Александар Ростковски
Александар Ростковски | ||
Роден | Александар Аркадјевич Ростковски 18 октомври 1860 Одеса, Украина | |
---|---|---|
Починал | 26 август 1903 Битола, Македонија убиство | |
Националност | Русин | |
Занимање | дипломат, конзул | |
Татко | ||
Родители | Аркадиј Ростковски |
Александар Аркадјевич Ростковски (руски: Александр Аркадьевич Ростковский; 18 октомври 1860 во Одеса – 26 август 1903 во Битола) бил руски конзул и пријател на Крсте Петков Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец по потекло) во илинденските настани во Битола[1][2].
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломатската кариера ја започнува како втор секретар во Бугарија, потоа како секретар и драгоман на руското генерално конзулство во Ерусалим, во Јанина и во Бејрут. Потоа Александар Ростковски ја продолжил кариерата како втор секретар во дипломатската агенција во Софија (1884–1885), вицеконзул во Бриндизи (1894–1895), вицеконзул и конзул во Битола (1895), извесно време го заменува рускиот конзул во Скопје (1899–1901) и до смртта останува во Битола.
Првпат се среќава со Мисирков на заедничкиот настап во руското географско друштво во Санкт Петербург на 18 декември 1897, а потоа во Битола како домашен учител на неговите деца (1902/03). Објавува статистичко-етнографски прегледи за населението во битолскиот (за 1897) и во солунскиот вилает, во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Словени[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|