Скок (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Скок (англиски: Bounce) е американски филм, во режија на Дон Рос. Главните улоги ги играат: Бен Афлек и Гвинет Палтроу.

Содржина[уреди | уреди извор]

Бади е успешен извршен директор на фирма за маркетинг од Лос Ангелес. Иако има успех кај жените, тој посакува сериозна врска. Еден ден, тој ќе му го продаде својот авионски билет на непознат човек, но подоцна ќе дознае дека авионот се урнал и непознатиот човек загинал. Поминува една година, а Бади сè уште е под впечаток на тој судбински настан. Затоа, тој оди да ја побара Еби, вдовицата на човекот кому му го продал билетот. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но Бади, иако сака да се ожени со Еби, не знае како да ѝ каже дека тој е одговорен за смртта на нејзиниот сопруг.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Скок“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 20.
  2. „Скок“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 26.
  3. „Скок“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 25.