Марион Котијар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марион Котијар (француски: Marion Cotillard) е француска филмска актерка.

М. Котијар (во средината) на филмскиот фестивал во Кан, 2012 год.

Биографија[уреди | уреди извор]

Според зборовите на Котијар, како дете, таа била срамежлива, осамена и меланхолична. Глумата ја засакала благодарение на нејзиниот татко, кој бил актер и пантомимичар.

Котијар на филмскиот фестивал во Берлин, 2007 год.

Во 2007 година, Котијар се омажила за францускиот глумец и режисер, Гијом Кане, а во 2011 година им се родил синот Марсел.

М. Котијар во Париз, 2009 год.

Котијар е заштитник на животните и на природната средина. Таа е амбасадорка на „Гринпис“, а се залага за зачувување на суматранскиот тигар.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

М. Котијар на фестивалот во Кан, 2015 год.

Котијар се прославила со филмската биографија на Едит ПјафЖивот во розово“, во која ја играла улогата на Пјаф, за која била наградена со „Оскар“. Котијар, која е позната по длабокото поистоветување со ликовите кои ги глуми, за потребите на таа улога ги избричила веѓите и дел од косата, а секој ден поминувала по пет часа во одделот за шминка. Според нејзиното признание, дури осум месеци по снимањето на филмот, таа не можела да се ослободи од ликот на Пјаф, дури обидувајќи се да се прочисти со помош на шаманска сесија на Мачу Пикчу.[2]


Котијар глумела во повеќе филмови, како:[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наташа Спирова, „Сон ми е да снимам комедија“, Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 8.
  2. Наташа Спирова, „Сон ми е да снимам комедија“, Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 8.
  3. Наташа Спирова, „Сон ми е да снимам комедија“, Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 8.