SCORE

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

SCORE (Signal Communication by Orbiting Relay Equipment, или во превод "Орбитирачка Релејна Опрема за Сигнална Комуникација") е првиот комуникациски сателит поставен во орбита околу Земјата.

Лансиран: 18 декември 1958 во 23:02 по Гринич, од Кејп Каневерал со Aтлас.
Орбита: 183 km x 1,481 km x 32.3° x 101.5 min.
Испаднат од орбита: 21 јануари 1959.


Карактеристики и мисија[уреди | уреди извор]

SCORE беше вештачки сaтелит лансиран од страна на армијата на САД и претставуваше 24 метри долг Атлас проектил 3 метри во дијаметар, којшто служеше како платформа за експериментирање со комуникацискиот релеј. Телото на леталото служеше како антена. Сателитот требаше да ја одреди употребливоста на комуникацискиот систем на сателитот, и да ги испита можните проблеми со него. Тоа носеше снимач на лента којшто беше користен за да пренесе честитка за божиќ од претседателот Ајзенхауер. Ова беше првото пренесување на звук надвор од Земјата, и се случи на 18 декември 1958. Перформансите беа номинални, експериментот траеше 12 дена, додека сателитот беше во орбита 35 дена, што ги надмина очекувањата од 20 дена орбита.

Пораката на претседателот Ајзенхауер[уреди | уреди извор]

This is the President of the United States speaking. Through the marvels of scientific advance, my voice is coming to you via a satellite circling in outer space. My message is a simple one: Through this unique means I convey to you and all mankind, America's wish for peace on Earth and goodwill toward men everywhere.[1]

Превод:

Ви се обраќа претседателот на САД. Преку чудата на научниот развиток, мојот глас доаѓа до вас преку сателит којшто кружи во надворечната вселена. Мојата порака е проста: Преку овој иникатен начин сакам да ја пренесам до вас и до човештвото американската желба за мир на Земјата и добробит на луѓето насекаде.[2]

Цитати[уреди | уреди извор]

  1. SCORE - Астропедија, Кумановски Астрономски Клуб
  2. SCORE - Астропедија, Кумановски Астрономски Клуб

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

SCORE - Астрономски Клуб Куманово