Боро Чурлевски
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
21 ноември 1965 Битола, СР Македонија, СФРЈ | ||
Починал(а) |
26 декември 2014 Битола, Македонија | (возр. 49)||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Клупски податоци | |||
Сениорски клубови | |||
1984–1988 1988–1989 1989–1991 1991–1992 1992-1994 1994–1999 1999–2000 2000–2001 |
Пелистер Црвенка Пелистер Тутунски Комбинат Борец Пелистер Килкис Ловќен | ||
Репрезентација | |||
Југославија Македонија | |||
Боро Чурлевски (Битола, 21 ноември 1965 - Битола, 26 декември 2014) — македонски ракометен играч и тренер, легенда на македонскиот и битолскиот ракомет.[1]
Играчка кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Играчката кариера ја започнал во Пелистер во 1984 година со кој 3 пати ја освоил вице-шампионската титула во СФРЈ во периодот помеѓу 1984 и 1988 година. Една сезона (1988/89) поминал во РК Црвенка од истоимениот град. Сезоната 1989/90 повторно се вратил во Пелистер. За сезоната 1991/92, Чурлевски преминал во Тутунски Комбинат од Прилеп, со кој ја освоил титулата во Втората ракометна лига на СФРЈ. По осамостојувањето, кариерата ја продолжил во Борец Агропин од Велес со кој го освоил Купот на Македонија 1994. Во 1994 година се вратил во матичниот Пелистер, каде во период од 5 години (1994-1999) освоил две Првенства и четири Купови на Македонија. Во сезоната 1999/00 играл во грчкиот Килкис од Кукуш, а кариерата ја завршил во црногорскиот тим Ловќен со кој ја освоил шампионската титула во СР Југославија во сезоната 2000/01.[2]
Многупати бил прогласуван за најдобар играч и најдобар стрелец на турнирите на кои настапувал: Меѓународен турнир – Добој 1994/96 сезона, Струга 1994/96 сезона, Меѓународен турнир – Лесковац 2000 година, најдобар стрелец во 1989 година во Светозарево и 1992 година во Струга.[2]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Одиграл многу натпревари за Репрезентацијата на поранешна Југославија, освојувајќи бронзен медал на Светското првенство во Романија во 1987 година. Бил дел од првиот состав на македонската ракометна репрезентација со која учествувал на Европското првенство во Италија во 1998 година и Светското првенство во Египет наредната година.
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]Тренерската кариера ја започнал во Пелистер, а работел и во грчкиот Килкис, РК Југ, косовските Кастриоти и Беса,[2] во женската екипа на Патра и во Либија. Последен негов ангажман бил на позицијата тренер на РК Прилеп, на чија клупа седнал во септември 2014 година.
Успеси
[уреди | уреди извор]Титули
[уреди | уреди извор]Прилеп
[уреди | уреди извор]- Втора југословенска лига (1) : 1991/92
Борец
[уреди | уреди извор]- Куп на Македонија (1) : 1994
Пелистер
[уреди | уреди извор]- Супер лига (2) : 1995/96, 1997/98
- Куп на Македонија (4) : 1995, 1996, 1998, 1999
Ловќен
[уреди | уреди извор]- Прва југословенска лига (1) : 2000/01
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Preminuo Boro Čurlevski, član šampionskog tima Lovćena“. Архивирано од изворникот на 2014-12-27. Посетено на 2015-03-22.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Битола е душата и талентот на спортска Македонија (Пасус - Боро Чурлевски)“. zoran-misevski.blogspot.com преку web.archive.org. 30 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-27. Посетено на 27 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)