Слободан Чашуле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слободан Чашуле
Слободан Чашуле.jpg
Министер за надворешни работи
На должноста
30 ноември 2001 – 1 ноември 2002
Претседател Борис Трајковски
Претходник Илинка Митрева
Наследник Илинка Митрева
Лични податоци
Роден(а) 27 септември 1945
Скопје, СФРЈ
денес Македонија
Починал(а) 17 декември 2015
Мадрид, Шпанија
Националност Македонец
Партија Нова Демократија
Вероисповед Православен христијанин

Слободан Чашуле (27 септември 1945 во Скопје17 декември 2015 во Мадрид) — македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 - 2002 година[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 -година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.

Кариера[уреди | уреди извор]

  • 19651967 — новинар и основател на ТВ Скопје.
  • 19671974 — дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу.
  • 19741980 — дописник за ТАЊУГ во Латинска Америка и Карибите.
  • 19801990 — главен уредник на ТАЊУГ во Македонија.
  • 19901994 — директор и главен уредник на македонското радио.
  • Јануари — Април 1999 — Генерален директор на „Нова Македонија“ - Скопје.

На 30 ноември 2001, Чашуле станал Министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски[2]. Во 2002 година избран е за пратеник во Македонското Собрание.[3]

Ззборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Починал на 17 декември 2015 година во Мадрид, Шпанија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Габер, Виктор (на македонски). За македонската дипломатија. Маргор. ISBN 9989851557. 
  2. „Слободан Чашуле нов шеф на дипломатијата“ (на македонски). А1. 2 декември. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=4093. конс. 18 декември 2010. 
  3. „Пратенички состав“ (на македонски). Собрание на Македонија. http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=706671E60527D24CBC5032B4B6B6EA36. конс. 18 декември 2010. 
  4. Почина Слободан Чашуле

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Илинка Митрева
Министер за надворешни работи на Македонија
20012002
Наследник
Илинка Митрева