Вики Миљковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вики Миљковиќ
Основни податоци
Родено имеВиолета Миљковиќ
Роден(а)18 декември 1974
Србија Ниш, Србија
Жанр(ови)Поп-фолк
турбо-фолк
Занимање/њаПејачка, професорка
Години активностод 1992

Виолета „Вики“ Миљковиќ (Ниш, 18 декември 1974) — српска турбо-фолк, поп-фолк и поп пејачка и професор за музика.

Кариерата је започнала 1992 година со хитот "Мене лоша среќа прати". Најголемите хитови кои ги снимила до 2000 година се: Хајде води ме одавде, Ником није лепше него нама (Кока кола, Марлборо, Сузуки), Волим момке који пију ракију, Тунел, Куд пукло да пукло, Женске бубице (Љубоморна сам на све), Не знам шта си туго моја и Беж’ Милане. Како една од пионири на новооснованата Гранд продукција, Вики Миљковиќ доживуава најпрвин нова популарност заблагодарувајќи им на песните Године, Црно на бело, Бајадере и Мариш ли, мариш ли, а потоа и врвот на популарноста во 2005 година со хитовите Махи, махи, Обележена, Ти, мушкарац, Празан стан, Разлика и Да ли си добро спавао, и големиот солистички концерт во Белград.

Вики Миљковиќ повторно во центарот на медиумското внимание од 2016 година, кога станала постојан член на жирито на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд, првенствено заради честите расправи со Јелена Карлеуша.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Ниш, каде во 1981 година тргнала во основно училиште "Маршал Тито". Средно музичко училиште „Др Војислав Вучковиќ“ го запишала во 1989, а потоа завршила музичка академија во Приштина. Нејзините родители, Зорка и Светомир, не ја поддржувале нејзината идеја да се занимава со пеење,[1] но Виолета и покрај тоа го снимила првиот албум во 1992 година. Единствената популарна песна на него била Лоша среќа, пак Вики не остварила поголем успех. Меѓутоа тоа се менува следната година, со албумот Хајде води ме одавде, и два големи хита – Хајде води ме одавде и Ником није лепше него нама (Кока–кола, Марлборо, Сузуки), популарен и во бившите југословенски републики. Наредните две години Вики издала уште два албума, со хитовите Србија (Волим момке који пију ракију), Небеске сузе и Тунел. Во 1997 година остварува значаен успех и голема популарност заблагодарувајќи им на песните Куд' пукло да пукло, Не знам шта си туго моја, Ќерка (Желео си сина, добио си кќер) и Женске бубице (Љубоморна сам на све), најголемиот хит во нејзината кариера. И следните два албума и одржуваат популарност, но и понатаму не и обезбедуваа место во естрадниот врв. Најслушаните песни на албумите од 1998 и 2001 се Окреќем ти леѓа туго, Удри бригу на весеље, Беж' Милане моја ружо, Горо сестро, Године, Пет минута. Виолета во 2001 година преминала во Гранд продукција, а веќе со другиот албум издаден за неа, 2003 година постигнува најголем успех во дотогашната кариера. Тоа бил албумот Мариш ли, каде дури пет песни биле големи хитови во земја – Мариш ли, Бајадера, Црно на бело, Овог викенда и Наруквице. Популарен бил и дуелот Зашто со турската ѕвезда Мехмед Бадан. Со албумот Махинално од 2005 година Вики конечно достигнала меѓу најголемите музички ѕвезди во земјата, затоа што свите девет песни од албумот (Махи, махи, Празан стан, Разлика, Несаница, О како боли, Ти мушкарац, Цурице, Да ли си добро спавао, Обележена) биле исклучително популарни. За нејзината популарност во тоа време сведочи и нејзиниот прв солистички концерт во Белград во 2006 година, пред околу осум илјади луѓе.[2] Поуспешна турнеја од Вики во тоа време имала само Индира Радиќ.[3][4] Веќе следната година нејзината популарност опаѓа. Во јуни 2007 година се омажила за музичарот Драган Ташковиќ, и во октомври истата година го родила синот Андреј. Две години подоцна го издала албумот "Овде се не плаче", каде најслушаните песни биле Овде се не плаче, Хеј, ко то пита, Доѓавола све и Иду ми, иду.

Во 2011 година Вики Миљковиќ ја снимила песната Ко то зна и Не зна јуче да је сад, дуел со Халид Бешлиќ и ја издала компилацијата на најголемите хитови. Година дена подоцна ја издала хит песната Румба, која је обновила популарноста на Вики Миљковиќ, а 2013 година Чики лики лајла, препојување на еден бугарски хит. На пролет 2014 година учевствувала на првиот Пинков фестивал и освоила прво место со песната Фластер на уста, а на есен истата година ја издала песната Досадно. Во 2015 година ја снимила песната Оно нешто, а во јануари 2016 година ги издала песните Опа, опа и Мене лоше добро зна како најава за нејзиниот единаесети студиски албум. Истата година ги снимила и песните Могу, могу и Роѓендан.

Со почетокот на 2016 година станала постојан член на жирито во музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Ко то зна (2011)
  • Не зна јуче да је сад (дуел со Халид Бешлиќ) (2011)
  • Румба (2012)
  • Чики лики лајла (2013)
  • Само намигни (дуел со Дадо Полумента) (2013)
  • Фластер на уста (2014)
  • Досадно (2014)
  • Оно нешто (2015)
  • Опа, опа (2016)
  • Мене лоше добро зна (2016)
  • Могу, могу (2016)
  • Роѓендан (2016)

Албуми[уреди | уреди извор]

Видео-спотови[уреди | уреди извор]

Видео спот Година Режисер
Лоша среќа 1992 -
Хајде води ме одавде 1994 -
Ником није лепше него нама 1994 -
Што ме пушташ среќо саму 1994 -
Свадбе неќе бити 1995 -
Небеске сузе 1995 -
Тунел 1996 -
Куд пукло да пукло 1997 -
Срце јужно 1997 -
Пет минута 2001 Маријана
Мариш ли 2003 Д.Гузијан
Зашто 2003 -
Не зна јуче да је сад 2011 ДМ САТ видео продукција
Румба 2012 ДМ САТ видео продукција
Само намигни 2013 Андреј Илиќ
Досадно 2014 Горан Јанковиќ
Оно нешто 2015 Toxic Entertainment
Опа, опа 2016 Ведад Јашаревиќ
Мене лоше добро зна 2016 Ведад Јашаревиќ
Могу, могу 2016 Ведад Јашаревиќ
Роѓендан 2016 Ведад Јашаревиќ
Срце које воли 2018 Љуба Радојевиќ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Puls - Viki Miljković“. Архивирано од изворникот на 17 декември 2012. Посетено на 25 март 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Tri zvezde - tri koncerta! - Večernje novosti“. Архивирано од изворникот на 17 декември 2012. Посетено на 26 март 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Indira Radić ::“. Архивирано од изворникот на 17 декември 2012. Посетено на 12 септември 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Indira i Saša: Krilca umesto lule mira : svet“. Архивирано од изворникот на 17 декември 2012. Посетено на 4 март 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)