26 август
Изглед
26 август — 238-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (239-и во престапна година). Остануваат 127 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1071 | Во Битката кај Манцикерт меѓу Византија и Селџучкиот султанат, византиската војска доживеала срамен пораз, а царот Роман IV Диоген бил заробен. |
| 1498 | Микеланџело бил најмен да ја направи скулптурата „Пиета“. Ја завршил следната година, а денес е сместена во базиликата „Св. Петар“ во Ватикан. |
| 1789 | Во Версај, Уставното собрание ја донесува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот. |
| 1883 | Избув на вулканот Кракатау во Тихиот Океан. Како последица на избувот и на создаденото цунами, загинале над 36.000 луѓе. |
| 1922 | Турската војска предводена од Мустафа Кемал Ататурк започнала офанзива против грчките сили кај Измир, која довела до целосна загуба на грчките територии во Мала Азија и иселување на околу 1 милион Грци од Турција. |
| 1936 | Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал. |
| 1945 | Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти. |
| 1972 | Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен - Германија кои во историјата, останаа засенети поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и убиството на 11 израелски спортисти. |
| 2005 | Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави. |
Родени:
| 1743 | Антоан Лавоазје — француски научник. |
| 1896 | Ванчо Михајлов — раководител на врховистичкото ВМРО. |
| 1898 | Пеги Гугенхајм — американска колекционерка на уметнички дела и мецена. |
| 1910 | Мајка Тереза — католичка калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица. |
| 1914 | Фазил Хисни Дагларџа — турски поет. |
| 1914 | Хулио Кортазар — аргентински писател. |
| 1928 | Владимир Беара — југословенски фудбалски голман. |
| 1944 | Морин Такер — американска рок-музичарка, членка на групата „Велвет андерграунд“ (Velvet Underground). |
| 1958 | Зоран Вујовиќ — босански и југословенски фудбалер. |
| 1958 | Златко Вујовиќ — босански и југословенски фудбалер. |
| 1960 | Бренфорд Марсалис — американски џез-музичар. |
| 1961 | Фахрудин Омеровиќ — босански и југословенски фудбалски голман. |
| 1967 | Александар Ѓорѓевиќ — српски и југословенски кошаркар. |
| 1985 | Данило Вис — швајцарски велосипедист. |
| 1986 | Барт де Клерк — белгиски велосипедист. |
| 1988 | Кристина Њагу — романска ракометарка. |
| 1989 | Џејмс Харден — американски кошаркар. |
| 1991 | Арно Демар — француски велосипедист. |
| 1992 | Дејан Манасков — македонски ракометар. |
| 1993 | Марко Ливаја — хрватски фудбалер. |
Починале:
| 1850 | Луј-Филип — крал на Франција. |
| 1903 | Александар Ростковски — руски дипломат. |
| 1910 | Вилијам Џејмс — американски психолог. |
| 1944 | Естреја Овадија - Мара — македонски народен херој. |
| 1974 | Чарлс Линберг — прв воздухопловец што прелетал преку Атлантикот. |
| 1978 | Хосе Мануел Морено — аргентински фудбалер. |
| 1982 | Тереза Ижевска — полска глумица. |
| 2013 | Волфганг Херндорф — германски, писател, сликар и карикатурист. |
| 2018 | Нил Сајмон — американски драматург. |
| 2024 | Свен Јеран Ериксон— шведски фудбалер и тренер. |