Горан Кузманоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонија Горан Кузманоски
Лични податоци
Роден(а) 30 ноември 1981 (1981-11-30) (37 г.)
Прилеп, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција Среден бек
Прекар Таста
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Еурофарм Работник
Број 77
Младински клубови
1994–2001 Македонија Тутунски Комбинат
Сениорски клубови
2001–2003
2003–2004
2004–2005
2005
2006
2006–2007
2007–2008
2008–2009
2009–2010
2010–2018
2018–
Македонија Тутунски Комбинат
Македонија Вардар Ватростална
Македонија Металург Скопје
Исланд ИБВ
Шпанија Аранда
Шпанија Коста Бланка
Португалија Мадеира
Шведска Трелеборг
Македонија Тинекс Пролет
Романија Одорхеи
Македонија Еурофарм Работник
Репрезентација
  Македонија Македонија 25 (55)

Горан Кузманоски (роден на 30 ноември 1981 во Прилеп) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Работник.

Кариера[уреди | уреди извор]

Кузманоски е роден во Прилеп и потекнува од спортско семејство. Неговиот татко, Петар Кузманоски – Таста, се смета за еден од најистакнатите прилепски ракометни легенди, кој подоцна бил тренер и претседател на РК Тутунски Комбинат, клуб во кој ѝ двајцата ја започнале својата ракометна кариера.[1] Својот прв договор со Тутунски Комбинат, Горан го потпишал на 17 години.

Кузманоски бил предводник на македонската јуниорска репрезентација на Европското јуниорско првенство 2002 во Полска, и еден од најзаслужните за освоеното 4. место. Тој бил втор најдобар стрелец на првенството со постигнати 55 голови.[2]

Во сезоната 2003–04, тој потпишал со Вардар Ватростална и со клубот успеал да ја освои двојната круна во македонското првенство, а следната сезона преминал во градскиот ривал Металург. Кузманоски во скопскиот клуб играл една сезона и веќе следната сезона направил трансфер на Исланд, во клубот ИБВ.[3] Тој на Исланд се задржал само една полусезона,[4] и на почетокот на 2006 година се преселил во Шпанија каде редоследно играл за клубовите Аранда и Коста Бланка.[5]

Во сезоната 2007–08, Кузманоски потпишал за португалскиот клуб Мадеира, во кој останал само една сезона. Следната сезона тој се преселил во Шведска, потпишувајќи за Трелеборг. Во летото 2009 година, тој се вратил во Македонија и потпишал за Тинекс Пролет. Таа сезона тој бил најдобар стрелец во македонската супер лига.[6]

Титули[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]