Прејди на содржината

Мартин Томовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартин Томовски
Лични податоци
Роден(а) 10 јули 1997(1997-07-10)(28 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001940000001,94 м
Позиција Голман
Клупски податоци
Тековен клуб Германија Потсдам
Број 12
Сениорски клубови
2015–2019
2016–2017
2019–2021
2021–2024
2024–
Македонија Металург
Македонија Металург 2
Германија Лудвигсхафен
Македонија Вардар 1961
Германија Потсдам
Репрезентација
2018– Македонија Македонија

Мартин Томовски (роден на 10 јули 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Потсдам во германската бундеслига и за македонската репрезентација.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Томовски започнал да тренира ракомет на 13 годишна возраст во школа на ракометната академија на Металург, но кратко потоа преминал во редовите на Тинекс Пролет, каде што бил член на младинската екипа.[2] По барање на Лино Червар, тогашниот тренер на Металург, Томовски се вратил во својот поранешен клуб и потпишал професионален договор со Металург.[3]

На крајот на натпреварувачката сезона 2018/19, Томовски потпишал двегодишен договор со германскиот бундеслигаш Лудвигсхафен.[4] По завршувањето на неговиот договор со бундеслигашот, Томовски се вратил во Македонија потпишувајќи за Вардар 1961.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Томовски бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир, завршувајќи како деветти најдобар голман на првенството со процент на одбранети удари од 29.1%.[5]

Своето сениорско деби на големите натпреварувања во репрезентативниот дрес, Томовски го имал на Светското првенство 2021 во Египет.

Победник: 2022
Победник: 2019, 2022, 2023
Победник: 2023

Поединечни награди

[уреди | уреди извор]
  • Најдобар голман во Купот на Македонија 2018[6]
  • Најдобар голман во Купот на Македонија 2022[7]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]