Камера

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Камера

Камера е направа што се користи за земање слики (обично фотографии), или индивидуално или во одредена секвенца, со или без звук, како што е случајот со видео камерите. Името потекнува од камера обскура, латински за „темна просторија“, ран механизам за проектирање слики во кој цела просторија функционира како внатрешност на современата фото камера, освен што во тоа време нема начин да се снима сликата без таа рачно да се прати. Камерите можат да работат со визуелен спектрум или други порции од електромагнетниот спектрум.