Гвинет Палтроу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гвинет Палтроу
Палтроу на фестивалот во Венеција во 2011
Роден(а) Гвинет Кејт Палтроу
27 септември 1972 (1972-09-27) (воз. 43 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимање глумица, пејачка, автор
Активен период 1989–сеуште
Родно место Санта Моника, Калифорнија, САД
Сопружник Крис Мартин (в. 2003; раз. 2015)
Деца 2
Родители Брус Палтроу
Блајт Данер
Роднини Џејк Палтроу (брат)
Хари Данер (вујко)
Катрин Менги (братучетка)

Гвинет Кејт Палтроу (англиски: Gwyneth Kate Paltrow) (27 септември 1972) е американска филмска глумица.

Палтроу добила внимание за нејзините улоги во филмовите како психолошкиот трилер Седум (1995), во кој глумела со Бред Пит како и драмата Ема (1996), во која глумела со Џереми Нортем. По улогите во романтичната комедија Лизгачки врати (1998) и трилерот Совршено убиство (1998), Палтроу добила светско признание преку нејзината улога во Вљубениот Шекспир (1998), за која добила Оскар за најдобра актерка, Златен глобус за најдобра актерка во мјузикл или комедија и две награди од страна на здружението на филмски работници. Палтроу толкувала споредни, како и главни улоги, во филмовите Талентираниот господин Рипли (1999), Скок (2000), Љубовта е слепа (2001), и Доказ (2005), за која добила номинација за Златен глобус за најдобра актерка во драма.

Од 2008 таа ја играла улогата Пепер Потс, во Железниот човек (2008), Железниот човек 2 (2010), Одмазници (2012), и Железниот човек 3 (2013). Таа исто така добила Еми награда за најдобра актерка гостин во комедија во 2011 година за нејзината улога во серијата Гли.

Биографија[уреди | уреди извор]

Гвинет е ќерка на глумицата Блајт Данер и телевизискиот продуцент Бру Палтроу. Поради нејзината голема приврзаност кон мајка ѝ, Гвинет со своето семејство се преселила од Лондон во САД.[1] Палтроу била омажена за рок музичарот Крис Мартин, со кого има две деца - синот Мозес (роден во 2006 година) и ќерката Епл (родена во 2004 година), а по разводот, таа била во врска со продуцентот Бред Фалук.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Благодарение на своите родители, Гвинет имала голема помош на почетокот на кариерата, во која многу ѝ помогнал и Стивен Спилберг, семејниот пријател на нејзините родители. Имено, тој ја ангажирал да глуми во својот филм „Кука“ од 1991 година.[3]

Во 1998 година, Палтроу ја овоила наградата „Оскар“ за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Кејт и Голди делат иста смисла за хумор, Изабела и Ингрид безвременска убавина“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 12-13.
  2. „Луѓе“, Утрински весник, година XVI, број 4754, вторник, 7 април 2015, број, стр. 24.
  3. Наташа Спирова, „Кејт и Голди делат иста смисла за хумор, Изабела и Ингрид безвременска убавина“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 12-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]