Река тече низ него

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Река тече низ него“ (англиски: A river runs through it) — филм на режисерот Роберт Редфорд (Robert Redford) од 1992 година. Автор на сценариото е Ричард Фриденберг (Richard Friedenberg), засновано врз автобиографската новела на Норман Меклин. (Normana Maclean). Главните улоги ги играат: Крег Шефер (Craig Sheffer), Бред Пит (Brad Pitt), Том Скерит (Tom Skerrit), Емили Лојдс (Emily Lloyd) и Бренда Блетин (Brenda Blethyn). Филмот освоил „Оскар“ за камера, а бил номиниран и во категориите музика и сценарио, додека Редфорд бил предложен за „Златен глобус“ во категоријата режија.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Норман (го игра Шефер) и Пол (го игра Пит) се синови на строгиот презвитеријански свештеник (го игра Скерит), кој своите деца често ги носи на риболов на реката. Норман е послушен, додека Пит еден ден престанува да лови според советите на татко му, туку пронаоѓа свој начин. Годините минуваат, а Норман се запишува на колеџот во Дартмут, додека Пол остануав во родното место. По дипломирањето, Норман се враќа дома, а Пол работи како новинар во месниот весник, но истовремено пие, игра комар и времето го минува со девојки.

Наводи[уреди | уреди извор]