Бред Пит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бред Пит
Brad Pitt at Incirlik2.jpg
Роден(а) Вилијам Бредли Пит
Сопруга Џенифер Анистон (2000-2005)
Партрнер(и) Анџелина Џоли (2005-)
Деца Медокс, Захара, Шилоу, Пакс

Вилијам Бредли Пит, познат како Бред Пит (роден 18 декември 1963) е американски глумец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бред Пит пораснал во Спрингфилд,Мисури. Поголем дел од неговото семејство е од англиско потекло. Во 1980-те бил студент по публицистика. Од 29 јули 2000 до 2 октомври 2005 година, Пит бил оженет со американската глумица Џенифер Анистон, со која се развел на 7 јануари 2006 година. Пред бракот тој бил во врска со германската режисерка Катја вон Гарниер, глумицата и пејачката Џулиет Луис, како и глумицата Гвинет Палтроу. По улогата во филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“ бил во врска со Анџелина Џоли. Во декември 2005 година, тој поднел барање за старателство на децата на Анџелина Џоли, Медокс и Захара, а од јануари 2006 год. децата официјално почнале да го носат презимето Џоли Пит. Тие имаат и заедничка ќерка со име Шилоу Новел Џоли Пит, која се родила на 27 мај 2006 година.

Иако Бред Пит и Анџелина Џоли биле заедно од 2005 година, официјално тие биле во брак само две години. Во септември 2016 година, Анџелина Џоли поднесла барање за развод, заедно со целонсо старателство над шесте деца, со повремени посети на Бред, но не побарала алиментација. Во барањето за развод, како причина биле наведени „непомирливите разлики“. По разводот, во медиумите се појавиле шпекулации дека причината била наводната врска на Бред со француската глумица Марион Котијар, со која тој глумел во филмот „Сојузници“, но таа остро ги негирала таквите наводи. Британската пејачка Адел својот концерт во њујоршкиот „Медисон сквер гарден“ им го посветила на Бред и Анџелина.[1]

Филмска кариера[уреди | уреди извор]

Првата филмска улога на Бред Пит била улогата на момчето Чарли Вејд во телевизиската серија „Далас“, во траење од десет секудни. Пит станал познат во 1991 година, играјќи во филмот „Телма и Луис“. Неговите филмски партнерки биле Сузан Сарандон и Гин Дејвис. Играјќи улоги во филмовите „Река на спомени“ и „Легендата за есента“, се здобил со статусот на тинејџерски идоли. За неговата улога за лудиот Џефри Гоинс во „12 Мајмуни“ добил „Златен Глобус“ и една номинација на „Оскар“. Во 1994, 1995 и 2000 година, Пит бил избран за најзгоден маж на планетата, според американското списание People.

Филмографија[уреди | уреди извор]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пријателите шокирани, „љубовницата“ демантира“, Дневник, година XX, број 6172, четврток, 22 септември 2016, стр. 23.