18 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2026 18 декември — 352-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (353-и во престапна година). Остануваат 13 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1828 | Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе. |
| 1958 | Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата |
| 1965 | Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија. |
| 1970 | Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква. |
| 1994 | Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ. |
| 1865 | Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави. |
| 1956 | Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации. |
| 1941 | Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници сè до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот. |
| 1942 | Бугарската полиција ги открива и апси членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур (кои подоцна на ѕверски начин се убиени). Во истата акција запленета и печатницата на ПК КПЈ за Македонија „Гоце Делчев“. |
Родени:
| 1392 | Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар. |
| 1786 | Карл Марија фон Вебер — германски композитор и диригент. |
| 1879 | Паул Кле — швајцарско-германски сликар. |
| 1913 | Вили Брант — западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија. |
| 1946 | Милена Зупанчич — словенечка глумица. |
| 1963 | Бред Пит — американски глумец. |
| 1954 | Улрих Рот — гитарист, еден од пионерите на неокласичниот хеви-метал. |
| 1966 | Џанлука Паљука — италијански фудбалски голман. |
| 1969 | Сантјаго Кањизарес — шпански фудбалски голман. |
| 1968 | Рикардо Питис — италијански кошаркар. |
| 1971 | Аранча Санчес Викарио — шпанска тенисерка. |
| 1974 | Вики Миљковиќ — српска пејачка. |
| 1987 | Пјотр Новаковски — полски одбојкар. |
| 2001 | Били Ајлиш — американска поп-музичарка. |
Починале:
| 1406 | Чандарли Али-паша — Голем везир на Отоманското Царство. |
| 1829 | Жан Батист Ламарк — француски природонаучник и филозоф. |
| 1892 | Ричард Овен — истакнат англиски биолог и палеонтолог. |
| 1995 | Конрад Цузе — германски научник, еден од изумителите на сметачот. |
| 1932 | Едуард Бернштајн — германски социјалдемократски теоретичар. |
| 1945 | Климе Стојоски — македонски партизан. |
| 1975 | Теодосиј Добжански — руско-американски научник. |
| 2003 | Бранко Хорват — хрватски економист. |
| 2006 | Џозеф Барбера — американски аниматор и режисер. |
| 2008 | Иван Рабузин — хрватски сликар. |
| 2009 | Оскар Данон — југословенски композитор и диригент. |
| 2011 | Вацлав Хавел — чешки писател и политичар. |
| 2015 | Слободан Чашуле — македонски новинар и политичар. |
| 2016 | За За Габор — американска глумица со унгарско потекло. |
| 2018 | Пени Маршал — американска режисерка. |
| 2022 | Тери Хол — англиски рок-музичар, член на групата The Specials |
| „18 декември“ на Ризницата ? |