Необичниот случај на Бенџамин Батон
„Необичниот случај на Бенџамин Батон (The Curious Case of Benjamin Button)“ | |
---|---|
Официјален постер | |
Режисер | Дејвид Финчер |
Продуцент | Кетлин Кенеди Франк Маршал>Реј Старк |
Сценарист | Сценарио: Ерик Рот Расказ: Францис Скот Фрицегералд |
Главни улоги | Бред Пит Кејт Бланшет Тилда Свинтон Џулија Ормонд |
Жанр | драма |
Музика | Александре Десплат |
Дистрибутер | Paramount Pictures Warner Bros. |
Премиера | 25 декември 2008 |
Времетраење | 166 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $150,000,000 |
Бруто заработка | $107,496,099 |
Необичниот случај на Бенџамин Батон (англиски: The Curious Case of Benjamin Button) — американски драмски филм на Дејвид Финчер од 2008 год. Филмот е адаптација на краткиот истоимен роман од 1921 година, напишан од Францис Скот Фрицегералд. Режисер на филмот е Дејвид Финчер, додека пак во главните улоги се појавуваат Бред Пит, Кејт Бланшет и Тилда Свинтон.
Синопсис
[уреди | уреди извор]2005 година, возрастната Дејзи (Кејт Бланшет), која е на својата смртна постела во болницата во Њу Орлеанс, ја моли ќерка си (Џулија Ормонд) да започне да го чита дневникот, полн со слики и поштенски мартки, напишан од Бенџамин Батон (Бред Пит). Приказната преминува кон неговата гледна точка. На 11 ноември 1918, денот во кој официјално завршува Првата светска војна, се раѓа момче со физички способности на 86-годишен човек. Мајката умира при раѓањето, а таткото Томас Батон (Џејсон Флеминг), сопственик на фабрика за копчиња, го зема детето и го остава пред вратата на старечки дом. Некое време после тоа, детето е пронајдено од Куини и нејзиниот пријател Тизи, кои работат во домот. Тие решаваат да го изгледат и покрај неговиот физички изглед. Куини му дава име, Бенџамин. Со текот на времето тој се помладува. За време на 30те, кога тој сѐ уште изгледа како стар човек, Беџамин ја запознава Дејзи Фулер, чија баба е згрижена во домот. Двајцата се спријателуваат. Неколку години подоцна тој започнува да работи како кораб-влекач и се среќава со својот татко, кој всушност не му ја открива самоличноста. Бенџамин го напушта Њу Орлеанс поради тоа што се вработува на бродот, обиколувајќи го Атлантскиот Океан. Дејзи го моли да и праќа и пишува писма и картички од сите места кои ги посетува. Тој и екипажот на бродот и поминуваат неколку држави, кога најнакрај застануваат во Русија. Таму Бенџамин се вљубува во англичанката Елизабет Абот (Тилда Свинтон), чии сопруг е британски дипломат и шпион. После кратката врска на двајцата – таа ја напушта Русија после јапонското напаѓање над Перл Харбор на 8 декември 1941 година. Бенџамин и екипажот на бродот му се вклучени во составот на американската флота, и со време на мисијата успеваат да ја уништат германската подморница. Капитенот и останатите морнари загинуваат, а Бенџамин е единствениот преживеан. После откако е спасен од американскиот воен кораб, тој гледа колибри кои поминуваат покрај него. После крајот на војната тој се враќа во САД и неколку пату се среќава и разделува со Дејзи. Двајцата се вљубуваат, кога возраста почнува да им доближува и во почетокот на 60-те години започнуваат да живеат заедно. Дејзи раѓа ќерка, Керолајн, но Бенџамин продолжува да се помладува, а Дејзи – да остарува. Тој решава, дека не може да биде татко на детето и ги напушта двајцата. Дејзи и Бенџамин се среќаваат повторно во 80те, кога тој е 25 години. После тоа се разделуваат, и тој продолжува да се помладува и станува дете до симптоми на деменција, заборавајќи го минатото. Дејзи оди во старечкиот дом, каде Бенџамин е одгледан, и започнува да се грижи за него. На крај тој заборава да оди и да зборува, и умира како бебе во нејзините раце, во 2003 година. Во 2005 година, додека ураганот Катрина му се приближува на Њу Орлеанс, Дејзи умира. Керолајн гледа низ прозорецот во собата како летаат колибри, симболизирајќи ги духовите на починатите.
Глумечка екипа
[уреди | уреди извор]Глумци | Ликови |
---|---|
Бред Пит | Бенџамин Батон |
Кејт Бланшет | Дејзи Фулер |
Џулија Ормонд | Керолајн |
Тилда Свинтон | Елизабет Абот |
Тараџи П. Хенсон | Квини |
Џејсон Флеминг | Томас Батон |
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]66то изданиеЗлатен Глобус
[уреди | уреди извор]Најдобар драма филм - номиниран
Најдобар главен глумец во драма (Бред Пит) – номиниран
Најдобар режисер во драма (Дејвид Финчер) - номиниран
Најдобар филмски саундтрак (Александре Десплат) - номиниран
Најдобро сценарио (Ерик Рот) - номиниран
Најдобар филм - номиниран
Најдобар глумец во главна улога (Бред Пит) - номиниран
Најдобра глумица во споредна улога (Тараџи П.Хенсон) - номиниран
Најдобар режисер (Дејвид Финчер) - номиниран
Најдобра монтажа - номиниран
Најдобро адаптирано сценарио - номиниран
Најдобра кинематографија - номиниран
Најдобра уметничка режија - ПОБЕДНИК
Најдобра костимографија - номиниран
Најдобра шминка - ПОБЕДНИК
Најдобра оригинална музика - номиниран
Најдобри визуелни ефекти - ПОБЕДНИК
Најдобри миксани звуци - номиниран
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 31 јануари 2009 г.
- Семрежна филмска база на податоци
- Бокс Офис Мојо
|