Интервју со вампирот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Интервју со вампирот (англиски: Interview with the Vampire: The Vampire Chronicles) - американски филм од 1994 година, во режија на Нил Џордан. Главните улоги ги играат: Том Круз, Бред Пит, Антонио Бандерас, Кирстен Данст, Кристијан Слејтер, итн. Филмот бил номиниран за наградите „Златен глобус“ и „Оскар“ во две категории, а освоил две награди „БАФТА“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот е прикажан животот на вампирот Луис кој му ги раскажува своите доживувања на еден новинар: Сопругата на Луис (го игра Пит), богат сопственик на плантажи од Њу Орлеанс, умира при пораѓањето. Тој е разочаран и нема волја за живот. Вампирот Лестат (го игра Круз) му нуди вечен живот, а Луис ја прифаќа понудата и Лестат му ја пие крвта, заменувајќи ја со неговата. Така, Луис станува вампир при што мора да се привикне на новиот живот. Пресвртот настапува откако ги убива една жена и нејзината ќерка Клаудија (ја игра Данст) при што Лестат го претвора девојчето во вампир. На почетокот, Клаудија ужива во својот вампирски живот, но како што поминуваат годините таа почнува да ја проколнува својата несреќна судбина, зашто не може да порасне. Поради тоа, Клаудија одлучува да му се одмазди на Лестат и во една прилика му дава да пие крв од веќе умрени деца, со што тој се заразува. Во куќата во која живеат вампирите избувнува пожар, при што Клаудија и Луис го фрлаат изгореното тело на Лестат во мочуриштето, а потоа заминуваат во Европа, каде заедно талкаат повеќе години. Во Париз, Луис го запознава вампирот Арман (го игра Бандерас), кој е водач на поголема група вампири. Поради убиството на Лестат, вампирите ги грабнуваат Луис и Клаудија при што Клаудија ја убиваат, а Луис го заѕидуваат. Сепак, Арман го ослободува Луис кој, разочаран поради смртта на Клаудија, ги уништува вампирите и пак се враќа во САД. Таму, една ноќ поминува крај една напуштена куќа во која повторно го среќава стариот и изнемоштен Лестат. Кога Луис ја завршува својата приказна, новинарот ја напушта просторијата во паника и додека вози низ градот, него го напаѓа Лестат, кој во меѓувреме се скрил во автомобилот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]