]
Македонија се пласирала на Европското првенство во Данска како второпласирана во квалификациската рунда. На Европското првество, Македонија ги започнала своите натпревари во првата „А“ група, каде разигрувала со репрезентациите на Данска, Чешка и Австрија. По звршувањето на прелиминарната рунда, Македонија имала пораз од Данска, нерешен резултат со Чешка и победа над Австрија. Со тоа, Македонија продолжила во следната главна фаза, каде во новата група пренесла 2 бода и се пласирала на третото место, веднаш зад Шпанија и Данска. На крајот од првенството, Македонија го зазела 10 место.
Европско првенство во ракомет за мажи 2016[уреди | уреди извор]
Македонија играла во шестата квалификациска група за Европското првенство во ракомет 2016, заедно со Франција, Чешка и Швајцарија. Македонија ги започнала квалификациите на 26 октомври 2014 година, кога во Скопје ја победила репрезентацијата на Швајцарија, со резултат 27-20. Најефикасен стрелец бил Кире Лазаров, со постигнати 13 гола.[2] Неколку дена подоцна, на 2 ноември 2014 година, во Злин, репрезентацијата на Македонија ѝ гостувала на Чешката репрезентација. Наспроти големата предност што Чесите ја имале на полувремето, натпреварот завршил нерешено 27-27 (11-18), благодарение на голманот Борко Ристовски, кој имал 24 одбрани. Инаку, најефикасен стрелец во репрезентацијата на Македонија бил Кире лазаров, со 10 гола.[3] [4]
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, во декември 2015 година, од репрезентацијата биле исклучени голманот Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, кои претходно за првпат биле повикани во репрезентацијата. Во групната фаза од првенството, Македонија играла заедно со репрезентациите на Полска, Франција и Србија.[5]
Светски првенства[уреди | уреди извор]
- 1999
Египет - 18 место
- 2009
Хрватска - 11 место
- 2013
Шпанија - 14 место
- 2015
Катар - 9 место
- 2017
Франција - 15 место [6]
Светско првенство во ракомет за мажи 1999[уреди | уреди извор]
На светското првенство во Египет 1999, репрезентацијата на Македонија не успеала да ја мине групната фаза и на крајот завршила на 18. место.[7]
Светско првенство во ракомет за мажи 2009[уреди | уреди извор]
На светското првенство во Хрватска 2009, репрезентацијата на Македонија остварила голем успех и на крајот завршила на 11. место.[8]
Светско првенство во ракомет за мажи 2013[уреди | уреди извор]
На светското првенство во Шпанија 2013, репрезентацијата на Македонија ја минала групната фаза, но била елиминирана од Германија во осмина-финалето. Така, на крајот, Македонија го зазела 14. место на првенството.[9]
Светско првенство во ракомет за мажи 2015[уреди | уреди извор]
На светското првенство во Катар 2015, Македонија играла во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Тунис, Босна и Херцеговина, Хрватска, Иран и Австрија. Репрезентацијата на Македонија била предводена од селекторот Ивица Обрван.[10] Во 4. коло од групата „Б“, Македонија изгубила од Хрватска, со резултат 26-29 (14-15), а најефикасен во македонската репрезентација бил Кире Лазаров, со постигнати седум голови.[11]
Состав[уреди | уреди извор]
Тековен состав[уреди | уреди извор]
Ова е составот на репрезентацијата за Светско првенство 2017 во Франција. [14]
Главен тренер: Раул Гонсалез
|
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 8.
- ↑ „Обрван: Се надевам дека ќе бидеме втората репрезентација што ќе ја победи Чешка дома“, Дневник, година XVIII, број 5605, петок, 31 октомври 2014, стр. 22-23.
- ↑ „Ристовски одбрани бод за Македонија“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 22-23.
- ↑ „Бодот со Чешка е роденденски дар за Ристовски“, Дневник, година XVIII, број 5607, вторник, 4 ноември 2014, стр. 23.
- ↑ „Обрван: Го поддржувам Брестовац за отстранувањето на Дупјачанец и Велковски“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.
- ↑ http://sportclub.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-15-%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D1%9C%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%BE/
- ↑ „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
- ↑ „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
- ↑ „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
- ↑ „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
- ↑ „Обрван: Не успеавме да приредиме изненадување“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 25.
- ↑ Состав на македонската репрезентација
- ↑ Состав за Европското првенство 2012
- ↑ Распоред за Светското првенство 2017 — Македонија (англиски)]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Машка ракометна репрезентација на Македонија“ на Ризницата ? |